Со панелен ќе добиеш минимално подобра аспирација, што пред се зависи и од кутијата во која е сместен. Друга придобвика е што немораш да го менуваш со секое уље, туку само ќе го чистиш на 50000.
Со печуркта ќе добиеш значително подобрена аспирација, но дали моторот ќе има бенефит од тоа е прашање. Со печурката ќе ти се промени и звукот на моторот и ќе ти брмчи погласно. Исто промена нема, чистењето е на 50000-60000. Кај мене со промената се осеќа разлика при притискање на педалата, поубаво прима возилото. Исто имам чувство дека е помоќно при мало притискање на гас. При максимум гас (газење до даска) се добиваат 4-5% подобри времиња на меѓузабрзување. Во секој случај, како што кажав придобивките зависат од моторот. Кај мене фабричката кутија, како што велат по странските форуми за мазда, е многу рестриктивна. Па така има поголемо фајде од печурката. Во секој случај немој да очекуваш драматични разлики. Се работи само за нијанса, а можда и да немаш никаква разлика.
Во Скопје имаш препродавачи и не би ти препорачал на некој да му го наполниш џебот. Јас мојот го порачав од e-bay. Исто така дечки од форумов посочија директен увозник од Нови Сад. Ѕирни на темава:
http://www.carclub.mk/index.php/topic,17.30.html. e-mail од дилерите: knfilters.deltad@gmail.com