Автор Тема: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?  (Прочитано 2895672 пати)

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3034
  • Слобода или смрт
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #22230 на: 26 Август 2025, 15:59:49 pm »
вчера возам навечер и тоа на S кривина кај што не се гледа од објект што доаѓа наваму, ама нема везе среќа возев со 10-15км/ч ако не и помалце бидејќи патот беше лош и дупки. Ѓупче детиште на мотор поголем од него поминува остро од негова лента и не прави лак туку право во мене. Најверојатно немаше контрола на моторот, нема друга причина за таков потег. За влакно не се удри во мене, среќа бев пребавен и си помина само право пред мене на милиметри. Не знам што сакаше да направи, ама успеа некако да застане на секунда, јас отварајќи прозор да му речам што прави дали има памет во главата не ни успеа прозорот да се спушти, детево изгуби контрола повторно и продолжи пак направо и се заби во ѕид. Не му се случи ништо посебно ни него ни на моторот ама сепак....

Не знам што да кажам повеќе, на човек да му се одмили во Бангладешов каде нема ни сообраќајна култура ни народот може да мисле со главата и што на деца му даваат мотори... и тротинеташи и точакџии и пешаци и се комплет со моторни возила се однесуваат како на ГТА Сан Андреас....

Низ аеродром редовно си поминуваат деца со мотори што собираат по коњтинериве. И со коњи исто. Бетер од бангладеш е сообраќајот. МВР очигледно ништо не работи и сигурно сега пред избори не смеат да таргетираат гласачкото тело на вемерето. А доволно е еден ден контрола и можат да исчистат 90 проценти од тоа.

Отсутен Makedons

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 403
  • Macedonia
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #22231 на: 26 Август 2025, 16:19:09 pm »
Зафатени се со работата од соништата изгледа







Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5345
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #22232 на: 02 Септември 2025, 12:53:06 pm »
Буквално секои неколку денови се дешваат вакви срања, најчесто со копиљаци. Тешки телесни повреди значи гарант без кочење со ~30-40км/ч директно го удрил дедото. На 84 години за стариот ова скоро сигурно е крај на приказната, тешко станување после ова.

Треба родителите сега на суд да ти даде фамилијата на дедото, да ги казнат за пример на сите други што безумно купуваат вакви срања и скутери на копиљаци, без да мислат дека вакви работи ќе се дешаваат кога на дете ќе дадеш нешто за што не е се дораснати.
Не може да биде ништо нормално во оваа држава, сѐ повеќе и повеќе глупости се дешаваат.

https://makfax.com.mk/crna-hronika/%D0%BC%D0%B0%D0%BB%D0%BE%D0%BB%D0%B5%D1%82%D0%BD%D0%B8%D0%BA-%D1%81%D0%BE-%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D0%BA%D1%82%D1%80%D0%B8%D1%87%D0%B5%D0%BD-%D1%82%D1%80%D0%BE%D1%82%D0%B8%D0%BD%D0%B5%D1%82-%D1%83%D0%B4/

Тешко повреден пешак на велосипедска патека во Скопје, во него удрил електричен тротинет.

Според информациите на МВР, на 31 август, во 17:10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Партизански одреди“ во Скопје, на велосипедската патека, електричен тротинет управуван од малолетник удрил во Р.Т.(84), двајцата од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле и малолетникот и пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8944
  • Пичлеме
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #22233 на: 02 Септември 2025, 12:56:41 pm »
Мислење за тротинетиве веќе имаме изградено дека се небезбедни, а и голем дел од тие што ги возат не се внимателни... Ама и пешаците се кабаетлии, цело време се шлаат по велосипедска патека и ич не внимаваат.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5345
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #22234 на: 02 Септември 2025, 12:58:17 pm »
велосипедска патека

Мислиш на тротоари кои ги користат и пешаците?
Велосипедска патека има само на кеј.

Последниве години кога поминувам тротоар, пардон „велосипедска патека“, гледам лево десно како улица да преминувам. И пак ми се дешаваат блиски разминувања со летечи камикази копиљаци на тротинети. Ако јас со релативно добри рефлекси и со пазење имам такви блиски ситуации, што правиме за стари луѓе и мали деца?
Скроз треба тротинетите да се ограничат на испод 10км/ч во фирвер. Пошто копиљаците нема кој да ги воспитува.

