По мое гледиште менувачот е најбитен за една обична кола купена во 2022 година за оваа сума по која што се продава дотичното возило.
Една нога и една рака ти се ослободени и имаш значително помалце работа и замарање при возењето. Обичен хеч со 150кс е. Да е некое викенд аутце или па некоја ефтина градска зујалица во ред, ама кола за 22-3000 евра што треа да служи како евридеј кар за најобично возење и да е мануел не би му препорачал на никој(добро може на некој што не го сакам). Скроз безвезално.
Да не зборуваме па за препродажбата после, цената ќе биде многу слична како на некоја опремена со ДСГ а огромна разлика во функционалноста на колата (во корист на таа со ДСГ).