Автор Тема: BMW 320d  (Прочитано 17756 пати)

Отсутен tr20

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 54
Одг: BMW 320d
« Одговори #15 на: 27 Декември 2011, 20:47:56 pm »
фино стегнато изгледа,

само две работи ме интересираат:
прво кој е стручњакот што има оригинална апаратура за проверка на километражата, пошто само со тоа може на скриени места да се провери?
и друго, м-пакетов ти стои во гаража или не се разбираш па и тебе те излажале дека го имаш?

п.с. ако не се лутат администраторите можеш да повелиш и на бмв форумот
www.bmwpower.cjb.net
ако пречи нека се избрише овој дел од постот.
Како прво, да рекламирам мајстори, сервиси или било што без да ме плаќаат немам намера.
Значи М пакет е, али нели кога се купува се бира што да има, што да нема, значи нема Функции на волан (200 евра во Грција ги има деловите), браник и ксенон. А од М пакет има суспензија, странични браници, седишта и бандажи. Значи побарај по огласи, ќе видиш пишува М Пакет, а со обични седишта итн.

Фала за линкот, познато ми беше дека има форум, ќе се регистрирам, па ќе разгледам форумот во скоро време.

Отсутен zvonkog

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1067
Одг: BMW 320d
« Одговори #16 на: 27 Декември 2011, 21:21:45 pm »
не се лути ама сепак си излажан и во иднина не се информирај од огласи, тоа што ти го имаш ако е фабрички порачано тогаш е спорт пакет и е далеку од м-пакет, што се однесува до седиштата и бандажите исто како е секоја дополнителна опрема се порачуваат ако сакаш да ги имаш, независно, може да бидат во одреден пакет а може и не.
значи ако е фабрички спорт пакет, во него спаѓа:
-трокрак спорт волан(без мф или со, и е различен од м-овиот)
-спорт седишта, со појачана странична и долна поддршка
-17-ки бандажи кои треба да се staggered односно со различна ширина-цолажа, напред потесни назад пошироки
-спортска суспензија, спуштена и појачана во однос на стандарната.

м side-skirts или м-прагови немаат врска со муабетов и колку што можам да видам од сликиве, на твојата се стандардни.

за мајсторот не мислев да рекламираш, него муабетот ми беше дека само во овластен сервис или обичен сервис со оригинален софтвер преку кој може да се влезе во скриени менија и одредени модули на возилото, за кои не можеш ни да претпоставиш дека собираат податоци и ја меморираат километражата. само во тој случај може со 100% сигурност да ти тврди дека е оригинал километражата. од друга страна спремен и доверлив мајстор секако, може со увид на возилото и инспекција на одредени делови и точки на возилото, да претпостави со да речеме 80% сигурност дека е вистинска км.
само со денешнава технологија може секаде да се смени км, само што на продавачиве не им се исплати тоа, па ако ја враќаат, го прават тоа само површински.

Отсутен tr20

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 54
Одг: BMW 320d
« Одговори #17 на: 27 Декември 2011, 21:26:41 pm »
Ок другар, како ќе кажеш, ја не се лутам, нити се замарам, мене важно ми се допаѓа, затоа и сум ја купил, па и ШЌЉ пакет нека е. Се зачленив на тој форумот, па се надевам ќе се видиме на некој од вашите идни собири. Поздрав.

Отсутен zvonkog

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1067
Одг: BMW 320d
« Одговори #18 на: 27 Декември 2011, 21:35:52 pm »
па тоа е најбитно, тебе да ти се допаѓа,
само не на одмет да научиш некои работи, во крајна линија затоа и прашуваме и комуницираме по форуми.
во светот на бмв па и кај другите марки, за љубителите и познавачи на марката е голема навреда и служи за потсмев кога некој се ќити со нешто што го нема.
по нашиве огласи ќе видиш еден мал милион на м3, м5 и слично, кај коишто само знакот м од позади го имаат од цел пакет, а и тој заљубениците многу ретко го ставаат и кај вистински м-пакет, освен ако не е м-изведба на целата кола или пак на самите детали има м-ознаки.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: BMW 320d
« Одговори #19 на: 27 Декември 2011, 21:53:31 pm »
Одлично аутце. Со здравје да се вози.

Отсутен IvO

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1676
Одг: BMW 320d
« Одговори #20 на: 27 Декември 2011, 23:29:13 pm »
топ топ количе /./

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16709
  • Keep it 100
Одг: BMW 320d
« Одговори #21 на: 27 Декември 2011, 23:49:37 pm »
Вака изгледаат со М пакет


Инаку колава ти е супер. Една од моите омилени автомобили. Со здравје да си ја возиш и многу да ти тера.
А моторов како си и го погодил, ем е метак брза, ем троши како упаљач ;D

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14231
  • Пудингот на шоферството
Одг: BMW 320d
« Одговори #22 на: 28 Декември 2011, 00:09:01 am »
БМВ-то е стакло,не е М пакет,ама е е***е,многу безгрижни километри,одличен избор ;D
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7369
Одг: BMW 320d
« Одговори #23 на: 28 Декември 2011, 00:24:47 am »
А потрошувачката колку му е? низ град 7? или повеќе :)

Отсутен Sarach

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
Одг: BMW 320d
« Одговори #24 на: 28 Декември 2011, 01:07:20 am »
so srekja neka e!!!!
samo mi e cudo kiometrazava, bmw 2003 + diesel = 100.000 km!!!!
od uvoz go zede bmw-to ili makedonsko!!!!!
drugar mi ima ist model samo so poviseko nivo na oprema i proizvedena na  krajot na 2004god, lani koga go zede so 190.000km

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7239
Одг: BMW 320d
« Одговори #25 на: 28 Декември 2011, 02:52:34 am »
Ова е фејслифтот .... убаво количе, секако, интересна километража ...

Со здравје да си го возиш ....

Купија многу вакви низ Куманово ... браво за бојата ...

Отсутен kirilsbmw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 361
Одг: BMW 320d
« Одговори #26 на: 28 Декември 2011, 06:45:57 am »
Колата е супер, со здравје да си ја возиш.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54948
  • Махер
Одг: BMW 320d
« Одговори #27 на: 28 Декември 2011, 10:35:01 am »
Стакло еееееј! На ново ја зема? Јас сакам купе Е46, како е моторчето? Знам дека корне ко што треба... :)

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: BMW 320d
« Одговори #28 на: 28 Декември 2011, 10:59:09 am »
На ново ја зема?

Дени само сликите ги виде во првиот пост и толку? :)
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54948
  • Махер
Одг: BMW 320d
« Одговори #29 на: 28 Декември 2011, 11:14:45 am »
Добро де... Него ај ќе прашам, дали знаеш дека дизелите на БМВ им оди турбината на 180.000км, па затоа сакав да прашам дали имаш нешто чепкано на таа тема? :)