Автор Тема: Роло гаражна врата - понуда, сервис, проблеми  (Прочитано 1314 пати)

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2106
Побарав да не има иста или слична тема ама не најдов, па мислам дека тука е најсоодветно да се лоцира темата.

Во зградата во која живеам, имаме проблем со гаражната врата, два пати се кинат сајлите што ја придвижуваат вратата. Вратата е во вид на мрежа/решетка, не е целосен панел (како и да се вика стручно), па не би требало да е тешка.
Како што разбравме, вратата ја монтирале од Паневски & синови. Последниот пат кога ја правеа, не поминаа 2 месеци повторно се јави проблем со сајлите.
Сега ни бараат некои 10.000 ден за да ја поправат, без гаранција. Добивме и несериозна понуда, во смисла они да побарале понуда во Германија за нешто поквалитетно, ама кога ќе стигнело тоа од Германија, дури тогаш ќе знаеле дали ќе треба да се менува и сетот на вратата, заедно со електроника или во превод, би не ставиле пред свршен чин да мора да го платиме и тоа, а немаме никаква претстава колку би чинело.

Морав малку вовед за проблематиката. Ми треба препорака за сериозна фирма која што работи со квалитетни делови и дава гаранција на сработеното, која би дошла да се запознае со проблемот, да даде мислење и да даде понуда. Да даде мислење дали е можно да ја средат механиката а да си остане старата електроника или ќе мора се комплет.
Воедно, може и за други работи да се договориме и за друга понуда, во смисла да поставиме уред за токени на влезната врата (сакаме да го тргнеме тоа со шифрата). Така да, би било добра некоја фирма со поширок опсег на опрема и услуги.
Би ве замолил за препорака, благодарам
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10039
Одг: Роло гаражна врата - понуда, сервис, проблеми
« Одговори #1 на: 01 Ноември 2022, 09:27:59 am »
Doors impeks ми делуваше најсериозна фирма од неколкуте контактирани, еве 2 години си работи ок.

Отсутен @ILE@

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 206
Одг: Роло гаражна врата - понуда, сервис, проблеми
« Одговори #2 на: 01 Ноември 2022, 09:50:28 am »
Кај нас сега последно од Smartroll монтираа нов мотор, а претходно вратата и целиот механизам е монтирана од IRFA Тетово. И двете фирми даваат гаранција. Проверете контактирајте ги.

Отсутен HoLfElDeR

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 30
Одг: Роло гаражна врата - понуда, сервис, проблеми
« Одговори #3 на: 01 Ноември 2022, 09:51:54 am »
Проспера, Ројал Инвест, Политоп, Ролопласт, е сега треба да се види, различни гаранции даваат, 5-10 год, и дали би се нафатиле да поправаат т.е. да модифукуваат врата од друга фирма

Отсутен AllMightyMe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6947
Одг: Роло гаражна врата - понуда, сервис, проблеми
« Одговори #4 на: 07 Ноември 2022, 15:47:43 pm »
Златна рака, можеби....

Иако јас немав баш најсреќа со нив, во споредба со ова што го кажуваш не е баш сериозно.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2106
Одг: Роло гаражна врата - понуда, сервис, проблеми
« Одговори #5 на: 08 Ноември 2022, 07:31:14 am »
Ги исконтактирав фирмите од погоре што беа наведени, некои не сервисираат, некои сервисираат само свои врати, Надзорниот одбор на зградата е во потрага по други фирми.
Инаку да @Mikius , Doors impeks ми остави добар впечаток кога исконтактиравме, ја предложив на соседите, па ќе видиме.
Се разгледуваат опции и за комплет нова врата и цените се движат од 1500 до кај 2600 евра, па кога ќе се подели на некои 100+ паркинг места ќе излезе по 25 евра од човек, што може и не е лоша опција.
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен AUUU