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1718
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #22235 на: 02 Септември 2025, 13:06:36 pm »
велосипедска патека

Мислиш на тротоари кои ги користат и пешаците?
Велосипедска патека има само на кеј.

Велосипедска патека има и на цела Партизанска, Илинденска и многу други, но исто така и постојките за автобуси излагаат директ на велосипедска, така да не мора да значи дека дедово шетал по велосипедска.

Инаку, децава се за сериозно тепање. Пред некој ден одам по тротоарот на Љубљанска покрај Сити Мол, и како што узминувам други луѓе од лева страна за малку не ме собра тинејџер не постар од 14-15 години со точак од зад мене, и како што се спремам да му кажам „Извини“ од култура, не дека јас бев крив, ми вика „Па гледај кај одиш“. Не дека на истата улица има одделена лента кај што може да вози, а и да нема по пропис треба да вози на коловозна од десна страна, не на тротоар кој е ионака тесен. Истите тие за 4-5 години со истиот мозок ќе возат автомобили, и после ќе биде сообраќајот таков каков што е.

За тие што на Партизанска возат точак на тротоар при велосипедска лента достапна нема ни да коментирам...

Отсутен Makedons

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 403
  • Macedonia
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #22236 на: 02 Септември 2025, 13:19:34 pm »
+1 за погоре кажаното од Андреј.

Ако сме согласни дека тоа се случува и на булевари и улици со поокеј тротоари, а потоа земиме в предвид што се случува во населбите каде нема ни обележани велосипедски патеки или тротоари, Чаир да не го ни спомнувам... не знам, секој ден лото да не наметниш некој или да не бидиш самиот наметнат.

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7214
  • French diamond
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #22237 на: 02 Септември 2025, 13:45:01 pm »
Уште вакви срања замислете во Скопје ви фалат



Копиљаците возат по улица како кола, ама ако има гужва одма бегат на велосипедска патека. Кој улав влегва во ваква самоубиствена капсула..

Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3134
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #22238 на: 02 Септември 2025, 13:50:40 pm »
велосипедска патека

Мислиш на тротоари кои ги користат и пешаците?
Велосипедска патека има само на кеј.

Велосипедска патека има и на цела Партизанска, Илинденска и многу други, но исто така и постојките за автобуси излагаат директ на велосипедска, така да не мора да значи дека дедово шетал по велосипедска.

Инаку, децава се за сериозно тепање. Пред некој ден одам по тротоарот на Љубљанска покрај Сити Мол, и како што узминувам други луѓе од лева страна за малку не ме собра тинејџер не постар од 14-15 години со точак од зад мене, и како што се спремам да му кажам „Извини“ од култура, не дека јас бев крив, ми вика „Па гледај кај одиш“. Не дека на истата улица има одделена лента кај што може да вози, а и да нема по пропис треба да вози на коловозна од десна страна, не на тротоар кој е ионака тесен. Истите тие за 4-5 години со истиот мозок ќе возат автомобили, и после ќе биде сообраќајот таков каков што е.

За тие што на Партизанска возат точак на тротоар при велосипедска лента достапна нема ни да коментирам...
Биди среќен што не си натепан од банда собрани тинејџери. Сè почесто среќавам млади деца од 10 до 15 години на изглед пристојни, средени, од домаќински фамилии, ама какви деликвенти, мајко мила. Сè прават за тие виртуелни TikTok експерименти. Не смееш ништо да им кажеш, очи ќе ти извадат – а и родителите, дури и да сакаш да помогнеш. Чест на исклучоци, секако. Како што велат, оној што нема деца, најбргу гледа колку туѓите растат. Не ги кривам родителите, не можат 24 часа да бидат со нив, ама вака визуелно, кој би рекол дека се толку некултурни и деликвентни. Така да, друже, седи си мирен, за да не бидеш модар и да не испаднеш во некој експеримент за тикток. :D

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8944
  • Пичлеме
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #22239 на: 02 Септември 2025, 14:22:40 pm »
велосипедска патека

Мислиш на тротоари кои ги користат и пешаците?
Велосипедска патека има само на кеј.

