....Ете, глеам, во германија опаѓа продажбата на германски брендови...
Во Германија концернот ФауВе дава многу поддршка, услуги и услови за фелервагените да бидат во топ кондиција и да се задржи имиџот на издржливи коли. Зошто да опаѓа продажбата, кога имаат релативно подобри услуги и подобар производ од другите конкуренти на германскиот пазар? Сите фабрички грешки и повикувања назад во сервис/сервисни акции се комплетно бесплатни. Фијаското со ланчето кај ТСИ моторите си го платија сами. Фијаското во ТФСИ моторите во Ауди секој доби нов мотор со ревизирани и обновени карики и систем за картерна вентилација.
Кој и да го земеш од фелервагените, со навремени сервиси ќе истера 300/400/500к без око да му трепне. Форд мораше многу, многу напорно да работи за да го достигне нивото на фелервагените од 2009/2010та наваму и пак е во втор план. И тоа само за да биде еднакво добар во вртење километража како фелерваген и притоа да не му се распадне ентериерот. Опел од најголем продавач со најиздржливите и најдобро дизајнирани бензински мотори, стана неадекватен на денешницата.
Инаку, денес најдобрите германски коли се, шкодите.