Долго време не сме ја обновиле темата а гледам и photobucket зезнал голема работа со постарите слики но што е тоа е....
Да се потсетиме на жутко
Доаѓа зима период кога се отвара слободно време, време за работа на мојте голфчиња.
Што се следни планови..... конечно пронајдени BBS RS001 моделот на бандаж кој од првиот ден го барав за жутко, планот е овие бандажи да се реставрираат и монтираат на жутко а сегашните негови бандажи BBS RS047 да одат на кабриото.
Следна и многу интересна идеја е да се нарачат воздушни амортизери за жутко (реално од секогаш ми била таа замисла за него)но сепак е голем зафат ќе треба и шасијата да претрпе одредени модификаци а и сето тоа си кошта сепак никој не не брза полека се кројат планови и разгледуваат опции и брендови на воздушни аморитизери.
За почеток да почнеме со новите бандажи и нивниот процес на реставрација