4х4 кај караван или голема лимузина има многу подобри возни својства и на асфалтиран пат споредено со преден погон а за заден да не правиме муабет.
Дека можеш да ја извозиш цела Македонија и со погон на едно тркало, тоа не е спорно, муабетот е што е побезбедно и подолготрајно.
Еден караван со 4х4 (или лимузина) не само што ќе имаш подобра тракција при услови на дожд на асфалтиран пат, туку ќе можеш без никакво размислување да одиш на места каде друг со преден погон би се замислил. Маврово, викендичка, планина, снег...Со 4х4 немаш никакво гајле.
Дури и компакт класата со 4х4 - Голф, Ауди а4 со 4мотион или кватро итн се многу побезбедни него обичните.