Да ја претставам и другата моја кола, претежно ја вози татко ми, но понекогаш ја возам и јас кога имам потреба од кола со повеќе од две седишта, а и полесна е за возење низ град отколку кангуто. Еве нешто и за колата.
Renault Clio прва генерација
зафатнина 1.2 Energy мотор со 43 kw
прозиведена 1995 година, во моја сопственост од 2001 година
досега поминати 150 000 километри
Посериозни дефекти досега немала колата, освен редовното промена на каиши, лагери зглобови, спони и слични потрошни делови.
За кола со 150 000 километри се држи одлично, моторот е еластичен исто како и кога ја купивме, не троши воопшто масло и засега нема сомнителни чадови низ ауспухот.
Планови за оваа кола некој поголеми немам, освен да ја одржувам во добра состојба, пред се ја вози татко ми, а и нема баш некоја основа за инвестирање во неа. Еве и некоја слика