Автор Тема: Измами околу препродажба на автомобили  (Прочитано 9719 пати)

Отсутен Marakana

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 886
Одг: Измами околу препродажба на автомобили
« Одговори #45 на: 10 Септември 2022, 23:24:55 pm »
Па добро е, не ти побарал Мерцедез :)))

Taa ne e za davanje :) .
Коме је суђено да буде јебан, том гаће саме падају

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Измами околу препродажба на автомобили
« Одговори #46 на: 11 Септември 2022, 08:13:34 am »
Што тенџере е тоа на старо да е 1000евра, па Zepter се поефтини.

Присутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6446
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Измами околу препродажба на автомобили
« Одговори #47 на: 11 Септември 2022, 09:01:11 am »
Цептер не вари метал, затоа е поефтин.

Отсутен Marakana

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 886
Одг: Измами околу препродажба на автомобили
« Одговори #48 на: 11 Септември 2022, 10:27:45 am »
Tendzereto e novo ama raspakuvano :). Novo e nekade oko 1700-1800 e.
Moze zamena za zepter :) :) :)
Коме је суђено да буде јебан, том гаће саме падају

Отсутен Amy87

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 37
  • Инженер-ка
Одг: Измами околу препродажба на автомобили
« Одговори #49 на: 15 Септември 2022, 00:54:15 am »
Ме измамија на еден плац во Ск. Тоа што не ми дадоа да ги видам документите пред да потпишам на нотар требаше да ми е red flag. Но колата делуваше многу нова внатре, моторот звучеше совршено (бев со саглам мајстор). Откако потпишав, во оригиналните документи видов километража. Во очи го погледнав и му викам толку е возена, ме прави будала и ми вели „не бе тоа некоја шифра е“. Знаев дека лаже, ама пуста јас да не испаднам некултурна... Потоа со број на шасија си извадив извештај од autodna, се потврди дека е возена 280к, а не 135к како што беше излажал продавачот. Знаев 100% дека е враќана, и си реков ок...сите враќаат, 10 години е стара, едно 50-60к е враќана... е не, без ич усул, 150к е враќана... колата си работи солидно, ама мене ми е шубе да ја возам. Да земам таблици и веројатно ќе ја продадам... Жалам што ќе ми ја земат претходната утре, веќе договорив со купувачи... Арам да им е, парите 13 години ги штедев...

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8621
  • Малерозен дрводарец
Одг: Измами околу препродажба на автомобили
« Одговори #50 на: 15 Септември 2022, 01:02:40 am »
За што автомобил се работи? Која година производство итн?

Има начини и како да тужиш за измама, секако, ако е критична ситуацијата.

А плацот, исто, можеш слободно да му го кажеш името тука. :)
Не дека не прават сите исто, ама чисто да утврдиме кои се. :)
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен Amy87

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 37
  • Инженер-ка
Одг: Измами околу препродажба на автомобили
« Одговори #51 на: 15 Септември 2022, 01:05:40 am »
@loopz
Peugeot 207 од 2012, 1.6 hdi.
Засега не го кажувам кој е, но понатака 100%. Сакам да видам мајсторот што ќе ми каже после сервис, да имам целосен увид во ситуацијата.
« Последно менување: 15 Септември 2022, 01:16:12 am Amy87 »

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8621
  • Малерозен дрводарец
Одг: Измами околу препродажба на автомобили
« Одговори #52 на: 15 Септември 2022, 01:16:57 am »
Не ги разбирам француските ич, ама ако е некоја утеха, за автомобил стар 10 години и не е така страшно 280.000 километри, сè додека е редовно одржуван.

Сметај на тоа дека сè живо на плац најчесто има околу 300 илјади, а се мести назад до безобразни 180.000 :)

Автомобили има по 5-6 години стари што имаат по 200.000 поминато (барем од тие што се од увоз),
така да може и да не е толку страшно.

Сепак, јас би шамарал, лично, за измамата.
А ако не можам сам, тогаш викнам помош, нормално. :)

На суд може исто да се истера, само имај на памет дека тоа сигурно ќе биде тежок, скап и макотрпен процес а без сигурност дека ќе вроди со плод на крај.
За жал, пошто, Македонија... :)
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен Amy87

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 37
  • Инженер-ка
Одг: Измами околу препродажба на автомобили
« Одговори #53 на: 15 Септември 2022, 01:22:56 am »
Не ги разбирам француските ич, ама ако е некоја утеха, за автомобил стар 10 години и не е така страшно 280.000 километри, сè додека е редовно одржуван.

Сметај на тоа дека сè живо на плац најчесто има околу 300 илјади, а се мести назад до безобразни 180.000 :)

Автомобили има по 5-6 години стари што имаат по 200.000 поминато (барем од тие што се од увоз),
така да може и да не е толку страшно.

