Сум имал и Thermaltake (поточно Тsunami Dream) и Antec 1200. Тхермалтаке-от си е добро во својата класа, но не се споредува со Антекот во никој аспект. Јас да, го платив еден тон пари тоа Антекот и сметам дека воопшто не сум се заебал, ама има многу место, безпрекорно ладење, многу добра изработка, чувството е дека е многу цврсто. Наполнето куќиште мислам дека тежи доста, сигурно околу 15кг. Coolermaster HAF 932 е за споредба со ова, по перформанси можеби се тука но незнам за квалитет и изработка - мислам дека Антекот е далеку во водство.
Кај плочите, за мене Gigabyte e пред сите, последните три ПЦ-а сменав од МСИ (K8N Diamond), па Гигабајт (X48-DS4), па Асус (P6T Deluxe V2) сега. Сите се тука некаде по впечатокот кој ми го оставиле, но сепак Гигабајт би ги ставил над другите 2.
Лично имам Гигабајт напојување (Оdin Pro 800W) и фала богу, 4 години да не го почудам, ту ту машала. Но кога би купувал сега би купил Coolermaster GX 750.
Другар мој сега порача
I7 2600
MSI Z68 G43(B3)
4GB RAM DDR3 1600MHz (Мислам 1600), (2 x 2)
GTX 560
Coolermaster RC600
Hitachi 500GB
PSU заборавив што точно, не е лошо, не е нај нај.
~45 000 ден