Автор Тема: Road Assistance пакети  (Прочитано 429 пати)

Отсутен Krckoski

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 1
Road Assistance пакети
« на: 16 Август 2024, 10:41:43 am »
Здраво дечки,

Нов сум на форумов, се надевам не прекршувам некое форумско правило со поставување на прашаево тука, но со оглед на тоа што е спомната темата околу Road Assistance на АМСМ, има некои работи што не ми се јасни, а заинтригиран сум од темава бидејќи треба да патувам за месец дена кај јужниот сосед. 

Имено, на страната на АМСМ го гледам пакетот Europe premium и во делот за помош на пат и шлепување во европа ги има следните ставки:

-Бесплатен пренос на возило во случај на дефект или потреба од помош на пат  .....................200 eur
-Бесплатен пренос на оштетено возило во сообраќајна незгода ...............................................400 eur

Ако добро разбрав, во случај на шлеп од Парга до дома било каде во Македонија, ќе ти ја покријат сумата што е наведена погоре.

Гледам многу членови искоментирале дека асистенција е мајка и дека луд си на денешницава ако ја немаш кога патуваш низ европа, макар и било со кола од 40 илјади евра релативно нова.

Оттука излегува дилемата, ако треба да ме кошта шлеп служба 600-800 евра мање више за да си ја донесам колата дома кај матичниот мајстор, а веќе сум платил членство 60 еур, АМСМ ќе ми покрие само 200еур од сето ова?

Не сум сигурен дали јас погрешно го разбирам пакетот или погрешно му е напишана понудата на страната. Во спротивно вака некако ова изгледа не баш исплатливо, да платиш 60 евра за да заштедиш 140. What's the point? 

Фала, поздрав.








Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54920
  • Махер
Одг: Road Assistance пакети
« Одговори #1 на: 16 Август 2024, 10:58:25 am »
Поентата е да ДОЈДЕ човек до тебе кога ти треба. Да не висиш по патишта и да вртиш на рандом места и да се снаоѓаш. А земи си покритие од АМСМ или Орикс најјако што имаат ако се секираш за покритие, види каде има најјак можен пакет и терај. Секако трошокот е микронски во однос на патувањето.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5387
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Road Assistance пакети
« Одговори #2 на: 16 Август 2024, 11:01:23 am »
Кај Орикс со пакетот од 1160 денари (цена од Мотоцентар) имаш шлеп до 31000.

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1287
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: Road Assistance пакети
« Одговори #3 на: 19 Август 2024, 13:55:12 pm »
По мое убедување, за озбилност АМСМ (иако не ги сакам од други причини). Ова орикс ми личи на она Вози што пропадна. Све некои локални алваџии ако треба ќе дојдат да помагаат. Па ги нема со саати.
Ако е за озбилност у прва рунда, најдобро АМСМ бидејќи тие си имаат корелација со сите големи како нив низ земјите. Башка телефон скопска асистенција, директ, 24/7
Другиве се, купи гуми или осигурање, дрш Орикс.

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7348
Одг: Road Assistance пакети
« Одговори #4 на: 20 Август 2024, 18:51:47 pm »
По мое убедување, за озбилност АМСМ (иако не ги сакам од други причини). Ова орикс ми личи на она Вози што пропадна. Све некои локални алваџии ако треба ќе дојдат да помагаат. Па ги нема со саати.
Ако е за озбилност у прва рунда, најдобро АМСМ бидејќи тие си имаат корелација со сите големи како нив низ земјите. Башка телефон скопска асистенција, директ, 24/7
Другиве се, купи гуми или осигурање, дрш Орикс.

Мене АМСМ ми излезе во пресрет во 02:00 сабајле на место каде што немаше ни сигнал, едвај ги добив на телефон и се опрајвме.

Рандом ги барав, не сум ни член немам никаков пакет од нив, само прво на нив ми текна. Благодардност и позитивна критика за амсм.