Ако ова не е dream car незнам што е. Секоја чест за изборот фантазија.
Имам чуство дека бојата во живо ќе биде многу многу поубава одколку на слики!
Едвај чекам да пуштиш многу слики кога ќе стигне а богами и некое видео.
Е сега колава реално не е многу голема и наменета за долги патувања со товарање со 4ца со све. Имаш некој план за втора кола за по далечни дестинации?
Фала ти, да си купиш поубава. Сепак не стигна пред одење на одмор, така да слики и видеа од 16ти па натаму.
Инаку, „фамилијарно“ сме 2ца (+ куче понекогаш) така да сосема е доволна за на пат за нашите потреби
има 400 литри гепек што не е малце ко за. ваква кола, ако ни треба екстра седиштата се спуштаат 40-20-40.
Задните седишта во 335ката беа буквално нови, не се ни заебавам. Во последниве година дена беа искористени вкупно 5 пати (буквално, можам точно и да ти кажам кога). Фактот дека многу ретко/скоро ич не ми требаат задни седишта многу влијаеше на одлуката за колава. А за реткиот случај кога ќе затреба, задните седишта на оваа се зачудувачки добри. Јас сум 183цм, мене ме збира зад седиште наместено за мене за возење со доволно простор за колена и глава. Не би ми било проблем саат-2 да издржам. Ама како што кажав, многу ретко ќе се користат.