Автор Тема: Помош при процена на вредност  (Прочитано 1639 пати)

Отсутен Dean

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1341
Помош при процена на вредност
« на: 04 Декември 2021, 00:26:03 am »
Моето пежо 206 после 6 години испушти душа. Дијагнозата е отиден дихтунгот, правеше меури во казанчето од антифризот и вчера од притисок изби антифризот цел мотор беше лом. Значи ќе треба отварање мотор, рамнење декла, ми трошеше масло значи и карики и гумици на вентили, ребрест водна пумпа затегач, казанчето од парното пушташе антифриз значи расклопување внатре комплет и нов издув. Процената беше околу 500-600 евра за сервис. Имам и опција да ја продадам за 500 евра како што е. Колата е 2002 година вреди околу 1200 евра во исправна состојба. Дали вреди да ја поправам или да ја продадам со дефект, мислење?

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17278
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Помош при процена на вредност
« Одговори #1 на: 04 Декември 2021, 00:42:26 am »
Мотор најди си на старо за 150-200 евра. 600 евра не вреди да се даваат.

Поарно дај ги 300 евра за половен мотор и промена и извади и 1200 евра, сепак повеќе ќе извадиш од 500 што би ја продал така расипана

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3227
Одг: Помош при процена на вредност
« Одговори #2 на: 04 Декември 2021, 10:31:04 am »
Послушај го Мартин, па огласи го за 1200еур. Крај краева ако те мрзи да се замараш продај го за 500еур.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13576
Одг: Помош при процена на вредност
« Одговори #3 на: 04 Декември 2021, 20:28:29 pm »
Мотор на старо ако не планираш подолго да ја чуваш.

Ако планираш 4-5 години и да ја возиш редовно тогаш направија како што треба.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17278
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Помош при процена на вредност
« Одговори #4 на: 04 Декември 2021, 21:01:42 pm »
Не се согласувам, ако моторот што ќе го земеш е на кола и може да се проба и испита, нема што да се продава колата како да е шугава.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54739
  • Махер
Одг: Помош при процена на вредност
« Одговори #5 на: 04 Декември 2021, 22:07:36 pm »
500тче земи си.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2130
Одг: Помош при процена на вредност
« Одговори #6 на: 06 Декември 2021, 08:09:24 am »
Само имај на ум дека и на половен мотор ќе имаш трошоци од типот на сервис (масло, филтри), а ако ја задржуваш колата и голем сервис би било пожелно да направиш (каиши, затезачи), работна рака за демонтажа/монтажа на моторот, административни работи околу број на моторот и внес во сообраќајна, па зависно од тоа кога ти изминува регистрација, какви гуми имаш (дали им е време за замена), каросериски каква е колата, 500 е и не е така лоша понуда.
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13576
Одг: Помош при процена на вредност
« Одговори #7 на: 07 Декември 2021, 01:23:28 am »
Да не праам муабет мајстори, нервози, чек пролив го фатило, дел немало. Ти мислиш колата ти ја прави тој меѓу време 10 коли свртел на сервис за твојата нема време.

Ако менуваш па мотор, легализација, шалтери, печати.
Порано беше лесно - фактура или сообраќајна. Сеа сигурно имаат искомплицирано нешто.

Есапот е тој. Ти кажав ако пример имаш реална потреба и количето каросериски е здраво, вложи во моторот.

Отсутен stefanel984

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1042
Одг: Помош при процена на вредност
« Одговори #8 на: 07 Декември 2021, 12:12:29 pm »
Шиткајпо мое не се исплати. Стегнеш малце зуби и за 2500-3000 ќе најдеш B сегмент цице количе. А реално и 6 години доста му е.Само не требало да те заебе вака педерски.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13576
Одг: Помош при процена на вредност
« Одговори #9 на: 07 Декември 2021, 12:21:19 pm »
20 години кола те заебала педерски?!

Секоја кола која е 20 години може да те заеби „педерски“.

Знаете што значи 20 години абење, километри изминати, термички процеси, лошо гориво од Шпон Петрол, газда кој менувал масло на 30000км на 3 години, стискасње на ладен мотор итн итн. Не викам дека Dean тоа го правел, зборам за газдата/газдите пред него.

Да не правам муабет што особено на дизелите маста им ја вадат од возење (демек ефтино) и самото не знае колку километри кутрото има поминато :)