Автор Тема: Проблем со менувач  (Прочитано 432 пати)

Отсутен aleksandarbt

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 801
  • Opel zafira 2.0 125 kw
Проблем со менувач
« на: 16 Август 2024, 23:24:03 pm »
Zafira 2018 2.0 125 kw ne mozam da najdam koj menuvac go ima i koja kolicina na maslo. Smenav maslo castroll 2l na 110 000. Vo vtora kako na dva pati da vleguva. Mozno e od konstrukcija na menuvac ili od masloto. Za klasata na vozilo ne mi praj kef. Se drugo e top.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Проблем со менувач
« Одговори #1 на: 16 Август 2024, 23:26:58 pm »
F40. Кастрол го има едно од најдобрите масла за тие менувачи, освен ако било некое косовско.

Едит: Проблем со втора брзина:

Еве и околу М32:
« Последно менување: 16 Август 2024, 23:34:05 pm nestor04 »

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Проблем со менувач
« Одговори #2 на: 16 Август 2024, 23:36:27 pm »
Мислам дека темава ќе биде од голема корист, особено за М32 менувачите. Да не ги полниме темите со "Возила на членови".
Да ја започнеме со едно видео:

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: Проблем со менувач
« Одговори #3 на: 17 Август 2024, 12:12:40 pm »
Не ми отворај стари рани со менувачов ;D
Кај мене преку ноќ си реши да откажат лагерите, исто како и во видеово што кажува, 5та и 6та. Баш така беше, се океј, нареден ден слушам некаква си бучава од напред. Може и на јутуб да се види, напиши M32 gearbox whining и ќе ти искочат еден куп видеа.

Во последните два три денови каде што и престанав да ја возам, бучавата во 5та или 6та кога бев се зголемуваше, така да веројатно беа пред колапс лагерите, ако продолжев да го возам, ќе го уништев целосно.

Се надевам старо-новиов ќе биде океј.

Иначе еве околу менувачот, приметувам дека со овој сега што го ставив, вртежите ми се разликуваат за 200, односно претходно во 6та на 2900 вртежи ми беше 120 км/ч, а сега на 3100.
Во 5та на 3300 некаде беше 120, сега со другиов менувач 3500.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Проблем со менувач
« Одговори #4 на: 17 Август 2024, 12:52:09 pm »
Некој да има искуство со автоматските менувачи од Тојота/Лексус/Субару a760h и a960e? Или да знае нешто околу нив?

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3776
Одг: Проблем со менувач
« Одговори #5 на: 17 Август 2024, 13:11:25 pm »
Не ми отворај стари рани со менувачов ;D
Кај мене преку ноќ си реши да откажат лагерите, исто како и во видеово што кажува, 5та и 6та. Баш така беше, се океј, нареден ден слушам некаква си бучава од напред. Може и на јутуб да се види, напиши M32 gearbox whining и ќе ти искочат еден куп видеа.

Во последните два три денови каде што и престанав да ја возам, бучавата во 5та или 6та кога бев се зголемуваше, така да веројатно беа пред колапс лагерите, ако продолжев да го возам, ќе го уништев целосно.

Се надевам старо-новиов ќе биде океј.

Иначе еве околу менувачот, приметувам дека со овој сега што го ставив, вртежите ми се разликуваат за 200, односно претходно во 6та на 2900 вртежи ми беше 120 км/ч, а сега на 3100.
Во 5та на 3300 некаде беше 120, сега со другиов менувач 3500.

Си ставил менувач од друг модел или друга верзија на тој мотор.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: Проблем со менувач
« Одговори #6 на: 17 Август 2024, 13:22:24 pm »
Нека работи, за 200 вртежи не правам проблем, тамам уште пократок пренос, нека полни побрзо ;D
Добро е и што најдов бидејки првиот што го вградија, во прва и петта ја фрлаше рачката наназад и пробаа да ме убедат дека тоа не е проблем.

Визуелно надворешно е ист, бидејќи се разликуваат надворешно во ѕвоното, а внатре склопот е ист, чоколаден ;D ;D