Автор Тема: Дијагностика и решавање кварови од форумаши  (Прочитано 1837 пати)

Отсутен A6

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 34
https://www.veed.io/view/dd5e84b3-325a-4007-8d6b-830fd923e357?sharingWidget=true&panel=share

https://www.veed.io/view/d09ab954-9088-4d9a-80e9-fc63e202c94f?sharingWidget=true&panel=share
Се работи за Ауди А6 6-цилиндри чист бензин 150кс од 1996година.Менувано свеќици,каблови,клаплна со степ моторче,сензор за усисен воздух,ламбда сонда и копмплет кит водена пумпа со каиши и ролери...Симптоми-на мала гас сецка или наеднаш прекинува и силно прекинува подрипнува што е незгодно кога возеш(струја или бензин) како да гаси во секунда и продолжува да оди.Нема проблем на повисока брзина или степен на бризна.Едноставно не може да се вози контуинирано да речеме 10мк на час,подрипнува и како да сака да гаси.Проверено на дијагностика и носено кај неколку мајстори но дефектот остана..Мислење од форумаши...

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Дијагностика и решавање кварови од форумаши
« Одговори #1 на: 21 Ноември 2022, 14:15:07 pm »
Си го ресетирал ECU-то?


Откако ќе го направиш ова, вози ја нормално. Без да ја јачиш, да „научи“ компјутерот.

Отсутен Alex.mkd

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 159
Одг: Дијагностика и решавање кварови од форумаши
« Одговори #2 на: 21 Ноември 2022, 14:30:22 pm »
Филтер гориво, дизни, бензиска пумпа провери

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5558
Одг: Дијагностика и решавање кварови од форумаши
« Одговори #3 на: 21 Ноември 2022, 14:35:18 pm »
А од кај шо иди струјата до каблите провери со друго ? Со друга бобина ако е како на старите коли или ако е со посебни за секоја свеќица, да пробаш комплет од друга кола како ќе се понаша.

Sent from my SM-A202F using Tapatalk

Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен A6

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 34
Одг: Дијагностика и решавање кварови од форумаши
« Одговори #4 на: 21 Ноември 2022, 14:56:09 pm »
Си го ресетирал ECU-то?


Откако ќе го направиш ова, вози ја нормално. Без да ја јачиш, да „научи“ компјутерот.
Да,сторено но проблемот остана

Отсутен A6

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 34
Одг: Дијагностика и решавање кварови од форумаши
« Одговори #5 на: 21 Ноември 2022, 14:58:40 pm »
Филтер гориво, дизни, бензиска пумпа провери
кога вклучуваш контакт се слуша како бензинската пумпа зуи кратко односно работи.Проверено кај мајстор.

Отсутен A6

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 34
Одг: Дијагностика и решавање кварови од форумаши
« Одговори #6 на: 21 Ноември 2022, 15:05:20 pm »
А од кај шо иди струјата до каблите провери со друго ? Со друга бобина ако е како на старите коли или ако е со посебни за секоја свеќица, да пробаш комплет од друга кола како ќе се понаша.

Sent from my SM-A202F using Tapatalk



има три бобини од која секоја по две свеќици.Чудно е што не се пали никаква контролна лампица на инструмент таблата или да зажаре кога сецка..Има немирен лер,значи одеднаш самата ќе покачи обртаи до кај 1.6 до 1.8 па самата ќе намали.Истото паѓа и под 800 обртаи и знаи да изгаси..ова го прави и на ладна и загреана работна температура.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Дијагностика и решавање кварови од форумаши
« Одговори #7 на: 21 Ноември 2022, 15:34:40 pm »
Сензор за лер гас? Едино тоа вака знае да направи.

Оти гледај, се гледа дека компјутерот добива информации некакви и ги крева обртаите, па пак корегира па пак крева.

Значи чита погрешни вредности.

Погрешни вредности само сензорите ти даваат.

Ако е нешто механичко да речам како проблем многу по „хаотично“ би работела колата.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Дијагностика и решавање кварови од форумаши
« Одговори #8 на: 21 Ноември 2022, 15:53:45 pm »
И електрична инсталација од сензори/чуда до компјутер.

Отсутен A6

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 34
Одг: Дијагностика и решавање кварови од форумаши
« Одговори #9 на: 21 Ноември 2022, 15:55:29 pm »
Сензор за лер гас? Едино тоа вака знае да направи.

Оти гледај, се гледа дека компјутерот добива информации некакви и ги крева обртаите, па пак корегира па пак крева.

