не се лути ама сепак си излажан и во иднина не се информирај од огласи, тоа што ти го имаш ако е фабрички порачано тогаш е спорт пакет и е далеку од м-пакет, што се однесува до седиштата и бандажите исто како е секоја дополнителна опрема се порачуваат ако сакаш да ги имаш, независно, може да бидат во одреден пакет а може и не.
значи ако е фабрички спорт пакет, во него спаѓа:
-трокрак спорт волан(без мф или со, и е различен од м-овиот)
-спорт седишта, со појачана странична и долна поддршка
-17-ки бандажи кои треба да се staggered односно со различна ширина-цолажа, напред потесни назад пошироки
-спортска суспензија, спуштена и појачана во однос на стандарната.
м side-skirts или м-прагови немаат врска со муабетов и колку што можам да видам од сликиве, на твојата се стандардни.
за мајсторот не мислев да рекламираш, него муабетот ми беше дека само во овластен сервис или обичен сервис со оригинален софтвер преку кој може да се влезе во скриени менија и одредени модули на возилото, за кои не можеш ни да претпоставиш дека собираат податоци и ја меморираат километражата. само во тој случај може со 100% сигурност да ти тврди дека е оригинал километражата. од друга страна спремен и доверлив мајстор секако, може со увид на возилото и инспекција на одредени делови и точки на возилото, да претпостави со да речеме 80% сигурност дека е вистинска км.
само со денешнава технологија може секаде да се смени км, само што на продавачиве не им се исплати тоа, па ако ја враќаат, го прават тоа само површински.