Автор Тема: Купувам буџет лаптоп  (Прочитано 1358 пати)

Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 395
  • The best or nothing.
Купувам буџет лаптоп
« на: 04 Октомври 2023, 23:54:17 pm »
Здраво

Купувам/ми треба лаптоп за на факултет.
Буџетот е ептен мал 4/5.000 денари. Ќе го користам за ексел, интернет, г-дриве, и тимс.
Би сакал да има барем 8гб рам.

понудете тука или во пп.
Благодарам

Присутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3778
Одг: Купувам буџет лаптоп
« Одговори #1 на: 05 Октомври 2023, 09:21:00 am »
Вида на инста laptopmakedonija, имаат некои Делл со 6та ген И3, 12ГБ РАМ и 250ГБ ССД за 115 евра.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 395
  • The best or nothing.
Одг: Купувам буџет лаптоп
« Одговори #2 на: 05 Октомври 2023, 10:02:27 am »
Благодарам.

Има на инстаграм cccmacedonia, исто имаат многу модели. Битно ми е до фебруари да истера, без разлика што се по 10год стари.

Отсутен fuzzjaw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 429
  • Alfa Romeo Giulietta 1.4TB
Одг: Купувам буџет лаптоп
« Одговори #3 на: 06 Октомври 2023, 10:49:28 am »
Благодарам.

Има на инстаграм cccmacedonia, исто имаат многу модели. Битно ми е до фебруари да истера, без разлика што се по 10год стари.

CCC (Computer Copier Center) продаваат компјутери и лаптопи генерално користени од институции и се генерално во солидна состојба. Лаптопите обично им се со нова батерија и секогаш со нов полнач, и даваат година дена гаранција. Ако ти е за до февруари и ако начекаш нешто шо ти одговарат, не му се мисли.

Имав случај со нив кај што ми испратија лаптоп со испогребан екран, им пишав, наредниот ден пратија карго да го подигне и да донесе друг со истите спецификации, без никаков проблем. Сум купил јас 2-3 машини од кај нив, купувале и блиски, супер искуство.

Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 395
  • The best or nothing.
Одг: Купувам буџет лаптоп
« Одговори #4 на: 07 Октомври 2023, 12:46:36 pm »
Ми треба мислење од вас. (никогаш не сум имал лаптоп)

Бев до Ccc на битпазар, и имаат само 2 модела.
1. Hp elitebook 820 g3 - i5 6th gen, 8gb ram, 128 ssd.
2. Dell latiude e7280 - i5 6th gen, 8gb ram, 128 ssd.

Е сега, тука "влета" и познаник, ми нуди макбук аир 13, од 2016-та. Само го слушнав дека има 8гб рам. Исто за 100 евра.

Што би земале вие? Јас искрено, поима немам.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5927
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Купувам буџет лаптоп
« Одговори #5 на: 07 Октомври 2023, 13:30:06 pm »
Јас би одел на Dell.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4999
Одг: Купувам буџет лаптоп
« Одговори #6 на: 07 Октомври 2023, 14:50:00 pm »
Na rabota kaj mene imame dell i kaj soprugata isto i toa skapi modeli. Go*na nevideni sve nekoi updejti gluposti i pak ne rabotat kako sto treba

Sent from my Pixel 7 Pro using Tapatalk


Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1728
Одг: Купувам буџет лаптоп
« Одговори #7 на: 07 Октомври 2023, 15:36:08 pm »
Ја имам два Dell по игра на случај,  не по избор. Не би купил Dell.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен Leonid

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 859
Одг: Купувам буџет лаптоп
« Одговори #8 на: 07 Октомври 2023, 17:07:19 pm »
Види во DD store,јас земав дел половен од нив,одличен е

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Купувам буџет лаптоп
« Одговори #9 на: 07 Октомври 2023, 17:38:00 pm »
Ми треба мислење од вас. (никогаш не сум имал лаптоп)

Бев до Ccc на битпазар, и имаат само 2 модела.
1. Hp elitebook 820 g3 - i5 6th gen, 8gb ram, 128 ssd.
2. Dell latiude e7280 - i5 6th gen, 8gb ram, 128 ssd.

