Автор Тема: Audi A5 Sportback 3.0 TDI  (Прочитано 6744 пати)

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7277
Audi A5 Sportback 3.0 TDI
« на: 10 Април 2024, 00:58:23 am »
    Количево го имам околу 2 години, ама решив да му правам некои измени во периодов што следува, па би било убаво да се документира се на едно место. Имено, се решив A4-ката да ја продадам уште 2021, и баш, баш лутав со изборот, од новата А7-ка(се тешев дека е преголема за низ град заради кратката черга), па се до S5 верзијата. На крајот, одлуката беше да се купи фамилијарна лимузина, која не е преголема за низ град, со нешто поголем мотор и со некоја нормална потрошувачка, и нормално, погон на сите четири тркала.

    Фактот дека веќе имав возило, ми даваше луфт да барам она што го сакам и да чекам права понуда. 2.0 TDI веќе возев, па сакав V6 дизел, и така одлуката падна на 3.0 мотор. Интересна работа е што календарска 2018-та, Ауди произведувал 2 мотори со 3.0 ознака, 272 кс, како што имаше Sase_91, и овој со 286. Бидејки не успевав никаде да најдам ривјуа за овој мотор со 286кс со 3.0 TDI ознака на англиски јазик, се обидов низ форуми на германски јазик, каде што некој ја имал истата дилема. Ауди успеал да произведе околу 500 парчиња со овој понов мотор од 286кс пред да почне Дизелгејт да го афектира производството. Истиов мотор потоа е ставен во новите 50TDI возила со сите пригушување за да ги задоволи еко нормите, заради кои го имаат тој ужасен лаг од скоро 2 секунди кога ке го патосираш гасот. За среќа, овие 500 парчиња излегле како old school diesel, без било каков турбо лаг. Огласите со 272 кс беа супер ретки, па финалната одлука беше 3.0 TDI, со 286кс.

    По скоро 6 месеци секојдневно барање на возилце заради специфична комбинација на опрема, одлуката се сведе на следното возилце.

    • Audi A5 Sportback 3.0 TDI Sportback B9
    • Година на производство: 2018
    • Jaчина на мотор: 286 кс, 620Nm
    • 97.000 км

    Колата ја најдов во Франкфурт, и ја купив практично онлајн, без да ја гледам. Ja проверив по број на Шасија на CarVertical, и преку пријател во Порше Македонија. Се беше чисто, со тоа што последниот сервис беше неколку месеци пред да ја купам, па се надевав дека ја немаат слупано во меѓувреме, иако продавачот ми гарантираше написмено дека колата е без удес, и ми покажа дел од козметичките забелешки, дел премолче. Отом, потом.

    Од опремата што ја има, би издвоил:
    • Quattro with Sport Differential
    • Adaptive Suspension - Magnetic Ride
    • Adaptive Cruise Control
    • HUD
    • Dynamic Steering
    • Panoramic Roof
    • Massage Seats
    • Black Optic Pack
    • Rear Cross Trafic Alert
    • Webasto
    • Matrix Lights

    Има уште многу опрема, ама ова ми се поспецифичните опции.

    Возилцето дојде кај мене Април 2022-та, па Даме ја прегледа детално, и потврди дека не е чукана, што ми беше доста битно. Од она што е надвор од стандардно менување на делови и сервице, е копче за рачна заради влага, кое чинеше 5000 денари со работна рака. Рачната си работеше, ама индикаторот трепкаше нон стоп, па го решивме веднаш.

    Од краткорочни планови за колата: 
    • Да се монтираат Макстон преден лип, странични завеси и задни сплитери штом ке стигнат
    • Монтирање на honeycomb front grill заедно со Макстон пакетот
    • Полирање на целото возило, керамичка заштита и да видам ако може со полирање да се корегираат гренаниците на MMI и на Виртуелната табла, затоа што некој ги има поминато со челичка четка
    • Промена на боја на појаси
    • Голем сервис на 120к со премена на масло во менувач, и практично сите течности во колата, глицерин, антифриз етц
    • Корекција на кожата на воланот - Настрада при хемиско чистење, затоа што малиот ми се исповраќа на седиштето во колата, а кај Даме закажување само со врски преку премиерот :)
    • Топлотни фолии напред
    • Набавка на оригинална када за во гепек
    • Визуелна корекција на задниот браник, има една нерамнина, пластиката на страничниот праг е скината на едно место, и предниот браник има грепка, за која треба ептен да се загледаш, ама ја има

    Од долгорочни планови, за кои сум 50/50:
    • Wrap да и направам на колата, во Grigio Telesto или класиката, Nardo Gray, само заради тоа што колата не останува чиста ни 30 минути со моменталнава боја
    • Смена на седишта со Diamond Stitching seats од S5 моделот, ама потрагата ми иде супер тешко, зашто ретко кој продава вакви, и ако има на огласи, се по 2-3к
    • Stage 1 Remap. И онака имам 5,2-5,3 секунди до 100-ка, би тестирал само за кратко време, па ако ептен ми се бендиса, тогаш би ја оставил новата мапа

    Чекам оригиналните бандажи да ми се ослободат од магацин, и да си го вратам летниот сет на гуми. До тогаш, еве го количето на зимски 17-ки, сликано 15 минути после перење  :(. Да се среди се, па ке најдам некој кој има подобар сенс од мене за сликање.

