Автор Тема: CARclub Тест: 2022 Haval Jolion 1.5T  (Прочитано 3134 пати)

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: 2022 Haval Jolion 1.5T
« Одговори #30 на: 28 Јануари 2023, 09:25:35 am »
Иначе што се однесува до ХАВАЛ не сум сигурен колку е моќен Толту да обезбеди коректен сервис и посено резервни делови. Истото се однесува и на АБЦ мооторс за ДФГ. Можеби возилата се ОК, но мислам дека настапува како соло играч без бекап од фабриката или принципалот. И за мене тука е најголемата дилема. Не дај боже да излезе поголем проблем со кој ќе се расправаш и докажуваш. На пример Гранд моторс како групација сериозно се завземаа за MG на глобално ниво, а MG и не е така непознат бидејќи неколку години наназад се продава во “матичната“ му земја Велика Британија.

Мислам дека за Хавал не би требало да е проблем. Great Wall отвори европско седиште во Минхен пред година-две, а регионално работат на неколку пазари. Плус, Толту работи со GWM веќе 10 години, не се тазе во приказната.

Отсутен mkm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1297
Одг: CARclub Тест: 2022 Haval Jolion 1.5T
« Одговори #31 на: 28 Јануари 2023, 15:35:21 pm »
Toа да, ама не ми изгледа доволно сериозен партнер. Или заинтересираноста на GWM е нула, или овие не си ја вршат работата ко што треба, мада мене ми изгледа дека е она првото. Нит прописен салон, нит прописен по стандарди сервис а за маркетинг муабет да не праиме. Само по некоја скромна и тоа неспонзорирана објава на ФБ