Автор Тема: -МАКПЛИН-СВЕЌИЦИ ЗА ВОЗИЛА ДЕНСО  (Прочитано 41078 пати)

Отсутен MAKPLIN

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 258
-МАКПЛИН-СВЕЌИЦИ ЗА ВОЗИЛА ДЕНСО
« на: 26 Февруари 2012, 09:29:09 am »
Со гордост сакаме да ве информираме дека МАКПЛИН после неколку месечни преговори со ДЕНСО, стана официјален дистрибутер на Јапонскиот бренд  ДЕНСО.

Со децении ДЕНСО свекиците имале силна репутација за иновации и квалитет.
ДЕНСО ги има следниве типови на свекици: : Standard, Platinium, Twin Tip (TT), Super Ignition (SIP), Iridium Power, Iridium Tough, Iridium CoGen, Iridium Racing и Iridium Tough – LPG.

КАРАКТЕРИСТИКИ:

ДЕНСО Стандардна свеќица:



- технологија U жлебЧ овозможува подобра потрошувачка на гориво, ефикасно согорување,помала емисија и одлична издржливост
- обвивка од никел: нуди отпорност на топлина (1400 С )
- состав од бакар и стакло во внатрешноста: помага во дисипација на топлината
- Широк спектар на топлина: го постигнува најдобриот топлински спектар на покриеност од било кој бренд.

ДЕНСО Платиниумска свеќица:



- 1,1мм платиниумска централна електрода и платиниумска заземјувачка електрода (пипак): обезбедуваат оптимални перформанис
- супериорна отпорност на ерозија и корозија: овозможува работа до 100.000 км
- посилна искра: полесно стартување, подобро забрзување и подобра ефикасност на согорувањето
- бара помала волтажа за да ја запали мешавината на воздух/гориво: енергетска ефикасност

ДЕНСО Iridium Tough свеќица:



- патентирана 0,4мм иридиумска технологија: подобро палење и перформанси на моторот, намалување на потрошувачката на гориво и издувните гасови
- технологија на високи перформанси: го продолжува животниот век на свеќицата и забрзувањето на возилото
- намалување на потрошувачката: до 5% намалена потрошувачка во однос на стандардните свеќици
- трајност: екстра долг животен век и сервисни интервали
- се препорачува кај возила со ЛПГ

ДЕНСО Twin Tip (TT) свеќица:



- единствена свеќица со Twin Tip технологија: висок квалитет, високи перформанси
- првпат дизајнирана во светот: прва свеќица која овозможува високи перформанси без скапи благородни метали
- тенок пипак со 1,5мм електрода и централна електрода од 1,1мм: подобро запалување од стандардните свеќици
- ја намалува потрошувачката на гориво и издувните гасови
- интелегентен дизајн: ја подобрува потрошувачката на гориво
- подобрени перформанси за палење: за сигурен ладен старт и мирно работење на моторот
- свеќица со најниска цена за перформансите што ги добивате

ДЕНСО SIP свеќица:



- единствена OE SIP (original equipment) технологија: пионер во технологијата на свеќици
- две ултра-фини, многу издржливи централна и заземјувачка ( пипак ) електрода: произведуваат исклучителна искра и перформанси
- иридиумска/платиниумска електрода: обезбедува долг животен век на свеќицата до 100.000 км
- подобра запалливост: намалена потрошувачка на гориво до 5% во споредба со стандардните свеќици
- подобра ефикасност на моторот: ја зголемува силата на моторот за 4% во споредба со стандардните свеќици
- намалена емисија на CO2: помогнува во исполнувањето на законите за постојано намалување на емисијата на гасовите
- трајност: обезбедува долг работен век
- OE (original equipment) избор: избрана како оригинална опрема (OE) од страна на глобалните производители на автомобили
« Последно менување: 26 Февруари 2012, 11:31:34 am MAKPLIN »

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: -МАКПЛИН-СВЕЌИЦИ ЗА ВОЗИЛА ДЕНСО
« Одговори #1 на: 26 Февруари 2012, 09:45:22 am »
Ме интересира цена за ДЕНСО Twin Tip комплет за Тwin Spark.

Отсутен MAKPLIN

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 258
Одг: -МАКПЛИН-СВЕЌИЦИ ЗА ВОЗИЛА ДЕНСО
« Одговори #2 на: 26 Февруари 2012, 10:53:09 am »
Ме интересира цена за ДЕНСО Twin Tip комплет за Тwin Spark.
Здраво,

Twin tip свеќиците ќе ни пристигнат за отприлика 2 месеци. Ние ги имавме нарачано и сега, меѓутоа поради огромната побарувачка на Twin tip свеќиците ДЕНСО не беа во можност да ни ги испорачаат во оваа нарачка.
Точната цена можам да ја кажам кога ние ќе ги имаме на залиха, иначе приближна цена колку да имаш орентација е околу 300 денари за парче.

Поздрав

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: -МАКПЛИН-СВЕЌИЦИ ЗА ВОЗИЛА ДЕНСО
« Одговори #3 на: 26 Февруари 2012, 11:09:20 am »
Одлична цена, но ипак провери дали се за Тwin Spark.

