Прво, многу важно е да инсталираш официјална, нечачкана верзија на оперативниот систем. Тоа значи без прекракувани глупости, оптимизации чуда црни магии.
Втор чекор е да видиш точно каков хардвер имаш и да почнеш да бараш дарајвери за тој хардвер за верзијата на оперативниот систем што си го инсталирал од официјалните страници на производителот на хардверот.
Ова не е многу тешко, ама ако си тапа како што се претстави може ќе треба да повикаш помош од некој што се разбира.
Универзални драјвери не постојат, ама има некои алатки што шетаат по нетов, што се фалат дека автоматски ќе најдат драјвери за твојот компјутер со еден клик. Но тоа ми е малце сомнителна работа, такви неофицијални алатки можат и автоматски да ти го заразат компјутерот така да не сум експериментирал со нив.
Штом не сакале да се инсталираат некои од драјверите што си ги имал на CD, значи си ставил друга верзија на оперативен систем, за која немало направено драјвери на времето кога си го купувал.