Значи чита погрешни вредности.

Погрешни вредности само сензорите ти даваат.

Ако е нешто механичко да речам како проблем многу по „хаотично“ би работела колата.
https://www.photobox.co.uk/my/photo?album_id=6723390215&photo_id=505048054365
https://www.photobox.co.uk/my/photo?album_id=6723390215&photo_id=505048065240
сменето клапна и маф сензор и степ за лер гас

клапна со маф сензор и степ за лер гас сменето
« Последно менување: 21 Ноември 2022, 16:03:54 pm A6 »

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Дијагностика и решавање кварови од форумаши
« Одговори #10 на: 21 Ноември 2022, 16:04:10 pm »
Ако не фрла грешка нешто на компјутер, не знам сега што дијагностика има оваа генерација на A6-ка, претпоставувам OBD1, а се си сменал, не знам што може да е, а не верувам некој да знае.

Ти остнува уште друг компјутер да пробаш од ист мотор да смениш, да видиш дали ќе ти го реши проблемот.

Едино, некој добар електричар да ја види, нешто ете некаде да не „фрла“ нешто, не знам.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Дијагностика и решавање кварови од форумаши
« Одговори #11 на: 21 Ноември 2022, 17:09:39 pm »
Ако си ставал половни сензори или степ мотор за лер гас, да си пробаш со нови да видиш како ќе биде :)

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5044
  • The Spartan General
Одг: Дијагностика и решавање кварови од форумаши
« Одговори #12 на: 22 Ноември 2022, 07:01:26 am »
https://www.veed.io/view/dd5e84b3-325a-4007-8d6b-830fd923e357?sharingWidget=true&panel=share

https://www.veed.io/view/d09ab954-9088-4d9a-80e9-fc63e202c94f?sharingWidget=true&panel=share
Се работи за Ауди А6 6-цилиндри чист бензин 150кс од 1996година.Менувано свеќици,каблови,клаплна со степ моторче,сензор за усисен воздух,ламбда сонда и копмплет кит водена пумпа со каиши и ролери...Симптоми-на мала гас сецка или наеднаш прекинува и силно прекинува подрипнува што е незгодно кога возеш(струја или бензин) како да гаси во секунда и продолжува да оди.Нема проблем на повисока брзина или степен на бризна.Едноставно не може да се вози контуинирано да речеме 10мк на час,подрипнува и како да сака да гаси.Проверено на дијагностика и носено кај неколку мајстори но дефектот остана..Мислење од форумаши...

Проблемот излгеда доста чудно. Ова се нештата што јас би ги проверил.

- Прво, проверка на акумулатор дали сите ќелии се во ред, дали има доволно струја (особено на поладно) за да може да ги храни сите електропотрошувачи (електромоторчињата на клапната, бензинските пумпи).
- Второ, ресет на клапна и степ моторче. Ја палиш колата, вадиш кабелот од клапната/моторчето и оставаш да работи околу минута две така во место. Гасиш, уштекуваш  каблите, палиш, возиш 50-100км да се адаптира моторчето на твојот стил на возење.
- Трето, проверка дали при менувањето на сите овие работи од некаде влегува паразитен воздух. Атмо бензин треба добро да е затегнат од секаде и кога всисува воздух ако влегува од некаде паразитен воздух ќе си прави шашми со вртежите.
- Четврто, проверка на вентилот/цревата за картерна вентилација. Овој мотор е барем 20-25 години стар и маслените пареи од картерот ги разјадуваат/распукнуваат цревата кои водат од вентилот до усисната грана
- Петто, проверка во каква состојба ти се катализаторите. Има два (в6 мотор). Тие се со керамички рамки/компоненти  + платина и ако се распаднати внатре или се затнуваат или ги исчурува низ ауспух и има разлика во притисоци на левата и десната страна.
- Шесто, ќе почнеш пак со откачување/менување делови по воздухот, струјата, издувот за да видиш кој од овие три те дупчи во здрав мозок.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Дијагностика и решавање кварови од форумаши
« Одговори #13 на: 22 Ноември 2022, 08:26:20 am »
Неколку од наведените работи како катализатор и фалш воздух би ги исклучил бидејки нема симптоми на повисоки брзини. Дури би рекол дека на повисоки брзини симптомите би биле поизразени.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4997
Одг: Дијагностика и решавање кварови од форумаши
« Одговори #14 на: 22 Ноември 2022, 08:26:55 am »
Masa nekoja moze da te raboti

Sent from my Redmi Note 9S using Tapatalk