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6884
Одг: Роло гаражна врата - понуда, сервис, проблеми
« Одговори #6 на: 08 Ноември 2022, 07:44:57 am »
Ги исконтактирав фирмите од погоре што беа наведени, некои не сервисираат, некои сервисираат само свои врати, Надзорниот одбор на зградата е во потрага по други фирми.
Инаку да @Mikius , Doors impeks ми остави добар впечаток кога исконтактиравме, ја предложив на соседите, па ќе видиме.
Се разгледуваат опции и за комплет нова врата и цените се движат од 1500 до кај 2600 евра, па кога ќе се подели на некои 100+ паркинг места ќе излезе по 25 евра од човек, што може и не е лоша опција.
И кај мене сме во процес на замена на старата врата, роло, алуминиумска. Си работеше се додека еден ден не ни влезе пикап низ затворена врата.
Понудата за нова со стара електроника е околу 2.000 евра, ама ние сме 12 места само....

Кај нас првата ја правеше фирмата "Младост", презадоволни, така да и сега он ќе ја оправа. За контакт пробај 070227891, ако не е тој пиши ќе побарам друг, немам јас директна комуникација, се си брка фирмава управител.

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1835
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Роло гаражна врата - понуда, сервис, проблеми
« Одговори #7 на: 08 Ноември 2022, 09:05:23 am »
Ги исконтактирав фирмите од погоре што беа наведени, некои не сервисираат, некои сервисираат само свои врати, Надзорниот одбор на зградата е во потрага по други фирми.
Инаку да @Mikius , Doors impeks ми остави добар впечаток кога исконтактиравме, ја предложив на соседите, па ќе видиме.
Се разгледуваат опции и за комплет нова врата и цените се движат од 1500 до кај 2600 евра, па кога ќе се подели на некои 100+ паркинг места ќе излезе по 25 евра од човек, што може и не е лоша опција.

Колку стана има зградата, чим има 100+ места?
Ексик, додека да се договорите сите. Ќе мора неколку души да кочат, секогаш.
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1255
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: Роло гаражна врата - понуда, сервис, проблеми
« Одговори #8 на: 10 Ноември 2022, 20:52:23 pm »
Кај мене е ролл врата, од
https://mk.rollplast.com/proizvodi/garazhni-vrati

Проблем се надворешните изведувачи кои земаат мерка на окното, после 2 недели ја добиваат од Бугарија и колат за цена, најмалку x3 од цената на чинење.
Во потрага на сервис кога ми требаше, дојдов до изворот, односно овие rollplast.
Вратите се коректни, ролл моторот внатре е некои 100 Евра, Германска франшиза се, е сеа, ако си со фат, или имаш некој што сака нормално да заработи, ќе се изненадиш колку се всушност вратите ефтини.
И кај мене една комшика ја собра, ама ја вратив у винкла  ::)

Присутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3595
Одг: Роло гаражна врата - понуда, сервис, проблеми
« Одговори #9 на: 11 Ноември 2022, 14:28:57 pm »

Пробав да ги добијам на сите броеви што им се оставени за контакт, но јавува дека не се во функција.

Може контакт број или како да го добијам најлесно?
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1255
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: Роло гаражна врата - понуда, сервис, проблеми
« Одговори #10 на: 11 Ноември 2022, 19:12:10 pm »
Имам некој мобилен од некој Маријан  072 267 069 ако сеуште постои.
Локациски беа во еден ќумез од магацин Карши Бако Визбегово.
42.02672422478174, 21.407158274349815
Дали се уште таму не знам.

Присутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3595
Одг: Роло гаражна врата - понуда, сервис, проблеми
« Одговори #11 на: 11 Ноември 2022, 19:55:36 pm »
Имам некој мобилен од некој Маријан  072 267 069 ако сеуште постои.
Локациски беа во еден ќумез од магацин Карши Бако Визбегово.
42.02672422478174, 21.407158274349815
Дали се уште таму не знам.

Благодарам!
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA