Автор Тема: BMW X3 - 2.0 (2008)  (Прочитано 1759 пати)

Отсутен MikiVW

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 72
BMW X3 - 2.0 (2008)
« на: 30 Ноември 2021, 12:54:53 pm »
Здраво дечки. 6 месеци ново возило. Никогаш не сум бил љубител на BMW и од секогаш сум ја хејтал X3 како ружно количе. Ама ете во последно време (пред да ја купам) почна да ми се свиѓа. И покрај тоа не беше во потесен избор, ама фактот што го зедов од близок член од фамилија кој го возеше 3 години и 100.000 километри и кој не жали пари за сервис на возило, беше клучно да го земам BMW-то.

2.0 мотор со 177 коња
2008 година
Од опрема знам дека нема кожа, панорама, мултимедија, греење на седишта и слични ствари кои горе долу не ми се битни, но знам што се е менувано на возилото и на која километража што е полн погодок, како на пример ланчето кое е поскап потрошен матријал, прилично нови M+S 17' гуми, масла и филтри, плочки, дискови, акумулатор.
 Јас во овие 6 месеци сменив само кратко светло со прибушница - 2400 денари и реле 6300 со работна рака. Регистрација 12.500 денари.
За 6 месеци 9.000 километри па за кратко треба да се смени и масло.




Нешто наскоро што ќе се менува/надградува е angel eyes, странични жмигавци, на пролет ќе се залепи сјајна црна фолија на заден спојлер и ќе се фарбаат браниците.
Сакам и мултимедија со камера. На Contigo.mk е 14.000 без монтажа а истите на AliExpres се околу 7-8 илјади со шипинг. Па прашањето ми е дали се наплаќа некоја царина? Дали има некој слично искуство?
https://contigo.mk/index.php/product/bmw-x3-android/
Во блиска иднина и бандажи со назнака на овој модел до 300 евра. Дечкото за овие ми бара 400 евра без гуми што ми е прилично скапо.

« Последно менување: 01 Декември 2021, 10:12:37 am MikiVW »

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13932
Одг: BMW X3 - 2.0 (208)
« Одговори #1 на: 30 Ноември 2021, 12:56:01 pm »
Создравје да се вози друже.

Да пуштеше некоја сликичка ;D


Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14291
  • Пудингот на шоферството
Одг: BMW X3 - 2.0 (208)
« Одговори #2 на: 30 Ноември 2021, 13:34:09 pm »
Сликите Цер кај црквичето направени. :)
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен MikiVW

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 72
Одг: BMW X3 - 2.0 (208)
« Одговори #3 на: 30 Ноември 2021, 15:20:22 pm »
Сликите ако можи нека ги среди админот🙄

Отсутен Prof. Greenthumb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4001
  • MadaFunker
Одг: BMW X3 - 2.0 (208)
« Одговори #4 на: 30 Ноември 2021, 23:06:32 pm »
Со здравје да се вози.
New blood of old school

Отсутен MikiVW

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 72
Одг: BMW X3 - 2.0 (2008)
« Одговори #5 на: 26 Декември 2021, 15:52:17 pm »
Ајде еден совет. Рачната некогаш паѓаше сама кога ќе беше на последниот заб (најгоре) па на два пати ми се случи колата да ми замини, за среќа без последици. Сега не фаќа ни на последното забче а на претпоследното колата не кочи доволно. Не сум видел до сега на кој принцип рачната држи, ваљда се забчиња!? Па по моја предпоставка последното е изедено или скршено!? Дали вреди да го ваѓам средишниот панел за да видам што е работата или проблемот се решава на канал? Пошто колата ми треба и немам баш време да одам по мајстори, па ако можи да се среди, да пробам сам. :-X




Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7387
Одг: BMW X3 - 2.0 (2008)
« Одговори #6 на: 26 Декември 2021, 16:18:44 pm »
Можно е гурните на рачната да се изедени?

Прво можеш да пробаш да ја притегнеш, да фаќа на средните запци. Разлистај тука, можеби и сам ќе можеш да средиш. 

https://www.pelicanparts.com/techarticles/BMW-X3/98-BRAKES-Parking_Brake_Adjusting/98-BRAKES-Parking_Brake_Adjusting.htm