Автор Тема: Тресење на волан со дистацери - можни причини  (Прочитано 2331 пати)

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Ајде да видиме можни причини за тресење на волан при возење со дистацери, тресењето е силно изразено како при возење со криви гуми и се јавува/осеќа најјако помеѓу 120 и 140 км/ч, над и под тоа не го приметувам.
Пробано со 2 сета различни дистацери, двата сета нови купени и со двата треси.

Без дистацери на предните тркала, нема ништо.
Очигледно дека не сакам да се откажам од намерата да има и напред дистацери, па пукајте според вас можни причини. Само како што кажав, без нив апсолутно се е во ред со колата при секоја брзина.

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7387
Одг: Тресење на волан со дистацери - можни причини
« Одговори #1 на: 22 Ноември 2022, 15:45:05 pm »
Очигледно е дека ќе мораш да се откажеш од дистанцерите или да купиш нови што се асални и прави.😁



Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Тресење на волан со дистацери - можни причини
« Одговори #2 на: 22 Ноември 2022, 16:08:09 pm »
Главчините со компаратор провери ги.
После намести ги дистанцерите, притегни ги со штрафовите и повторно провери ги со компаратор.
Провери бандашите колку се прави.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4759
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Одг: Тресење на волан со дистацери - можни причини
« Одговори #3 на: 22 Ноември 2022, 16:10:20 pm »
Исчисти дискови и бандажи од внатре да сијаат, ако има р'ѓа/прљавштина никогаш нема да легнат ко шо треба.



Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Одг: Тресење на волан со дистацери - можни причини
« Одговори #4 на: 22 Ноември 2022, 19:58:05 pm »
Абе ги стружев со четка на батерискиот пиштол, чисти изгледаа двете површини, бандажите се добри треси и со летен и со зимски сепат. Тоа главини да проверувам немам намера да купувам алат само за тоа, мада ако се криви би тресела и без дистацери...можда ќе земам потаму уште еден сет 15мм, посалам марка да речам, па ако пак треси ќе остани без  нив. И Марјанот колку што памтам имаше таква мака и ги изваде, а и други се жалат на истото по фб.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Тресење на волан со дистацери - можни причини
« Одговори #5 на: 22 Ноември 2022, 20:09:25 pm »
Е па сеа сакаш да го решиш проблемот, ама не сакаш компаратор.
Дистанцерите ќе ги акцентираат (појачаат, зголемат, како да кажам...) сите неправилности околу овие работи. Главчини, бандаши, лагери, па дури и дебалансирана полуосовина, бидејќи додаваат екстра напор на овие делови. Ако сакаш да откриеш што е, почни све од ова да доведуваш во перфектна состојба.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен miksi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1413
Одг: Тресење на волан со дистацери - можни причини
« Одговори #6 на: 22 Ноември 2022, 20:25:38 pm »
Купи си нова Алфа со детелинка.

Отсутен Tomce

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 590
    • ibiz.mk
Одг: Тресење на волан со дистацери - можни причини
« Одговори #7 на: 22 Ноември 2022, 20:34:57 pm »
Јас имав сличен проблем. Кога ставив 30мм беа. Тресеше,. Не ми се замараше да проверувам.
После пола година почна да тресе без дистанцери, искочи главчина за менување.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Одг: Тресење на волан со дистацери - можни причини
« Одговори #8 на: 09 Декември 2022, 16:13:43 pm »
Балансирани денес колцата   ;D It's still shaking,  гледам има компаратори за по 12-13€, се думам дали да порачам за да ги проверам дисковите или на нареден сервис за 2-3 000 км да му речам да проверат ...

Битно при проба на автопат едно Кеди и една Октавија не успеаа да се држат до 200  :) А ми се лепеа..

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Тресење на волан со дистацери - можни причини
« Одговори #9 на: 10 Декември 2022, 02:15:20 am »
Очигледно дистанцерите прават проблем. Фрли тој отпадок таму и вози си ко нормален чоек.

Отсутен The Seventh Son

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 226
Одг: Тресење на волан со дистацери - можни причини
« Одговори #10 на: 10 Декември 2022, 02:16:15 am »
abe dete pravis od gotovo veresija

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7387
Одг: Тресење на волан со дистацери - можни причини
« Одговори #11 на: 10 Декември 2022, 12:46:20 pm »
Јас мислам дека дистанцерите се проблем. ;D

Отсутен Kikac

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2734
  • Шалабајзер
Тресење на волан со дистацери - можни причини
« Одговори #12 на: 10 Декември 2022, 13:17:02 pm »
Балансирани денес колцата   ;D It's still shaking,  гледам има компаратори за по 12-13€, се думам дали да порачам за да ги проверам дисковите или на нареден сервис за 2-3 000 км да му речам да проверат ...

Битно при проба на автопат едно Кеди и една Октавија не успеаа да се држат до 200  :) А ми се лепеа..
Со тоа дистанцерите, има да бидеш ко Жикина Династија “Пријатељу, чији је ово точак?”


Sent from my iPhone using Tapatalk
No turbo, no fun :)

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Одг: Тресење на волан со дистацери - можни причини
« Одговори #13 на: 10 Декември 2022, 20:04:34 pm »
И без нив заебава, можно е да е крива полуосовина или диск, како и да е, не е до толку изразено за да менувам нешто. Кога/ако ќе се интензивира тресењето, ќе оди на дијагностика.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Одг: Тресење на волан со дистацери - можни причини
« Одговори #14 на: 10 Јануари 2023, 19:06:21 pm »
Денес беше во сервис, освем дебалансирани 1 предно и 1 задно тркало, едното со 10грама, другото со 5г, а ги балансирав во друг сервис пред нецел месец, вика ништо друго нема, се е стегнато долу, ама тресење е уште тука, можда за нијанса намалено, ама го има.
Овие дена ќе пробам без дистацери и со два летни бандажи напред, па ако не се промени ништо ќе видиме што следно. Знаев дека нема да е лесно за откривање што е  :)