Автор Тема: 2011 Renault Megane RS250  (Прочитано 7971 пати)

Отсутен andrejnaumovski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 491
Одг: 2011 Renault Megane RS250
« Одговори #30 на: 14 Декември 2022, 10:20:45 am »
Има проблем со АБС пумпата, ќе ја праќам на реставрација во странство пошто нова е изгор скапа, а во меѓувреме зимава нема да види премногу возење секако (уште е на летни, се мислам дали воопшто и ми се исплати зимски да ставам).
И јас имав проблем со АБС на претходната кола, се мислев дали да ја пратам на реставрација во странство или половна исправна од ибеј (80e), земав половна од Англија преку ибеј и испадна одлично.

Специфичен дел е ептен, само за Megane RS250 има 4-5 различни ОЕМ броеви за АБС пумпи (година на производство, кое ниво на ЕСП го имаат пошто заедно идат итн), така да тешко веројатно дека ќе ја најдам баш таа што ми треба. Досега не успеав  ::)

Отсутен andrejnaumovski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 491
Одг: 2011 Renault Megane RS250
« Одговори #31 на: 14 Декември 2022, 10:22:51 am »
Колку им чини зафатот за керамиказирање на целата кола?

Не можам точно да ти кажам цена, пошто јас покрај полирање и керамика правев и хемиско и чистење на мотор и бандажи и сите салтанати... Целокупно ме фати 700 евра, со тоа што бојата на колава беше стварно во лоша состојба и сигурно требало трослојно полирање. Најдобро да им пишеш на Инстаграм модел и годиште на кола, и некоја слика под блиц на 2-3 панели да ја видат состојбата на бојата и ќе ти кажат отприлика цени  :)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54744
  • Махер
Одг: 2011 Renault Megane RS250
« Одговори #32 на: 14 Декември 2022, 10:44:21 am »
Колку им чини зафатот за керамиказирање на целата кола?

Не можам точно да ти кажам цена, пошто јас покрај полирање и керамика правев и хемиско и чистење на мотор и бандажи и сите салтанати... Целокупно ме фати 700 евра, со тоа што бојата на колава беше стварно во лоша состојба и сигурно требало трослојно полирање. Најдобро да им пишеш на Инстаграм модел и годиште на кола, и некоја слика под блиц на 2-3 панели да ја видат состојбата на бојата и ќе ти кажат отприлика цени  :)
Бра'o бе друже, ем што си се одлучил за чекорот ем што не рече „види инбокс“. Со здравје да се вози, и не штеди на слики!

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11699
  • Архитект
Одг: 2011 Renault Megane RS250
« Одговори #33 на: 15 Декември 2022, 08:48:27 am »
Нема потреба од фарбање на кочниците. Убава фабричка боја си имаат.

Наздравје третман. Очајно му требаше полирање на колава.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5978
Одг: 2011 Renault Megane RS250
« Одговори #34 на: 15 Декември 2022, 09:06:43 am »
Пуу 700 евра полирање...

Више кога се средува офарбај ги клештите од кочниците и сплитерот жолти. Има јајца колата ќе и стои...

Сеа, кажа човекот дека не е само полирање и дека лакот бил премногу оштетен, па морало трослојно полирање. Плус керамика кога ќе додадеш на тоа...

Не е скапо, ние немаме пари. Оди во Германија прашај таква услуга колку ќе кошта...

Отсутен andrejnaumovski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 491
Одг: 2011 Renault Megane RS250
« Одговори #35 на: 15 Декември 2022, 11:02:26 am »
Пуу 700 евра полирање...

Више кога се средува офарбај ги клештите од кочниците и сплитерот жолти. Има јајца колата ќе и стои...

Сеа, кажа човекот дека не е само полирање и дека лакот бил премногу оштетен, па морало трослојно полирање. Плус керамика кога ќе додадеш на тоа...

Не е скапо, ние немаме пари. Оди во Германија прашај таква услуга колку ќе кошта...

