Автор Тема: Како се справувате со снегот ?  (Прочитано 383034 пати)

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Како се справувате со снегот ?
« Одговори #1035 на: 11 Јануари 2013, 19:39:13 pm »
Тие денови кога е -25, -28 и ти треба ептен колата, а притоа ти замрзнал антифризот, пак ќе се водиш по просекот?
Или ќе речеш, требаше да ставам за -40, како ќе отидам сега до болница (недај боже).
 

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Како се справувате со снегот ?
« Одговори #1036 на: 11 Јануари 2013, 19:40:58 pm »
Тие денови кога е -25, -28 и ти треба ептен колата, а притоа ти замрзнал антифризот, пак ќе се водиш по просекот?
Или ќе речеш, требаше да ставам за -40, како ќе отидам сега до болница (недај боже).

само сакам да кажам дека тоа што понекогаш темпрературата паѓа до -30 тоа не ја прави нормална температура. Ништо друго. Нормална температура е таа што е типична, што се јавува често, а не понекогаш.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14385
  • Пудингот на шоферството
Одг: Како се справувате со снегот ?
« Одговори #1037 на: 11 Јануари 2013, 19:41:51 pm »
Филип,просечна е сосема друга работа,значи може да биди 10 дена -30,другите 20 дена да бидат -1...И сеа ти ке речеш дека не фатило -30 пошо на некоја веб страна просечната ја кажува -3 степени.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Како се справувате со снегот ?
« Одговори #1038 на: 11 Јануари 2013, 19:43:37 pm »
Просечна и минимална не е исто.Просечна е просечна,минимална е минимална,крај на муабетот.Значи во Битола паѓала и до -30 степени и мене мие нормално тоа.

:-)

уште еднаш: имаш просечна максимална во даден период и просечна минимална во даден период.

Како може да ти е нормална температура која се јавува во два-три наврати на неколку години?

Или за два три пути шо ќе возиш на снег да тураш зимски гуми, седи бе. За тие пари у комбинација со летниот буџет ќе си возиш увек нови летни чии перформанси и карактеристики ќе ти бидат битни 9 месеци од годината.

Зашто да го орграничуваш и така веќе ограничениот буџет за нешто што ќе ти притреба два до три пути годишно, ( три пати у ситуација ако идеш на планина, али увек постои опција ланец)

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Како се справувате со снегот ?
« Одговори #1039 на: 11 Јануари 2013, 19:47:19 pm »
Филип,просечна е сосема друга работа,значи може да биди 10 дена -30,другите 20 дена да бидат -1...И сеа ти ке речеш дека не фатило -30 пошо на некоја веб страна просечната ја кажува -3 степени.

Сите метеоролози разликуваат просечна максимална и просечна минимална температура. Стварно не разбирам што не разбираш.

Денес преку ден е 4, ноќе -2. Утре преку ден е 5, ноќе -1. Задутре  преку ден е 3, ноќе -3. Ако ги земеме денските температури и од нив извадиме просек, добиваме просечна масксимална.

Нормална температура е просечната. Преку ден, нормална температура е просечната дневна. Ноќе, нормална температура е просечната минимална.

Може те буни ем просечна ем минимална. Наместо „минимална“ наречи ја „ниска“.

Ама -30 не е нормална во никој случај.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Како се справувате со снегот ?
« Одговори #1040 на: 11 Јануари 2013, 19:49:48 pm »
Или за два три пути шо ќе возиш на снег да тураш зимски гуми, седи бе. За тие пари у комбинација со летниот буџет ќе си возиш увек нови летни чии перформанси и карактеристики ќе ти бидат битни 9 месеци од годината.

Зимски гуми не се само за на снег. Зимски гуми се за сите услови кога температурата е 7 степени или помалку.

Комбинација од зимски+летни кумулативно ќе трае повеќе отколку само летни, така да е поисплатливо отколку само летни.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Како се справувате со снегот ?
« Одговори #1041 на: 11 Јануари 2013, 19:52:44 pm »
Кумулатив се пресметуе кога сите фактори се оптимални.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Како се справувате со снегот ?
« Одговори #1042 на: 11 Јануари 2013, 19:56:40 pm »
Кумулатив се пресметуе кога сите фактори се оптимални.

ајде да речеме дека те разбирам што сакаш да кажеш.

летната гума на сув, чист но студен асфалт се троши побрзо од зимската гума бидејќи се стврднува и се рони. Па така, ако цело време возиш со летни, на крај поише пари за гуми ќе дадеш. Дури и да игнорираме такви небитни ефемерни глупости како безбедност, должина на пат на кочење и слични бесмислици, поисплатливо е да се има еден сет летни и еден сет зимски гуми. Па макар никад не паднала ни една снегулка.


Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Како се справувате со снегот ?
« Одговори #1043 на: 11 Јануари 2013, 19:58:27 pm »
Гума која се стврднуе не се рони, тоа важи за гума која омекнуе.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Како се справувате со снегот ?
« Одговори #1044 на: 11 Јануари 2013, 19:59:43 pm »
Гума која се стврднуе не се рони, тоа важи за гума која омекнуе.

ова е онака, по твое, или си го прочитал некаде?

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Како се справувате со снегот ?
« Одговори #1045 на: 11 Јануари 2013, 20:03:52 pm »
Од искуство.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Како се справувате со снегот ?
« Одговори #1046 на: 11 Јануари 2013, 20:08:42 pm »
Од искуство.

ок. сподели го со нас искуството да видиме за што зборуваш. објасни.

после изгледај го филмчево:

http://www.youtube.com/watch?v=clSC7APitaQ

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14385
  • Пудингот на шоферството
Одг: Како се справувате со снегот ?
« Одговори #1047 на: 11 Јануари 2013, 20:33:50 pm »
Не знам оти ти не разбираш.Дали за тебе е нормално ако акумулаторот е празен(тотално) возилото да не запали?Ако одговорот е Да,тогаш и мене мие нормално во Битола да падни до -30.Пошо се спуштала до толку температурата.
Е сеа,мене не ме интересира дефиниција за просечна минимална,просечна максимална или само просечна температура.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6670
Одг: Како се справувате со снегот ?
« Одговори #1048 на: 11 Јануари 2013, 20:49:41 pm »
Јас јадам месо, другарот мој јаде зелка, просекот е сарма  ;D ;D

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Како се справувате со снегот ?
« Одговори #1049 на: 11 Јануари 2013, 20:58:46 pm »
Не знам оти ти не разбираш.Дали за тебе е нормално ако акумулаторот е празен(тотално) возилото да не запали?Ако одговорот е Да,тогаш и мене мие нормално во Битола да падни до -30.Пошо се спуштала до толку температурата.
Е сеа,мене не ме интересира дефиниција за просечна минимална,просечна максимална или само просечна температура.

другар, јас само сакам да кажам дека рекордно ниски температури не можат да се сметаат за нормални. толку.

Иначе, и ја сакам да ми запали колата на -30 пошто понекогаш, ретко, температурите се спуштаат ненормално ниско и до -30, а може баш тогаш ќе ми затреба колата. За тоа немаме спор. Имаме спор дали -30 е нормална температура или не. Ја викам не ти викаш да. За ТОА спориме и за ништо друго.