Автор Тема: Тјунинг дилема (вртежен момент изнад максималниот на мењачот)  (Прочитано 3027 пати)

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4148
  • Шо да пишам тука?🤔
Dyno во Македонија има Автотек Електроник.
А за мапи можи да ти среди и Енко и Дино (Дино Вајдин Пирок на фб). Двајцата имаат вложено премногу и работат со оригинална опрема (една е над 7000€), додека останати тјунери работат со клонови и имаат официјална соработка со многу тјунинг куќи.
vpdtuning.com
https://www.facebook.com/profile.php?id=100008885837493&mibextid=ZbWKwL

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5007
Слези си Грција некаде, имаш избор на квалитет колку сакаш.

Sent from my Redmi 4X using Tapatalk

Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен psx-9ne

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 17
Слези си Грција некаде, имаш избор на квалитет колку сакаш.

Како човек што години поминал у аутомотив софтвер можам само да ти кажам дека:
1. софтвер/хардвер за репрограмирање ECUа преку ОБД/КАН се бројат на прсти
2. копчето за репрограмирање дали ќе го стисне грк македонец или србин, не го мења софтверот.
3. мапите се исто како и софтверите, постојат неколку реномирани куќи кои вистински ги контаат и прават добри мапи, другото се е минорна модификација на истите.

Соодветно, ако земеш мапа од неколку познати тјунери, најдеш у мк некој што дал пари за софтвер/хардвер и го научил, тоа е тоа.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4148
  • Шо да пишам тука?🤔
Точно така, тоа возило се чита само со Flex кој ретко има лиценца за него. Јас познавам двајца во МК и тие ги спомнав погоре.
Пред сѐ јас не би читал преку ОБД, се случува да изгори дел, од брисачи, сѐ до останати релиња и конекции, бидејќи преку ОБД се комуницира со скоро цела електроника во колата. Мала грешка може да кошта голема сума на пари.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 33903
  • Таков е животот... јебига
Ти си знаеш, ако имаш време за такви работи, терај

Отсутен psx-9ne

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 17
Ме збуни сеа. Пошто сум нов и не разбирам како идат работиве, јас мислев идам остаам кола, си пијам кафе/ручек терам у околина и си ја земам за некој саат и аутомагично се понаша за нијанса помоќно.

За што тоа би ми требало време? Има некои скриени активности кои не ги контам? Те молам објасни пошто сериозно немам намера да потрошам повеќе од пола саат до саат у некоја гаража :)

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4148
  • Шо да пишам тука?🤔
Пола саат тешко.
Еден саат е читање и запишување само. А некој да ти стави генеричка мапа не би ти посакал. Со флекс немам искуство, но со КЕСС чита за 15 минути, запишува 45 или обратно. Спор е за запишување.
Плус треба рачна обработка на мапата. Инаку нормално дека аутото веднаш после тоа ќе се понаша поинаку.

Отсутен andrejnaumovski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 492
@Tischläufer најверојатно мојата би-поларна личност во зависност од расположение се движи помеѓу твојот пост и оној на @Simo - Carrier159

Во одредени моменти си викам, кој ѓаол, стар сум за да се возбудувам што од 5.6с ќе се спушти на ниски 5 или испод до 100ка. Но како што воочи Симо, електромоторот има на располагање само 13.5кв и се празни за околу 80тина км на отворено се гаси над 140кмч. Така да се надевам дека ќе добијам поопуштен бензинец одкако ќе се потроши батеријата.

Е сега главното прашање, кој у мк има dyno и искуство со m274 (или у најмала рака мапа со педигре од некој паметен германец што ги конта вистински работите)?

Autotech во Скопје се единствени тјунери со дајно од тоа што јас знам.

Иначе, бројката што ја кажуваат од фабрика за горна граница е најчесто далеку пониска од реалниот максимум, за да се заштити производителот. Чист пример, кај мене ZF вика максимумот е 450Nm, имам фабричка мапа од БМВ што работи точно на 450Nm, а обичен stage 1 е преку 500Nm на мотор. Да не правиме муабет колку луѓе на истиот мењач тераат 600 и нагоре, со stage 2 турбини и етанол. За 60Nm над граница ич немаш гајле. :)

Отсутен andrejnaumovski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 492
Друга работа, лимитите на мењачите најчесто се однесуваат на пролонгирана апликација на толкав обртен момент. Ако ти е за регуларно улично возење, немаш гајле :)

Отсутен Fikifico123

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 3
drugari da ve prasam dali znaete nekoj mehanicar sto pravi na avtomatic kola racni komandi za gas i kocnica

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4148
  • Шо да пишам тука?🤔
Не си во правилна тема, ама добро е да ти одговори некој. Сѐ се учи.
Може да се изработи, зависи од возилото, ама ќе те кошта прееемногу...

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5007
drugari da ve prasam dali znaete nekoj mehanicar sto pravi na avtomatic kola racni komandi za gas i kocnica
Мн просто изгледа, сум возел порано таква кола ама сега немам веќе кој да пршам з конверзијата, беше со рачка од  мотор за гас и кочница на неа од десната страна на волнот. Ама. Еве има некој прости конверзии на готово по Амазон и слично шо се plug n play и вероватно не коштаат многу.

https://www.amazon.co.uk/ILOKNZI-Handicap-Controls-Available-Adjustable/dp/B08TBYLZ46


Sent from my iPhone using Tapatalk
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 33903
  • Таков е животот... јебига
Ме збуни сеа. Пошто сум нов и не разбирам како идат работиве, јас мислев идам остаам кола, си пијам кафе/ручек терам у околина и си ја земам за некој саат и аутомагично се понаша за нијанса помоќно.

За што тоа би ми требало време? Има некои скриени активности кои не ги контам? Те молам објасни пошто сериозно немам намера да потрошам повеќе од пола саат до саат у некоја гаража :)
Не си ти толку изгубен колку што се правиш. Ти да беше нов и да не се разбираше, ќе отидеше ќе оставеше кола на некој саат и за некој саат и таа ќе се понашаше за нијанса помоќно.
Оди слободно, тјунирај и на појако 1000нм +, нема да и биде ништо на колата, пошто имаш ограничување од 50км/ч низ град, 80км/ч по магистрали и 120км/ч на автопат, нема ни третинка од вртежниот момент да искористиш.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4148
  • Шо да пишам тука?🤔
Рече дека поминал бреме во автомотив софтвер, најверојатно има познавање  ;)

Отсутен Fethiye48

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 1
    • Fethiye Tours
Ти си знаеш, ако имаш време за такви работи, терај