Автор Тема: BMW X3 2.0 2012 vs Land Rover Freelander2 2.2 2014  (Прочитано 1075 пати)

Отсутен Makedonka

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 1
BMW X3 2.0 2012 vs Land Rover Freelander2 2.2 2014
« на: 21 Мај 2024, 22:04:15 pm »
Здраво на сите!

Јас се надевам дека не ја уплескав работата со отварање нова тема, ако нешто утнав се извинувам.

Значи, прашањето е..
BMW Х3 2.0 од 2012та или Freelander 2 22 од 2014?
Двете се со автоматски менувач што малку ме плаши..

Кое е поскапо за одржување (знам, она што не е одржувано е најскапо ама.. Мачка во вреќа нели..) ? Има ли саглам сервисери за Роверите?

Еднаш некој ми рече - од кај и да купуваш, само немој кола од Паланка или било какво BMW од Прилеп  ;D

Ама да прашам дали имате некое мислење за Premium AUTO MK и Maks auto Ekskluziv.. Двете од Паланка наравно ;D

Знам што е убаво.. Ново е убаво. АМА сега за сега мора да е вака. Па сакам да го изберам помалото зло, ако воопшто има такво кога е во прашање стара кола :-X

Се надевам ќе ми излезете во пресрет со вашите мислења.
Однапред ви благодарам

Отсутен Lone

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 55
Одг: BMW X3 2.0 2012 vs Land Rover Freelander2 2.2 2014
« Одговори #1 на: 21 Мај 2024, 22:23:04 pm »
Сите плацеви од Паланка избегавај ги. Има тема на форумов, Добри и лоши плацеви, најди ја и прочитај искуства. Од Скопје знам за автобанда имаше лоши мислења, другите не се сеќавам. Единствен добар плац е AutoWelt Кочани и можеби АутоМилано од Скопје

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8621
  • Малерозен дрводарец
Одг: BMW X3 2.0 2012 vs Land Rover Freelander2 2.2 2014
« Одговори #2 на: 22 Мај 2024, 04:20:43 am »
Здраво Македонка наша, добредојде :)

Убав опис даде, сите сомнежи се основани.

Би рекол, највеќе ќе зависи од состојбата на самото возило, за почеток.
Трошоци како трошоци - ќе ги има на било кое од тие две.

Ако не грешам, кога се работи за поголеми сервиси како ламела или било што околу мотор - за BMW ќе биде подостапно, ама по дефиниција скапо.
За Ровер можеш да налеташ на потешка достапност за споменатите делови - односно, да треба да се набават во најмала рака од Грција (зборуваме за половни)

Во двата случаи - ако бараш решение во официјален сервис - секогаш ќе има сè - ама цените ќе бидат драстично различни :)

За малку по-саглам возило, можеби ова е вредно за размисла, покрај AutoWelt Кочани
https://www.facebook.com/p/Golden-Car-100057586804553/
Ако немаат ништо слично на лагер, можеби контакт со нив, па договор да ти чуваат кога ќе се најде нешто добро...
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: BMW X3 2.0 2012 vs Land Rover Freelander2 2.2 2014
« Одговори #3 на: 22 Мај 2024, 08:36:15 am »
Freelander 2, во основа е Volvo XC60, во превод одлично возило.
Автоматскиот мењач е Aisin - јапонски т.е најдобриот бренд што постои во однос на издржливост.
Конкретно автоматскиот мењач во ова возило влегува во МНОГУ други возила, од Алфа до Мазда, Тојота, Лексус, VW, Audi, BMw

AISIN AW TF-81SC

Од она што ми е познато 2.2 дизелот е моторот што треба да се купи, а не 2.0 дизел во овие генерации на Ланд Ровер.


Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4997
Одг: BMW X3 2.0 2012 vs Land Rover Freelander2 2.2 2014
« Одговори #4 на: 22 Мај 2024, 08:49:32 am »
Eden od najzastapenite menuvaci AISIN AW TF-81SC. Odlicen e, edina mana sto e samo so 6 brzini.

Sent from my Pixel 7 Pro using Tapatalk


Отсутен Volvo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 258
Одг: BMW X3 2.0 2012 vs Land Rover Freelander2 2.2 2014
« Одговори #5 на: 22 Мај 2024, 15:03:37 pm »
Freelander 2 не се познати по својата издржливост, имаат повеќе знајни проблеми од кои и познатиот проблем со диференцијалот.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: BMW X3 2.0 2012 vs Land Rover Freelander2 2.2 2014
« Одговори #6 на: 22 Мај 2024, 21:50:59 pm »
Секоја кола има маана.

Отсутен Volvo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 258
Одг: BMW X3 2.0 2012 vs Land Rover Freelander2 2.2 2014
« Одговори #7 на: 23 Мај 2024, 09:32:05 am »
Точно, но според мене ако Ланд Ровер не се прославија со некој модел тоа е токму Freelander 2. Премногу скапи проблеми, на релативно малку извозени км. Затоа и побрзаа да го заменат со Discovery Sport.

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3776
Одг: BMW X3 2.0 2012 vs Land Rover Freelander2 2.2 2014
« Одговори #8 на: 23 Мај 2024, 10:17:29 am »
БМВ Х3 >>>> FreeLander 2

Ако само овие два модели ти се опција, тогаш секако Х3.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Присутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2083
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: BMW X3 2.0 2012 vs Land Rover Freelander2 2.2 2014
« Одговори #9 на: 26 Мај 2024, 06:57:53 am »
Oд посочените модели јас би избрал Land Rover Freelander срекно со купувањето и да уживаш во секој поминат километар

-За Ланд Ровер сум слушнал за некој мајстор кој ги сервисира Кристијан од Скопје и нормално останува овластениот.

-Интересни ауто плацеви за користени возила Олимпија Моторс,АутоВелт,АутоЛогистик  друго по сериозно име не ми паѓа на памет