некој да не се сретнал со проблемов или знае што е
...?
Скоро сигурно е хардверски проблем. И не мора да е хард дискот, може било што да биде.
Како што напишаа погоре, почни од меморијата, истестирај ја 24часа со memtest. Процесор/плоча е следно, десетина саати со Prime95 (torture test, тестирај со CPU only сетинг). Следно е да го истестираш хард дискот, истестирај со HDD Scan по едно цело вртење со read и потоа со verify surface scan. Ако испадне дека е дискот, има мала шанса да продолжиш да го употребуваш уште некое време ако оштетувањето е концентрирано во една локација (и ако ја изолираш таа локација во неискористен простор од дискот). Местоположбата на лошите сектори можеш да ја видиш со HD Tune (после направен Error Scan).
Скоро сите овие алатки (освен можеби со исклучок на Prime95) ги има во колекицјата на Hiren's Boot CD, со него воедно можеш да подигнеш и live варијанта од WinPE директно од USB.
А ако ништо не разбра од ова, тогаш повикај пријател (или фрли се на читање упатства за спомнативе работи).

П.С. може и напојувањето да е проблем, не е лошо да се измерат напоните со волтметар (директно додека се подига системот).