Последниве години кога поминувам тротоар, пардон „велосипедска патека“, гледам лево десно како улица да преминувам. И пак ми се дешаваат блиски разминувања со летечи камикази копиљаци на тротинети. Ако јас со релативно добри рефлекси и со пазење имам такви блиски ситуации, што правиме за стари луѓе и мали деца?
Скроз треба тротинетите да се ограничат на испод 10км/ч во фирвер. Пошто копиљаците нема кој да ги воспитува.
Конкретно мислев на велосипедските патеки, ете пример на Партизанска, има широки тротоари (кај шо се возат со точаци како што е спомнато погоре), ама еден куп пешаци се движат по обележана велосипедска, на средина.

Ова ми е од искуството од 4 пати со точак од Влае до Центар и обратно... Толку сум возел низ град точак :)

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5345
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #22240 на: 05 Септември 2025, 16:04:10 pm »
@Ipkisija Meskosa

Баш тука од Влае преку мост Обединети Нации кога влегуваш во Карпош, пешачкиот дел од Партизанска е зафатен со паркирани автомобили залепени скоро до новите згради). На другиот дел од пешачката патека постојано поминуваат аута. Тротоарот е велосипедска стаза... Каде да поминеш за да дојдеш на другата страна од Партизанска?
Опција 1, да преминеш преку булеварот на необележан пешаки премин. Опција два, да играш Frogger преку пешачката патека со автомобили и паркирани автомобили. Опција 3, да идеш по тротоар и да ризикуваш електрични тротинети кои се движат по 30-40 км/ч.

Не е само тоа.
Паркираш да се симне сопатник на Партизанска (на пример). Се вртиш лево десно, нема никој блиску по велосипедска патека... Отвараш врата наеднаш се залепува камиказа со тротинет што лета со 30-40 км/ч.
Или вртиш од булевар лево преку пешачки и неднаш ти излетува камиказа со тротинет што лета со 30-40 км/ч.

Или имаш 85 години, и стапнуваш на тротоар за да преминеш улица на пешечки премин. Ама имаш послаб вид па си видел камиказа со тротинет што лета со 30-40 км/ч, пошто во моментот кога си погледал бил предалеку за да го видиш.


Ова се само мал дел можни ситуации кои покажуваат дека огромен дел од проблемот се камиказите со тротинет што лета со 30-40 км/ч по места во основа се тротоари ама кои некој заради политички поени ги преименувал во „велосипедски патеки“. Затоа кажувам дека во Скопје освен на Кеј и нема вистински велосипедски патеки. И затоа кажувам дека треба во фирмвер да бидат ограничени на под 10 км/ч.

Ako уште не се разбираме, еве слики со пример што уствари е велосипедска патека но биди сигурен дека дури ни таму не возат со тротинети по 30-40 км/ч на овие патеки:





Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8890
  • Малерозен дрводарец
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #22241 на: 05 Септември 2025, 16:37:57 pm »
Боже мили, колку глупав велосипед, а колку убава жена.

Ванка, денот ми го направи, ти благодарам.

--------------------------------

Инаку, да - проблемот секогаш е во брзината.

На зона 30, во тесни споредни улици каде автомобилите "се влечат" со 10 за да поминат пешаци - БАШ тука пролетуваат тротинетџииве.
Ова е за Кисела Вода, за други населби не знам.
А и не верувам дека луѓето имаат различен ментален склоп врз основа на географската одредница.
Министерство за транс, поп и виски.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5345
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #22242 на: 05 Септември 2025, 19:11:23 pm »
Што му фали на точакот, градски точак нема роуд бајк да вози наведната... Плавушата ти фати око? ;)

Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3134
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #22243 на: 06 Септември 2025, 23:13:27 pm »
 ;D

Отсутен Prof. Greenthumb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4042
  • MadaFunker
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #22244 на: 10 Септември 2025, 08:18:11 am »
Баш за смеење е..со тротинет влетал во деца.
New blood of old school