Автор Тема: CARclub Возење: Hyundai Ioniq 6  (Прочитано 1998 пати)

Отсутен TylerMkD

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 228
Одг: CARclub Возење: Hyundai Ioniq 6
« Одговори #30 на: 25 Март 2023, 14:27:46 pm »
Супер е колава како за електрично возило од прва генерација.

Која прва генерација, IONIQ 6 се вика буквално. Првата генерација пројде и замина, според мене поубав изглед од оваа имаше.

Инаку настрана дизајнот, не разбирам што е поентата со ретровизорите. Ако се со камери, обично ги прават дизајнерски убави и внатрешно добро да изгледаат. Ова камерата што ја ставиле е како од 80-ти во изглед, а внатре исто гадно и непрактично дури.

Да, ова е прва генерација. Претходниот Ioniq

Еве објасни ми мислата како има логика до тука...прва генерација, ама ПРЕТХОДНИОТ?

Исто како што Skoda Octavia се произведувала од 1959-та до 1971-ва, ама кога зборуваме за првата генерација Октавија, мислиме на таа од крајот на 90ти.

Исто како што од еден Hyundai Genesis модел направија прво серија на модели, па целосно нов бренд. Сега од Ioniq прават серија модели - имаш Ioniq 5, Ioniq 6, ќе има и Ioniq 3...

Hyundai Ioniq си беше еден единствен модел, ама одлучија ознаката Ioniq да ја користат за цела серија на модели. Како што Audi направи со e-tron - прво имаше само Audi e-tron, па ја искористија истата ознака за сите други електрични модели.



Со што ми ја докажа поентата. Ова може да биде прва генерација на IONIQ 6, но не може да биде прва генерација на електрично возило, кога веќе компанијата произвела претходна генерација на електрично возило.
Тогаш оригиналниот IONIQ што е, нулта генерација?

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54744
  • Махер
Одг: CARclub Возење: Hyundai Ioniq 6
« Одговори #31 на: 25 Март 2023, 14:47:19 pm »
Истата генерација е.

Отсутен TylerMkD

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 228
Одг: CARclub Возење: Hyundai Ioniq 6
« Одговори #32 на: 25 Март 2023, 15:01:12 pm »
Истата генерација е.

Почнавте за две различни работи да зборите. Ти дефинираш според твои параметри што е прва генерација, а што втора на електрично возило. Според твоите параметри и 10 автомобили да се произведат во наредни 50 години, ако не задоволува тоа што ти сметаш дека е втора генерација, тогаш останува прва генерација.

@zeroSignal сака да ресетира генерации според името, што е дополнително конфузно.

За мене концептот е едноставен - Hyundai веќе има произведено full electric возило, со што следното full electric е дел од втора генерација. 5-6-7 (зашто не ги следам многу искрено) се дел од иста генерација зашто се различни модели, но ако првиот си го произвел во 2016-та, а во 2023 вадиш нов електричен - не ми има логика да биде дел од иста генерација.

Целата поента која јас ја правев е дека не им е ова прв обид на Hyundai со електрично возило, така што не треба да се простуваат грешки врз база на „прва генерација, доволно е“.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54744
  • Махер
Одг: CARclub Возење: Hyundai Ioniq 6
« Одговори #33 на: 25 Март 2023, 17:00:40 pm »
Истата генерација е.

Почнавте за две различни работи да зборите. Ти дефинираш според твои параметри што е прва генерација, а што втора на електрично возило. Според твоите параметри и 10 автомобили да се произведат во наредни 50 години, ако не задоволува тоа што ти сметаш дека е втора генерација, тогаш останува прва генерација.

@zeroSignal сака да ресетира генерации според името, што е дополнително конфузно.

За мене концептот е едноставен - Hyundai веќе има произведено full electric возило, со што следното full electric е дел од втора генерација. 5-6-7 (зашто не ги следам многу искрено) се дел од иста генерација зашто се различни модели, но ако првиот си го произвел во 2016-та, а во 2023 вадиш нов електричен - не ми има логика да биде дел од иста генерација.

Целата поента која јас ја правев е дека не им е ова прв обид на Hyundai со електрично возило, така што не треба да се простуваат грешки врз база на „прва генерација, доволно е“.
И ако извадат во 2023та уште 3 возила како јоник 1 јоник 3 и јоник 4 тие според "тебе" која генерација ќе се? 5та?

Според "мене" е поедноставната варијанта. Прва генерација се експериментални возила без поента и за такси возачи и банки, и инстаграмџии. Втора генерација се понормални кои ќе се за народ.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11699
  • Архитект
Одг: CARclub Возење: Hyundai Ioniq 6
« Одговори #34 на: 27 Март 2023, 09:11:14 am »
Тоа 4те точки на воланот. Што покажуваат?
Индикатор за батеријата?
;D

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29155
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Возење: Hyundai Ioniq 6
« Одговори #35 на: 27 Март 2023, 10:22:13 am »
Ах, заборавив да спомнам тоа. 4 точки се H во морзеова азбука, и менуваат боја во зависност од режим на возење и дали си во рикверц. Ситен детал, ама интересен. Ќе додадам во текстот, тенкс!