Автор Тема: Основна форумска култура.  (Прочитано 50660 пати)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Основна форумска култура.
« на: 12 Февруари 2012, 11:42:43 am »
Бидејќи трубам по постови и по приватни пораки веќе некое време, и упорно не се прифаќаат некои работи, ќе ги нагласам пак, а ќе ги додадам и во листата на правила на форумот.

Цитирање
Кога одговарате на некого, нема потреба од цитирање ако одговарате веднаш по постот. Ако одговарате после неколку постови, можете или да цитирате, или да напишете @тојитој. Нема потреба да цитирате ако на пост од 20 реда одговарате со 2 реда текст. Полесно е да напишете @тојитој или да го цитирате само релевантниот дел од постот.

Дупло постирање
Иако ова е дел од правилата, не верувам дека правилата некој ги чита. Ако сакате да одговорите на повеќе луѓе или да цитирате повеќе постови, можете да го направите тоа во еден пост. Нема потреба од пет различни постови. Ќе разберам дека ваква грешка прават нови луѓе на форумот, ама не би го очекувал од ветераните на форумов.

Back-seat модерирање
Ако сметате дека некој пост или тема не е во ред, можете да ја пријавите. Коментарите од типот на „јас мислам дека ова треба да се избрише“ се непотребни. Јас и останатите модератори ги читаме сите постови и теми на форумот, и иако може да ни се случи да ни кидне нешто, воглавно следиме што се случува.

Приватни муабети во јавни теми
Муабети од типот „еј, абе каде учиш, го знаеш ли овој или оној“ не се потребни во јавни постови, па уште бетер ако тераат оф-топик во постови во кои што не припаѓаат. За такви постови ја имате Рекла-Казала темата, а уште подобро имате приватни пораки.

Обраќање на членовите по име
Сите имаме надимаци тука кои што сме си ги избрале, и ни даваат одредена доза на анонимност, барем пред луѓето кои го читаат форумот а не се редовни, и не ги знаеме од собири и дружења. Можеби некој не сака да го викате по име јавно, кога веќе си има избрано надимак. Пред да му се обратите на некого по име, прашајте по ПП дали може да му се обратите по име јавно.

Благодарам за вниманието.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7274
Одг: Основна форумска култура.
« Одговори #1 на: 12 Февруари 2012, 12:02:59 pm »
Бидејќи трубам по постови и по приватни пораки веќе некое време, и упорно не се прифаќаат некои работи, ќе ги нагласам пак, а ќе ги додадам и во листата на правила на форумот.

Дупло постирање
Иако ова е дел од правилата, не верувам дека правилата некој ги чита. Ако сакате да одговорите на повеќе луѓе или да цитирате повеќе постови, можете да го направите тоа во еден пост. Нема потреба од пет различни постови. Ќе разберам дека ваква грешка прават нови луѓе на форумот, ама не би го очекувал од ветераните на форумов.


Благодарам за вниманието.

Мислам дека порано требаше ова се напише ...

Како и да е, вчера забележав на еден форум дека автоматски ги спојува пост под пост од ист корисник... има шанса на овој формат од форумот да се направи такво нешто, верувам дека ке ти заштеди и време и нерви...

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Основна форумска култура.
« Одговори #2 на: 12 Февруари 2012, 13:05:17 pm »
Правилото за дупло постирање веќе постои во листата на правила на форумот, ама кој да ги чита. Интересна идеја за автоматско спојување, ќе разгледам, фала!

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54983
  • Махер
Одг: Основна форумска култура.
« Одговори #3 на: 12 Февруари 2012, 13:06:08 pm »
А нешто за лажење и тролање, нема? Или да си ги јадеме шпагетите со изворска превриена?

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7274
Одг: Основна форумска култура.
« Одговори #4 на: 12 Февруари 2012, 13:20:57 pm »
@Zero, мислев на целиот текст, не сакав да го цитирам целиот, затоа и го оставив делот со двојно постирање кон идејата за автоматско спојување... :)

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6128
  • 69
Одг: Основна форумска култура.
« Одговори #5 на: 12 Февруари 2012, 13:41:46 pm »
@zeroSignal

Респекат.
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Основна форумска култура.
« Одговори #6 на: 12 Февруари 2012, 13:48:59 pm »
@SaleSk


Респекат ;D

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Основна форумска култура.
« Одговори #7 на: 12 Февруари 2012, 14:03:55 pm »
Зеро, најубаво да се полага испит за зачленување ;D . Ова 90% не го читаат, за double posting пред една година кажа ама гледам ретко кој го почитува.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Основна форумска култура.
« Одговори #8 на: 12 Февруари 2012, 16:21:14 pm »
Има ли можност новиот член пред да се регистрира да мора прво да ја отвори листата со правила на форумот како мандатори, па да се претстави во темата предвидена за тоа, сепак поозбилно делува така (мислев коа ќе сака да се регистрира да му се појават линкови прво до правилата, па после и до welcome страната и предлог за објава во гаража) ... ?

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Основна форумска култура.
« Одговори #9 на: 12 Февруари 2012, 20:43:18 pm »
Ги ставив правилата пред регистрација, секој ќе мора да ги види. Одамна планирав, Џиџи ме потсети, фала!

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8532
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: Основна форумска култура.
« Одговори #10 на: 12 Февруари 2012, 22:53:09 pm »
Пак нема да ги читаат, нема шанси да успее да натераш нови членови да се замараат со правила. На никој не му успеало.

Ќе мора почесто да се предупредува, и нормално, да се има трпеливост према нај новите членови.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54983
  • Махер
Одг: Основна форумска култура.
« Одговори #11 на: 13 Февруари 2012, 00:05:25 am »
Трпение, спасение.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7274
Одг: Основна форумска култура.
« Одговори #12 на: 13 Февруари 2012, 04:22:57 am »
Пак нема да ги читаат, нема шанси да успее да натераш нови членови да се замараат со правила. На никој не му успеало.

Ќе мора почесто да се предупредува, и нормално, да се има трпеливост према нај новите членови.

 :D


Отсутен Лавче-156

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 186
Одг: Основна форумска култура.
« Одговори #13 на: 05 Мај 2012, 01:56:19 am »
хаха ова најмногу важи за мене , ја мислам колку што имам грешки напраено на форумот никој нема  ;D
сериозно не дека не прочитав ама се набрзина отворам и праам грешки .

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Основна форумска култура.
« Одговори #14 на: 17 Октомври 2012, 08:47:02 am »
Пак нема да ги читаат, нема шанси да успее да натераш нови членови да се замараат со правила. На никој не му успеало.

Ќе мора почесто да се предупредува, и нормално, да се има трпеливост према нај новите членови.
ќе успее ама после првата опомена... во принцип функционира така што ке му кажеш дека го направил ТОА И ТОА и се согласил дека нема да го прави кога се зачленувал со кликање на копето СЕ СОГЛАСУВАМ...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време