И за да заштедиш 100 Евра годишно ќе ризикуваш да расипеш нешто што ќе те чини 40.000 Евра?
Не се многу сјајни нашите овластени сервиси, имам пример за Passat CC 2014 што скапо го чинеше сопствениот, требаше да се промени лагер на амортизер , му го оштетија амортизерот при демонтажа, не сакаа да признаат додека не го извадивме тркалото па да видиме како нестручно го глодале со несоодветен алат ( со електроника се амортизерите адаптивни) , на крај стоеше возилото 5 недели додека стигне нов, немаа на лагер, си покриа се, но проблемот е што немаш возило а му го доверуваш на овластен, така да не е секогаш заштедата 100 евра, има сервиси во околните држави а во последно време се инвестира и кај нас гледам но немам искуство со поединци, за VAG групација јас ги користам DAS Auto од СОфија, секогаш се максимално професионални и поефтини во секој случај, можеби ги знаеш.
Секако дека не ги знам. Зошто побогу би знаел сервис за VAG во Бугарија?
Во Македонија ги имаш официјалните сервиси, плус докажани неофицијални сервиси во форма на Митревски и Др. Ауто.
Секако дека секој може да утне, па и официјалните сервиси. Нема муабет тука. Ама сепак се колку-толку побезбедни.
ЈАс поради тоа што се соочувам со сервисирање на возила oд сите брендови секојдневно, ги знам сервисите и имам различни искуства со нив, со нашите официјални сервиси ретко позитивни, со независните исто така, секоја чест на исклучоците , постојат.
Не е лошо да ги разгледаш DAS Auto, нема да ти штети пошто гледам возиш VW.
Едина позитивна страна кај овластените сервиси според мене е тоа што (треба да ) користат оригинални делови, имаат достапност до поддршка од фабриката и може да ги повикаш на одговорност мада и тоа не е секогаш едноставно.
Е сега прочитав искуства на членови тука со овластени сервисери каде се наплаќани делови а не се менувани, што лично и мене ми се случи со стариот сервис на Мазда , го имам спомнатно тоа уште пред 10 години тука.
Секој сам ќе си пресуди кај да оди, кој според искуство, кој според совет, затоа сме тука да споделуваме знаење и искуство- бесплатно што немора да значи дека секој треба да се сложи со нечиј став или мислење, пак ќе се дружиме тука!