Автор Тема: Купувам кола  (Прочитано 18721 пати)

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6150
Одг: Купувам кола
« Одговори #90 на: 08 Август 2022, 14:44:40 pm »
@Deni

Он ќе почека, докај 14к да падне...

@DarthJe5us

Јас мислам дека нема некој погласен на форумов дека цените на колите не се реални.

Да, не се, сите знаеме. Можеш да смениш нешто со тоа што ќе трубиш цело време? Не.

Факт е дека е лошо време за купување на кола баш сега - било нова, било користена. А ти како што мислиш дека ќе начекаш примерок зачуван, како сите што сакаат, а по цена која ти мислиш дека е реална, па и да е модел кој лесно ќе се продаде за релативно кратко време - мало сутра.

Јес да како купувач си во предност. Но, јас како продавач не значи дека ќе чекам со смкнати гаќи и подмачкан ти да дојдеш. Нормално дека ќе ја (зло)употребам моменталната ситуација на пазарот и ќе ја продадам колата за повисока цена од што реално вреди.

А тоа што здравите коли се продаваат по повисоки цени од овие "нереалните", е сасвим друг муабет.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20114
Одг: Купувам кола
« Одговори #91 на: 08 Август 2022, 15:12:57 pm »
Каде сум пишал на друго место за цениве?

Пишав што барам моментално. Темава ја почнав дека барам кола од 6-7000 евра, не се најде. Сега барам доста поскапа кола, пак не се наоѓа.

Ако не се најде тоа ќе се смени критериумот и тоа е тоа.

Да била добра понуда ќе се продадел црвениот Леон, затоа дреме на оглас со месеци. Нови коли не се чекаат толку како што се чекаа, има нови коли за тој што сака.

На оглас се што имаше интересно се јавив и го видов. Ако знаете за кола што не е на оглас ок, ако не пак ок.

Нема потреба од глупости пишување на темава. Немаше вакви коментари во темата на Гојдо.
« Последно менување: 08 Август 2022, 15:18:32 pm DarthJe5us »

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6150
Одг: Купувам кола
« Одговори #92 на: 08 Август 2022, 21:33:40 pm »
После секој пост на оглас за кола во "интересни понуди" коментираш дека цената е висока и дека возилото автоматски ме вреди, не зезај...

Како е ова добра цена за 1.2 тси голф 5?

Интересна е пошто цената е Free и немам видено половна s90ка до сега :)

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

29 000 evra, 220 000 Километри.

Ако оваа е 3300, Бората со 170ккм треба 10 да ја огласам.

Ако не се оправат цените нема никаква поента да се купи половно возило поскапо од 7000 евра.

Вистина е смешна цената за кола со 250 000км +.

Итн... Не се ни помачив за овие постови, одма ми испаднаа, од шо ги има бааги...

Читаме, не спиеме.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20114
Одг: Купувам кола
« Одговори #93 на: 08 Август 2022, 22:34:15 pm »
Јетито нема што да го коментирам, очигледно е дека имал одлична цена по тоа што уште не е продадено.

С90ката пишав цена и километража затоа што немаше на огласот, а ја имав гледано.

Треба да се објаснуваме зошто 10 000 евра е лоша цена за слон со огромна километража?

Јас мислев имало некои постови каде што сум пишал нешто што не е точно.

За 7000 евра бар се наоѓаа мали возила, сега ни тоа нема.
« Последно менување: 08 Август 2022, 22:39:42 pm DarthJe5us »

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6150
Одг: Купувам кола
« Одговори #94 на: 08 Август 2022, 22:48:53 pm »
Праша каде на друго место си коментирал, така? Ете.

Не е поентата секој пост посебно да се коментира.

Поентата е што ТИ ЛИЧНО сметаш нешто дека е прескапо, дека не вреди, дека не треба да се коментира... И дека малку ја претеруваш со наративот и не си авторитет да кажеш што вреди - што не, од слики. Можда си во право, ама можда и не си.

