Сепак колку што се сеќавам имаше појак мотор. Можеби тоа е една од причините околу возењето?
Околу стабилноста, познато е дека Голфот има тврда суспензија, но пак од друга страна Фордот иако на фокусчето била помека, како доаѓаат до моментот да биде и постабилен и поубаво да лежи? Можеби инжинерски тајни
Сподели малку повеќе детали....
Инаку за продажба да.....ВАГ се продава на овие простори подобро од леб и млеко.
Затоа што нашиот народ е гладен, а можеш многу јако да ја заситиш гладта со количина леб. Дали ќе има хланлива вредност сомунот не е предмет на дискусија
Точно, фокусот имаше малце поголема кубикажа, 150кс и околу 250Нм (270Нм во овербууст) во голем распон на вртежи. Овој има 1.2 моторче со 85кс (има чипче и субјективно е околу 120-130кс и околу 200Нм).
Моторот е тивок, ама во фокусот беше потивок особено на држење брзина (да речеме на 120км/ч). Друга работа е што фокусот имаше титаниум ниво на опрема, овој има основно ниво на опрема. ОД друга страна, овој е речиси со литар гориво поекономичен од фокусот.
Голфот е потврд веројатно заради комбинацијата на потврди пружини и амортизери на подвозје, додека кај фокусот веројатно комбинацијата агресивност на амортизери и тврдина на пружините е подобро настроена за поубаво лежење на пат и во кривини. Управувањето му беше многу подиректно, на голфот уште немам свикнато под кој агол на вртење на волан е доволен да влезеш во кривина без корекции (и сеуште гледам како минимално корегирам некогаш). Кај фокусот идеше тоа поприродно и поинтуитивно и легна од прва.
Друга работа е што менувачот беше многу попрецизен, помек и сам си ги бираше брзините. Овој има малце дрвен менувач.Ама не е се така лошо. Генерално како цел пакет е многу добра кола и се гледа зошто на многу луѓе им е прв избор за возило. Не е најдобар во ништо, ама е многу добар во речиси сите работи и тешко е да му најдеш маана. Затоа и го користат како мерило за сите други возила во неговата класа. Мене ми направи мерак и си го купив. За второ возило кое ќе го возам 5000-6000км во година е бонбонче. За два дена од мерак го извозив околу 600км. Честито Лукашин. Ова е замена за мечето?
Фала ти. Па сега за сега ќе останат и двете дома. За понатаму не знам