сепак латенцијата е побитна од брзината, а сите знаеме дека на почетокот ќе бидат 40% поскапи ддр4 од ддр3
Исто размислувам и јас. 
Напротив. Се очекува да бидат многу поевтини. Исто како што DDR3 беше многу поевтина од DDR2 која беше многу поевтина од DDR која беше многу поевтина од SDR меморијата. Ова не е толку поврзано со DDR4 колку што е поврзано со напредокот на производниот процес што овозможува многу поголема густина на меморијата. Како што сега мејнстрим е 4GB, со DDR4 тоа ќе биде 8GB за иста, а можеби и помала цена.
Латенцијата нема многу да се зголеми, ете ви го графикот. Најбавната DDR4-ка ќе биде за нијанса полоша од најдобрата DDR3-ка, ама појаките модели ќе имаат повисока фреквенција и ќе надокнадат.
Да не го заборавиме и намалувањето на потрошувачката на енергија што е многу важно за преносните системи.