Хемиското (со заштита за кожа и пластики и сите тие глупости) + перење на моторен простор е сигурно 100-ина, 150 евра. Плус имав понуда со послаба керамика за 550 вкупно, ама кога веќе ја правам нека оди со најдобрата опција :)

Отсутен andrejnaumovski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 491
Одг: 2011 Renault Megane RS250
« Одговори #36 на: 16 Јануари 2023, 14:38:44 pm »
Да споделам и тука некое сликиче, се заиграв во гаража денес  ;D








Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5978
Одг: 2011 Renault Megane RS250
« Одговори #37 на: 16 Јануари 2023, 16:29:38 pm »
Јас па викам "чачкал нешто, апгрејд, дитејлинг, сервисче"...

Он се "заиграл" со сликање.

Отсутен andrejnaumovski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 491
Одг: 2011 Renault Megane RS250
« Одговори #38 на: 16 Јануари 2023, 17:17:30 pm »
Јас па викам "чачкал нешто, апгрејд, дитејлинг, сервисче"...

Он се "заиграл" со сликање.
Чекај бе, тек е јануари :))) имам Ексел документ со сите апгрејди што ќе се прават на 2те коли. За 2-3 недели ќе биде првиот на оваа, дур стигнат  делови

Отсутен AUUU

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6908
Одг: 2011 Renault Megane RS250
« Одговори #39 на: 16 Јануари 2023, 20:22:08 pm »
Браво, за мерак и колите и како си ги гледаш. Со здравје да си ги возиш.

Отсутен andrejnaumovski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 491
Одг: 2011 Renault Megane RS250
« Одговори #40 на: 24 Февруари 2023, 12:36:19 pm »
Славиме сезона на редовни сервиси кај мене дома :))



Набавено 6 литри Shell Helix Ultra 5W40 (со RN0710 сертификат од Рено) - пробав да набавам Fuchs Titan Race Pro масло ама неуспешно, нигде го нема на залиха во Мк, ова е препорачана алтернатива по сите RS форуми. Плус филтер за масло ОЕМ и Mann филтер за кабина со активен јаглен - колата има cold air intake па не треба промена на филтер за воздух.

Вкупна цена на 6 литри масло + 2та филтри = 9300 денари. Сеа уште да закажам термин за сервис :))

Отсутен andrejnaumovski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 491
Одг: 2011 Renault Megane RS250
« Одговори #41 на: 28 Февруари 2023, 11:31:17 am »
Нарачан сет пружини Cooksport со 25мм пад и напред и назад. Најпрепорачувани по RS форуми, рангирани над H&R и Eibach. Проблемот е што испорачуваат само во Британија - ги испратив кај другар таму. Цената на самиот сет е 220 евра, до Мк очекувам околу 300-300 и нешто да фати. Таман додека стигнат во Британија па после до Македонија се надевам ќе стигне и новата АБС пумпа за брзо, па во едно одење на сервис ќе се смени одеднаш.


Отсутен andrejnaumovski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 491
Одг: 2011 Renault Megane RS250
« Одговори #42 на: 01 Март 2023, 19:41:57 pm »
Направен редовен сервис и инспекција во Мазак, работна рака 1500 денари. Спиралите се на пат кон Македонија.

Отсутен andrejnaumovski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 491
Одг: 2011 Renault Megane RS250
« Одговори #43 на: 04 Март 2023, 11:59:07 am »
Денес една посета до Мотоцентар во Ист Гејт на балансирање пошто вчера ми дрмаше, испадна предните гуми се извиткале и биле истрошени, а купени пред 9 месеци :))) секако планирав да ги менувам и скрос здрави да беа, пошто беа некои ефтини, така да резервирано 4 парчиња Continental SportContact 7 235/40 R18, ќе се монтираат понеделник, по цена од 8900 по парче што е ептен добра цена.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54744
  • Махер
Одг: 2011 Renault Megane RS250
« Одговори #44 на: 04 Март 2023, 12:18:47 pm »
Многу солиден избор си направил.