Ајт, со среќа потрагата, па да видиме што ќе купиш, не само да те прашуваме што е и ти упорно да не кажуваш.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20114
Одг: Купувам кола
« Одговори #95 на: 08 Август 2022, 22:49:23 pm »
Не сметам јас лично, објективно е. И пак не гледам како е тоа поврзано со темава тоа или јас дали сум чекал нешто да поевтини.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6150
Одг: Купувам кола
« Одговори #96 на: 08 Август 2022, 22:50:26 pm »
По кои критериуми е објективно?

По твои?

Не дека си пишувал на друго место за цените, неее...

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20114
Одг: Купувам кола
« Одговори #97 на: 08 Август 2022, 22:52:08 pm »
Ја труеш темата со глупости, да не сум пишал нешто за кола од твој другар волку што си наапан? Објективно се поскапени сите коли во цел западен свет, за источниот не знам, не следам.

Не ми текнува вакви постови да имаше секој пат Стратро кога објаснуваше како биле поскапени новите коли во споредба со ХХХ години порано :)

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8622
  • Малерозен дрводарец
Одг: Купувам кола
« Одговори #98 на: 08 Август 2022, 22:55:01 pm »
Дарт, земи една Шкода на крај, поеби ги сите та ич! :)

Дизел, што се узруја па и ти толку на огласи за купување?
Као, кој е вистинскиот придонес на форумов кога ќе почнете повеќе луѓе со досетки и заебанции?

Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Купувам кола
« Одговори #99 на: 08 Август 2022, 23:01:00 pm »
Дарт, да не ја продаваш бората? Дали е 1.9тди?
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6150
Одг: Купувам кола
« Одговори #100 на: 08 Август 2022, 23:01:14 pm »
@DarthJe5us

Не бе друже, нападен си, затоа и искоментирав.

Сите знаеме дека се поскапени, само ти трубиш дека се поскапени.

Тоа е мотивот на постот, не трујам.

Ако веќе ти е изгледано се по огласи, кажи - видено, пробано, и чао, пошто јас тука не видов пост со предлог кола што не е од оглас.

Мора да се каже "прескапо е"... Дојди од мене купи кола (пример), па кажи дека е прескапа, затоа што "пазарот на запад е поскапен", па јас ќе ти објаснам како се одржува кола, hence и цената. Цена на моја кола ти да споредуваш со просек пазарна за тој модел, ќе те набркам, па макар и да не ја продадам никогаш.

@loopz

Ми скурчи веќе, сите се обидуваат да му помогнат, а само нешто маани наоѓа. Еднаш "фала ви, дечки" не кажа.

Не се досетки, 20 страни тема, на мегдан ништо, освен "прескапо и не вреди, нема да можам да го продадам"... Кај е тука придонесот, по твое?

Плус, проба да се извади на финта од муабет, му ја залепив, "а" не кажа. Што даље имплицира за каков тип се работи.

Па ни ти, уствари. Чим се најде погоден...

Кај е ајфонот?

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8622
  • Малерозен дрводарец
Одг: Купувам кола
« Одговори #101 на: 08 Август 2022, 23:02:37 pm »
Како тоа мислиш, погоден?
Строго тврдам дека сум реален.
Ете ја темата стои, разгледај...
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6150
Одг: Купувам кола
« Одговори #102 на: 08 Август 2022, 23:03:35 pm »
Не реков дека не си реален.

Што па ти толку се узруја за моите постови во туѓа тема?

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20114
Одг: Купувам кола
« Одговори #103 на: 08 Август 2022, 23:08:13 pm »
Не знам што не е точно во тоа дека Е90 што реков дека е 20 години стар модел и дури и сега е тежок за продавање, а не па за некоја година. Уште не сфаќам што пробуваш да кажеш од прееска.

Да не бараа по 10 000 за коли со 300.000+ км друг ќе беше муабетот.

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8622
  • Малерозен дрводарец
Одг: Купувам кола
« Одговори #104 на: 08 Август 2022, 23:09:28 pm »
Ок. Тука клавам точка.
Сепак, забележи дека множина беше, не си само ти. :)
Добра плата.
Прав скопјАнец.