Автор Тема: Голгота наречена купување автомобил 10000-15000 евриќи  (Прочитано 7929 пати)

Отсутен L

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 88
Ајде да видиме како ќе се изоди овој тежок и мрачен пат

Желба:



Реалност:



Опции: 1. седан, 2. хечбек, 3. СУВ

Не се во игра: голфови, каравани, мали градски. 1.0 мотори

Нема да се брза затоа што тек во ноември ми истекуваат 2 години од возачка дозвола, па да не се платат многу казни за помоќно возило.

Претходно искуство со Сеат Леон 2007, многу тврда вожња за низ град, ама одлично за на отворено. Поновите модели и не се нешто посебно

Потрагата ќе се оддолговлечи затоа што ќе треба да се паркира во Прилеп, изборот тука е ужас, а време за акање по преваранти плацеви е многу мало.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7076
Одг: Голгота наречена купување автомобил 10000-15000 евриќи
« Одговори #1 на: 26 Февруари 2023, 20:55:21 pm »
Х5 од прва генерација, по можност бензин. Ако најдеш 4.4 одлично, ако не и 3.0 е ОК за почетник.

Отсутен lovdemord

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 58
Одг: Голгота наречена купување автомобил 10000-15000 евриќи
« Одговори #2 на: 26 Февруари 2023, 23:23:31 pm »
Ако е буџетот 10-15к што не видиш некој нов автомобил.

Отсутен Tiro

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 299
Одг: Голгота наречена купување автомобил 10000-15000 евриќи
« Одговори #3 на: 26 Февруари 2023, 23:48:57 pm »
Нели имаше слична тема за кола од 10 до 15К?

Отсутен Tiro

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 299
Одг: Голгота наречена купување автомобил 10000-15000 евриќи
« Одговори #4 на: 26 Февруари 2023, 23:49:22 pm »
Ако е буџетот 10-15к што не видиш некој нов автомобил.
Може да споделиш линк за нова кола до 15К?

Отсутен L

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 88
Одг: Голгота наречена купување автомобил 10000-15000 евриќи
« Одговори #5 на: 27 Февруари 2023, 22:15:39 pm »
Ден 1. Додадени потенцијални автомобили.

Пасат Б8
Ауди А4 Б8

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20115

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6445
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Голгота наречена купување автомобил 10000-15000 евриќи
« Одговори #7 на: 28 Февруари 2023, 07:31:05 am »
Далеку е Ноември стрико, освен нова ако сакаш да порачаш па тамам да ти стигни тогаш.

Отсутен L

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 88
Одг: Голгота наречена купување автомобил 10000-15000 евриќи
« Одговори #8 на: 28 Февруари 2023, 16:51:12 pm »
Далеку е Ноември стрико, освен нова ако сакаш да порачаш па тамам да ти стигни тогаш.

Абе една Киа Сид е 27000 да се намочам на нив... Претерано се скапи новиве коли.

Отсутен L

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 88
Одг: Голгота наречена купување автомобил 10000-15000 евриќи
« Одговори #9 на: 28 Февруари 2023, 22:10:52 pm »
Ден 2,

нов модел кој влегува во игра: Опел Инсигнија 2018.

Отсутен JDM4LIFE

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 333
И јас сум на иста мака веќе 4 месеци , почнав со истиот буџет и секој месец го зголемувам по 2500 евра и уште неможам да најдам добро возило за нормална цена.Инсигниа само 2.0, пробав 1.6 не мрда колата а и на нет пишува дека трошат масло 1.6.
Веќе ми е смачено од пратење огласи и проверка на возила, се е бизнисмени што се прават паметни и мислат дека никој друг не разбира ништо за да спечалат, кога ќе прашаш да се носи колата во овластен на проверка ретко кој прифаќа.
Тешко излегува добро возило на оглас со добра цена, за ново треба да си го дуплираме буџетот и да чекаме со месеци нешто пристојно.
Drifted....

I'm so JDM i sleep on the right side of the bed.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2350
Во некоја тема некој препорача една Елантра што се продава во Голден кар, мислам 2018 година беше со некои 80к км, е малку цената беше (барем според мене) спорна од 13.000 евра, да не се повторуваме со темата за моменталните цени, тешко денеска да се процени што е реално а што не
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен JDM4LIFE

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 333
Во некоја тема некој препорача една Елантра што се продава во Голден кар, мислам 2018 година беше со некои 80к км, е малку цената беше (барем според мене) спорна од 13.000 евра, да не се повторуваме со темата за моменталните цени, тешко денеска да се процени што е реално а што не
Точно има, црвена, комшијата мој има иста таква 2019 ја купи 12500 имаше и реклама ако ја најдам.
Мислам дека има и членови тука што купија по таа цена.
За мене не е таа кола, а и цената сепак е висока.
Drifted....

I'm so JDM i sleep on the right side of the bed.

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1765
Во некоја тема некој препорача една Елантра што се продава во Голден кар, мислам 2018 година беше со некои 80к км, е малку цената беше (барем според мене) спорна од 13.000 евра, да не се повторуваме со темата за моменталните цени, тешко денеска да се процени што е реално а што не

Добра кола за 8к евра колку и што вреди. За 13к нека ја продава во Кореа во фабриката на Хјундаи.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10963
  • 430i
зошто во Кореа кога тука ќе отиде за 2 дена :)

*мислам дека веќе е продадена или капарисана