Гледам некоја акција и за Форд Фокус за 14.900.
16х е поубав од сите горенаведени, освен Алфата за 15 бона.
Поубав да, ама поопремен не.
Ништо тогаш, Спортаж дефинитивно.
Ја не знам дали искочила помутава кола у последниве 20 години. Никако не ми иде да е поефтин од КИА сид и притоа никој да не се замисли кај е уштедата. Изгледа пластиката е ефтина на кило.
Зошто сметаш дека Спортаж е мутава кола?
Зошто никогаш не седнал да ја повози и има алергија ако станува збор за кросовер или сув рецимо. Ако си вистински карклуб ентузијаст, ти мораш да возиш исклучиво седан или хечбек, спуштено, бандавче, извадени катализатори егр дпф и све што може успут, и секако МОРА да е мануелен менувач. Е до душа имаме и моноволуменци на форумов ама мислам дека и тие се дел од одобрената листа? Е сега и тие се маааалце повисоки од стандард кола ама мислам дека за некој милиметар испод кросовер или сув па така не влагаат во општиот хејт на форумов
Иначе топ си е киата во едно вакво издание https://www.ss.lv/msg/lv/transport/cars/kia/sportage/epjfn.html , али ја пре би рав4 хибрид или тигуан од таа класа.
Мене јасни ми се изданијата и на Киа и на другите автомобили, али за ценовниот ранг, 16-17-18 илјади евра, можеби нуди најмногу во поглед на комфорт, фамилијарно возило, нестандардно, мал сув, опрема. Да јасно ми е што 1.6 гди не е баш мотор за фалење али би требало да ја заврши секоја работа што ја имаш наумено(идеш на работа, идеш на викенд, идеш на одмор, се тоа со културна вожња). Ете, и спортажот со појак мотор и опрема одма качува на 20 и кусур, накај 30 може да дојде со 4x4 фул опрема и гт верзија, НО, тоа е друг ценовен ранг и други класи на коли како што ги напомена. Реално и производителиве не се мутави да дадат кола со супер комфор и одличен моќен мотор за 17-8000 евра. Сите коли што ги нудат на промоција, Скала, Октавиа, Меган, Астра... сите имаат солидна опрема и не толку добар мотор(сите се испод 160-70 њутн метар обртен момент), сите трошат од 5-8, спортажот можеби повеќе малце, али се зависи како ја возиш. Во секој случај, муабетот ми е отприлика во тој ценовен ранг, кое возило би било солидно фамилијарно со фина опрема во внатрешноста:))