Е сега, тука "влета" и познаник, ми нуди макбук аир 13, од 2016-та. Само го слушнав дека има 8гб рам. Исто за 100 евра.

Што би земале вие? Јас искрено, поима немам.

HP Elitebook дефинитивно. Macbook Air не ти е баш јасно што е, нели?

Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 395
  • The best or nothing.
Одг: Купувам буџет лаптоп
« Одговори #10 на: 07 Октомври 2023, 17:49:44 pm »
Ддстор немаат ништо на залиха. Едвај 5/6 лаптопа.
Најснабдени се цц. Ама па и мене буџетот ми е смешки, ама тоа е.

@Tischläufer не разбирам на што алудираш? До пред 4/5 месеца имав компјутер од 2009-та, со хп, така да нивниот систем ми е тотално непознат.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Купувам буџет лаптоп
« Одговори #11 на: 07 Октомври 2023, 17:51:50 pm »
така да нивниот систем ми е тотално непознат.
Па токму тоа и ти велам, дека ти е непознат.
Батали тоа. Види тој Elitebook во каква состојба е, дали екранот му е зачуван и исправен, дали се витка и дали му фалат штрафчиња. Ако батеријата не му работи не се замарај, таа секако нема да работи.

Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2748
  • Слобода или смрт
Одг: Купувам буџет лаптоп
« Одговори #12 на: 07 Октомври 2023, 18:19:25 pm »
Ми треба мислење од вас. (никогаш не сум имал лаптоп)

Бев до Ccc на битпазар, и имаат само 2 модела.
1. Hp elitebook 820 g3 - i5 6th gen, 8gb ram, 128 ssd.
2. Dell latiude e7280 - i5 6th gen, 8gb ram, 128 ssd.

Е сега, тука "влета" и познаник, ми нуди макбук аир 13, од 2016-та. Само го слушнав дека има 8гб рам. Исто за 100 евра.

Што би земале вие? Јас искрено, поима немам.


Си викам топ е маков 4 години стар. И после ме удри јако дека 2016 беше пред 8 години...

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Купувам буџет лаптоп
« Одговори #13 на: 07 Октомври 2023, 18:31:00 pm »
Ми треба мислење од вас. (никогаш не сум имал лаптоп)

Бев до Ccc на битпазар, и имаат само 2 модела.
1. Hp elitebook 820 g3 - i5 6th gen, 8gb ram, 128 ssd.
2. Dell latiude e7280 - i5 6th gen, 8gb ram, 128 ssd.

Е сега, тука "влета" и познаник, ми нуди макбук аир 13, од 2016-та. Само го слушнав дека има 8гб рам. Исто за 100 евра.

Што би земале вие? Јас искрено, поима немам.


Си викам топ е маков 4 години стар. И после ме удри јако дека 2016 беше пред 8 години...
8 години стар Мек е грев кон Епл. Како тоа по ѓаволите веќе 6 години доцниш да им пукнеш нови $4000 на жиро сметка? Ти си идиот има да страдаш баце.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54991
  • Махер
Одг: Купувам буџет лаптоп
« Одговори #14 на: 07 Октомври 2023, 18:36:10 pm »
Ми треба мислење од вас. (никогаш не сум имал лаптоп)

Бев до Ccc на битпазар, и имаат само 2 модела.
1. Hp elitebook 820 g3 - i5 6th gen, 8gb ram, 128 ssd.
2. Dell latiude e7280 - i5 6th gen, 8gb ram, 128 ssd.

Е сега, тука "влета" и познаник, ми нуди макбук аир 13, од 2016-та. Само го слушнав дека има 8гб рам. Исто за 100 евра.

Што би земале вие? Јас искрено, поима немам.
Мекбукот ако е ретина е no brainer за 100 еур.