@Stratro или @vlatko.klp , некоја идеја?
Шо те мачи? Јас не гледам овде проблем.
Боп-от е со цел сите коли да речеме во твојов случај гт3 категорија да имаат слични перформанси.
Не би рекол дека е проблем, туку дека нешто јас не праам како што треба…
Прочитав што е БоП и зашто е, ко демек сите на исто ниво да бидат. Арно ама, иако сме сите на исто ниво, подобро кочат од мене, подобро вртат од мене, подобро искачаат од кривина од мене, и на крај испаѓа да се “борам” за последно место 
Само на една трка успеав да бидам прв еден круг, ама после тоа ме утепаа (7 круга беше трката).
Да не треба да ги олабавам или скрос исклучам помагачките системи?
Или евентуално да пробам со друга кола, ко што предложи Нестор?
Пред се знај дека Gr.3 (чили) трките се едни најтешките во играта (покај Human Comedy missions) и чили трките во рамките на PowerPack од 3 причини:
- на овие трки нема влијание EASY, NORMAL и HARD diffculty settings (debattable).
- имаш BoP (Balance of Perfomance) со кое каква и кола да имаш одбранo и колку и да ти е тунирана, ти крати на моќност и зголемува тежина (ова реално се применува(ло) и во реалност).
- AI возат брзо, агресивно и не толку паметно, што значи ако им се најдеш во линија на движење, те лупаат и те исфрлаат од стаза наместо да пробаат да избегнат судар (како кај Sophy 3.0 на Powerpack) и немаш многу простор ниту за грешка ниту за небезбедно претекнување.
Вака сега...ќе пишам јас како ги поминав, па ако одговара терај како мене, ако не слободно скокни ги и терај понатаму бидејќи во моментов не ти се пресудни за да напредуваш во играта.
1.Circuit experence - на секоја стаза на која имаш Gr3 чили трка обавезно фати барем бронза на circuit experience. Секој сектор посебно плус цел круг за стварно да ја научиш стазата.
2.Избор на кола - мора да е тркачка Gr3 со сите нишани, али уште побитно мора да е компетитивна откако ќе биде осакатена со Bop. Препораки: Audi R8 Lms EVO, Porscje 911 RSR, Porsche GT3 R, Honda NSX GT500 (Castrol). Која најмногу ќе ти легне можеш да си пробаш со Time Trial на стазата на која претхдно си фатил бронза на Circuit Experience. Јас лично повеќето ги поминав со Аудито освен Сузука каде победив со Поршето. Од сетап на аеро и суспензија имаш доста видеа на Youtube, али генерално 5 работи се битни:
- избор на гуми.
- висина на суспензија (што пониско, но не премногу да не можеш предни тркала да свртиш.
- downforce (што помалку кај стази правци, што повеќе кај технички стази, а за почеток пробај да е се на средина).
- fuel map (на 1 си најбрз али најмногу трошиш гориво, на 6ка обратно, па од тебе зависи дали и колку пати би одел во бокс зависно од избор на гуми или промена на временски услови).
- brake balance (моја препорака за Гр.3 колите е на минус 2 за полесно фаќање кривини додека кочиш).
3.Асистенции и difficulty settings: Колку поеќе асистенции користиш, толку си поспор. Заборави автоматси менувач.
Моја препорака за асистенции: гаси ги сите освен TCS на 1, Braking zones (ќе ти обележи каде мораш да почнеш да кочиш за секој случај) и ABS на Weak. Толку.
Difficulty settings: Знам што пишав погоре, али за секој случај стави го на EASY. Не скролај по нет, свашта ќе се изначиташ.
4.За почеток доволно е и подиум. Кај поголемиот дел од овие трки проблем се првите двајца, или првиот.
Ако не иде, биди задовлен со 3то и терај даље.
5. Ако апла не иде, скокни ги скроз за почеток и врати се на нив после некое време кога ќе ја научиш играта малку подобро.