Автор Тема: Увоз од Јужна Кореја, Типско одобрување, TÜV сертификат, Хомологација / M340i...  (Прочитано 178 пати)

Отсутен portimao

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 1
Добар ден до сите членови на форумот!

Планирам да увезам возило од Јужна Кореја. Самата постапка не е премногу комплицирана, но има неколку административни пречки. Единствена грижа ми е неспособноста кај нашиве институции, особено околу технички преглед и регистрацијата.

Конкретно станува збор за едно од следниве возила:

2023 G20 320i M Sport LCI
2021 G22 420i M Sport
2021 G20 M340i

BMW и Audi возилата што се продаваат во Јужна Кореја се произведени во ЕУ - Германија (WBA и WAU VIN кодови), но немаат европски број за типско одобрување (EU Type Approval Number), што го отежнува процесот на регистрација во Македонија.

Друг проблем е што при увоз на возило се бараат оригиналните сообраќајни дозволи. Во Јужна Кореја, издаваат само копија од сообраќајната дозвола. Ова лесно се заобиколува. Возилото прво треба да се увезе и регистрира во некоја соседна држава, како Бугарија или Албанија, каде што ја прифаќаат копијата од сообраќајната без проблем. Потоа таму се издаваат оригинални сообраќајни дозволи, што го овозможува процесот за увоз во Македонија.

Ме интересира дали некој е информиран околу постапката за добивање типско одобрување? Дали за тоа е надлежно бирото за метрологија или некоја друга институција?

Исто така, имало посредници во Македонија кои соработувале со TÜV компании во Германија и ваделе комплетна документација за конкретно возило, но ставале нова налепница / плочка од шасија на која бил додаден европскиот број за типско одобрување (EU Type Approval Number).

*Во прилог испраќам пример како изгледа корејската шасија и кој број треба да се додаде на новата - заокружено со црвено.*

Благодарам однапред за секој совет или искуство.

Возилата:
https://www.autowini.com/Cars/IC4781025/cars-detail
https://www.autowini.com/Cars/IC5089728/cars-detail
https://www.autowini.com/Cars/IC5074946/cars-detail

« Последно менување: 09 Јуни 2026, 18:36:57 pm portimao »

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2446
Немам одговор за тебе, но ќе ја следам темава

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18070
Можеш да пробаш да го испрашаш овој продавач кој напишал дека ја донесол колата од Јапонија, и претпоставувам дека истите препреки ги има поминато.

https://m.reklama5.mk/AdDetails?ad=5342292