Сепак, јас би шамарал, лично, за измамата.
А ако не можам сам, тогаш викнам помош, нормално. :)

На суд може исто да се истера, само имај на памет дека тоа сигурно ќе биде тежок, скап и макотрпен процес а без сигурност дека ќе вроди со плод на крај.
За жал, пошто, Македонија... :)

Бедотија, стварно... колата била редовно сервисирана (според извештајов) и најмногу е извозена првите 4 години - цели 140к. Вака кога математички ќе пресметаш, тоа се 70тина км на ден, што не е нешто страшно. Но срамота и греота е што продавачов е многу близок со мој човек и пак се испонаша ... немам ни збор кој го употребила... едноставно нечовечки. Кога си побарав сервисна книшка, ми рече дека во земјата од кај што е увезена се електронски, нема физички книшки. Ами, нема принтери??? Да се извади дигитална историја. Но пак, нели да не бидам некултурна, си премолчев. Одев на карта пријател на пријател, па нема да оди до таму... Епа отиде...
Јас иако се разбирам во автомобили повеќе од просечна жена, сепак за мене над 200к секогаш било на граница „за во отпад“... што испаѓа дека грешам можеби малку, но блиску до 300к веќе е друг муабет.
За тужби немам намера засега, за шамарање....ах..... хаха... Има друг начин на кој може да го посрамотам (ако одлучам), а вака би ја продала... за помалку пари секако, бидејќи немам намера да лажам и ќе извлечам голема лекција од сево ова...

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8621
  • Малерозен дрводарец
Одг: Измами околу препродажба на автомобили
« Одговори #54 на: 15 Септември 2022, 01:55:32 am »
Шо викаат старите "Ах, бе, дете златно" :))

CarVertical и тие другите сајтови, тоа се гледа пред да купиш.
И ако каже ок километража, барем тоа да не му мислиш...

Ама ајде, нека влезе некој во темава што ги познава добро Peugeot и нека каже за 207-ца од таа година.
Можеби @MartinAlfista може да помогне или @Busav, за друг не ми текнува...

Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен dame

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3177
    • https://www.facebook.com/pages/Hemisko-I-Poliranje-Na-Vozila/373554479331896
Одг: Измами околу препродажба на автомобили
« Одговори #55 на: 15 Септември 2022, 06:44:47 am »
Moe mislenje e da prevara e no ako si e dobra kolata  sto togas  mozebi podolgo i ubavo ke te sluzi  motor ok sasija ok ...

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3804
Одг: Измами околу препродажба на автомобили
« Одговори #56 на: 15 Септември 2022, 07:05:15 am »
Peugeot 1.6 92 ks? Тој мотор смрт нема (турбото само му е проблем) пријател го вози во Форт и има свртено нешто над 400.000 км. Тој мотор нема сименс дизни (имаш среќа) наврти си ја капата и вози си го...

Sent from my M2102J20SG using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
Одг: Измами околу препродажба на автомобили
« Одговори #57 на: 15 Септември 2022, 07:21:56 am »
Види, твој човек ако не те зафркне, кој..
Нем никаков основ за тужба, бидејќи си запознаена со кѓ пред да ја купиш. Запознаена се смета на хартија што и и на дисплеј а не рекла казала, освем ако на дисплеј е различна.

Сфаќам дека од старт ти е скршен филмот ама од искуство ти кажувам дека не секој читач за еку на кола има можност да види реална км. Зборено е мн пати на форумот.

Километражата и не е нешто страшна ако е таа 280ккм.

Со убаво да те служи, верувај скоро сите продавачи, мајстори се исти, знаат дека на нас ни е глупо, незгодно, наивни па го користат тоа. Не си ни прва ни последна.
Што е најтрагично и да споделиш за ова, ќе речат тие околу тебе, па ти што очекуваше.

Присутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6446
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Измами околу препродажба на автомобили
« Одговори #58 на: 15 Септември 2022, 07:46:18 am »
Ако ти прај ќеф колата тераа, остај километрите, повозија ја месец два, ако се е пали вози тоа е. Да очекуваш реална километража од плац кај нас е нереално и треба да се помириш дека те заебале со нешто, па ако се само километрите како бројка лесно си поминала. Тужби такви работи батали, продавај ако не ти лежи на душа, ќе си ставаш нерви за 100€ загуба.

Ама интересно ми е женскиот муабет, мора да се земи шо понова кола и со помалку км. Како демек постара ако е година две, и малку повеќе возена, не чини, на плац подобри се опциите.  :)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Измами околу препродажба на автомобили
« Одговори #59 на: 15 Септември 2022, 07:52:42 am »
Ако е за утеха, моторот треба да е супер.

Има превод.


А ова е на нашки.