Отсутен MAKPLIN

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 258
Одг: -МАКПЛИН-СВЕЌИЦИ ЗА ВОЗИЛА ДЕНСО
« Одговори #4 на: 26 Февруари 2012, 11:19:18 am »
Одлична цена, но ипак провери дали се за Тwin Spark.

Да за Twin Spark се. Те молам само кажи ми го моделот на твоето воизло, колку кубика,колку киловати и која година е.

Отсутен cupra 2

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 560
Одг: -МАКПЛИН-СВЕЌИЦИ ЗА ВОЗИЛА ДЕНСО
« Одговори #5 на: 26 Февруари 2012, 11:26:57 am »
здраво ме интересира за 2.0 16в vw koja од иридиумските денсо би ми ја препорацале како најдобра и од прилика груба цена за една поздрав
:D :D :D

Отсутен MAKPLIN

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 258
Одг: -МАКПЛИН-СВЕЌИЦИ ЗА ВОЗИЛА ДЕНСО
« Одговори #6 на: 26 Февруари 2012, 11:28:22 am »
здраво ме интересира за 2.0 16в vw koja од иридиумските денсо би ми ја препорацале како најдобра и од прилика груба цена за една поздрав
Кажи ми го моделот на возилото, која година и колку киловати.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: -МАКПЛИН-СВЕЌИЦИ ЗА ВОЗИЛА ДЕНСО
« Одговори #7 на: 26 Февруари 2012, 11:32:00 am »
Макплин, ве молам да ги погледнете правилата на форумот, особено правилото за пишување со големи букви (#16) како и правилото за цитирање при одговарање (#19).

Отсутен MAKPLIN

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 258
Одг: -МАКПЛИН-СВЕЌИЦИ ЗА ВОЗИЛА ДЕНСО
« Одговори #8 на: 26 Февруари 2012, 11:35:09 am »
Во ред, фала за забелешките.

Поздрав

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: -МАКПЛИН-СВЕЌИЦИ ЗА ВОЗИЛА ДЕНСО
« Одговори #9 на: 26 Февруари 2012, 12:05:09 pm »
Alfa 155 2.0 T.S 16v 110kw 1995 година. Ми треба комплет од 8 свеќици.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: -МАКПЛИН-СВЕЌИЦИ ЗА ВОЗИЛА ДЕНСО
« Одговори #10 на: 26 Февруари 2012, 12:51:41 pm »
Која е замената за NGK ZFR5FIX-11 на Denso ? Ве молам и за цена! Инаку се работи за Опел Астра Х 1.4 16В 90КС 2008 год.

Едит: Сега видов дека замената е IK16. Која е цената за овие и која воопшто е најдобра свеќица од програмата на Денсо (без обзир на цената), а да е еквивалент на IK16 по карактеристики (можда SIP или ...)  ? ? ?
« Последно менување: 26 Февруари 2012, 13:16:09 pm djidji »

Отсутен MAKPLIN

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 258
Одг: -МАКПЛИН-СВЕЌИЦИ ЗА ВОЗИЛА ДЕНСО
« Одговори #11 на: 26 Февруари 2012, 13:30:33 pm »
За Алфа 155 2.0 T.S. 16 вентили, 110 киловати од 1995 година, Денсо ги има следниве свеќици:

Twin tip - K20TT - околу 300 денари
Platinium - PK20PR-P8 - 1.080 денари парче
Iridium tough - VK20Y -  1.200 денари

Поздрав

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8534
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: -МАКПЛИН-СВЕЌИЦИ ЗА ВОЗИЛА ДЕНСО
« Одговори #12 на: 26 Февруари 2012, 13:43:40 pm »
Врти сучи за алфа 1200 ден. од свеќица не ни бега.

Имали користено некој за ТС, Twin tip - K20TT? И дали се покажале добро?

Отсутен MAKPLIN

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 258
Одг: -МАКПЛИН-СВЕЌИЦИ ЗА ВОЗИЛА ДЕНСО
« Одговори #13 на: 26 Февруари 2012, 13:45:37 pm »
За Опел Астра Х 1.4 16В 90КС 2008 год.,  Денсо ги има следниве свеќици:

Standard- KJ16CR-L11- 310 денари парче
Twin tip - K16TT - околу 300 денари парче ( ја немаме моментално на лагер )
Iridium Power - IK16 - 1.100 денари парче
Iridium tough - VK16 - 1.200 денари парче

Најквалитетни се СИП свеќиците, меѓутоа и најскапи. Поради тоа во оваа нарачка не земавме од нив, во следната за 2 месеца сигурно ќе имаме и од нив.
После СИП свеќиците следни по квалитет се Иридиумските свеќици (Iridium tough) кои се long life (до 100.000 км).

Поздрав

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: -МАКПЛИН-СВЕЌИЦИ ЗА ВОЗИЛА ДЕНСО
« Одговори #14 на: 26 Февруари 2012, 13:52:03 pm »
На колку мењате свеќици? И какви треба за Поло 1.2 12V?