    Ако има прашања, слободно.















[/list]
« Последно менување: 10 Април 2024, 02:32:26 am Tommy »

Присутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1837
Одг: Audi A5 Sportback 3.0 TDI
« Одговори #1 на: 10 Април 2024, 01:43:19 am »
Претставување како што доликува, може да потврдам дека во живо изгледа уште по пребрутално и тука уште еднаш само убавини и меракот да ти го прави на секое поле

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3846
Одг: Audi A5 Sportback 3.0 TDI
« Одговори #2 на: 10 Април 2024, 02:11:52 am »
КОЛИШТЕ. Ти имам кажано со здравје да се вози уште кога ја зема, така да сега ќе речам пак дека изборот е одличен.
Комбинацијата на мотор и менувач што е само за нијанса полоша од 1.0 Екобуст 125 6МТ, мала нијанса, што е за пофалба.
Според мене опремата е таа што ја прави колата, така да тука е полн погодок, 11/10.
Уште неколку десетици илјади км без проблеми па да ја смениш за S8, како и што доликува.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2083
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Audi A5 Sportback 3.0 TDI
« Одговори #3 на: 10 Април 2024, 06:32:11 am »
Ми се допаѓа бојата баш е ретка не само бели а5ки, има ли лед внатрешно осветлување kako год тоа се кажува седишта се супер убаво количе делува секси.Со здравје да те служи ова лагано иде 31до34сома.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Audi A5 Sportback 3.0 TDI
« Одговори #4 на: 10 Април 2024, 07:18:56 am »
Дизајнот им е препогоден. А моторот и мењачот ти си ги погодил.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4221
Одг: Audi A5 Sportback 3.0 TDI
« Одговори #5 на: 10 Април 2024, 07:55:16 am »
Убаво ауто со несекојдневна боја, да и се изнауживаш во возењето.
Која димензија ти се летните бандаши? Зимскиве ми делуваат како да се малечки за колава :)

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1011
Одг: Audi A5 Sportback 3.0 TDI
« Одговори #6 на: 10 Април 2024, 08:51:28 am »
Немој жити сѐ оваа прекрасна боја да ја покриваш со бљувотина ко Nardo Grey.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8961
Одг: Audi A5 Sportback 3.0 TDI
« Одговори #7 на: 10 Април 2024, 09:07:08 am »
Top kolice, a tablicive vrv 😅 so zdravje da se vozi

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: Audi A5 Sportback 3.0 TDI
« Одговори #8 на: 10 Април 2024, 09:39:55 am »
Браво одличен избор а бојава е мераци!

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5558
Одг: Audi A5 Sportback 3.0 TDI
« Одговори #9 на: 10 Април 2024, 10:12:41 am »
Грев е  на ваква боја да ставиш фолија,небитно каква.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3846
Одг: Audi A5 Sportback 3.0 TDI
« Одговори #10 на: 10 Април 2024, 10:37:36 am »
Убаво ауто со несекојдневна боја, да и се изнауживаш во возењето.
Која димензија ти се летните бандаши? Зимскиве ми делуваат како да се малечки за колава :)

19 се летните. Според мене најјдобриот бандаж за А5 во 19 инчи.




За повеќе слики Томи ќе стави.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7277
Одг: Audi A5 Sportback 3.0 TDI
« Одговори #11 на: 10 Април 2024, 12:23:21 pm »
Ми се допаѓа бојата баш е ретка не само бели а5ки, има ли лед внатрешно осветлување kako год тоа се кажува седишта се супер убаво количе делува секси.Со здравје да те служи ова лагано иде 31до34сома.

Да, напред е на touch, или како да се вика тоа палење/гасење без физичко копче. Го има тоа амбиенталното со 20-30 нијанси.

Убаво ауто со несекојдневна боја, да и се изнауживаш во возењето.
Која димензија ти се летните бандаши? Зимскиве ми делуваат како да се малечки за колава :)

19-ки се летните, здравје ако успеам да ги намонтирам до крајот на неделава, ке ги сликнам, веќе купив летни гуми. Имам нешто слики, ама не се баш најдобриот агол што го покажува бандажот.




Отсутен miksi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1413
Одг: Audi A5 Sportback 3.0 TDI
« Одговори #12 на: 10 Април 2024, 12:47:37 pm »
Бојата одлична, со здравје да си ја возиш.

Присутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Одг: Audi A5 Sportback 3.0 TDI
« Одговори #13 на: 10 Април 2024, 13:45:04 pm »
Друга кола е со летните, убаво изгледа  :)

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4221
Одг: Audi A5 Sportback 3.0 TDI
« Одговори #14 на: 10 Април 2024, 14:28:08 pm »
Со летниве е веќе друго, многу помоќно делува, како што ја личи :)