Автор Тема: Kia Ceed 1.5 T-GDi Reference 1 (2021)  (Прочитано 4473 пати)

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: Kia Ceed 1.5 T-GDi Reference 1 (2021)
« Одговори #30 на: 25 Ноември 2021, 09:14:56 am »
Со здравје да се вози.
Многу убав пакет на модел, боја и мотор.

Отсутен was

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 347
Одг: Kia Ceed 1.5 T-GDi Reference 1 (2021)
« Одговори #31 на: 25 Ноември 2021, 10:15:06 am »
Со здравје да се вози, преубаво возило. Стварно корејциве се одличен избор за вложеното.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: Kia Ceed 1.5 T-GDi Reference 1 (2021)
« Одговори #32 на: 25 Ноември 2021, 23:13:57 pm »
Ако е оваа паркирана во Козле, поздрав комшија.
:)

Отсутен brewster

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 44
Одг: Kia Ceed 1.5 T-GDi Reference 1 (2021)
« Одговори #33 на: 27 Декември 2021, 11:45:05 am »
3000+ км, да стои запис:

Моторот се „смири“, веќе и на нискиве температури паднаа вртежите за 50-100 во споредба со првите 700-800км. Потрошувачката си останува малтене иста, total average си стои 5.5 l/100km.

Ситници:
  • мрежата во багажник е врв! се наоѓа за триста чуда, и доволно е тврда
  • заден лев прозорец одби да се отвора некои 5-10 мин, по неколку рестартирања, си проработе сам. на овој „инцидент“ претходеше перење во самоуслужна перална
  • камерата преку која функционираат автоматските долги светла често знае да замагли  :-\ ја обвинувам климата, премногу е basic за мој вкус
  • пак за климата - рециркулација на воздух само се гаси по X време, мислам дека е 5 мин. страшно нервира, навикнат од мазда, еднаш го пушташ и си седи пуштено дур не смениш ...

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Kia Ceed 1.5 T-GDi Reference 1 (2021)
« Одговори #34 на: 27 Декември 2021, 11:57:29 am »
Јас би избегнувал да ги цимам прозорите додека се смрзнати.

Отсутен brewster

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 44
Одг: Kia Ceed 1.5 T-GDi Reference 1 (2021)
« Одговори #35 на: 27 Декември 2021, 12:31:32 pm »
Јас би избегнувал да ги цимам прозорите додека се смрзнати.
Така е друже, тоа е добар совет, но беа далеку од смрзнати, колата на сонце цел ден (се исушија од пералната до паркинг), и другите прозорци без проблем си работеа. Помислив да не има врска со child lock и/или деактивација од возачко седиште (за задните прозорци) и ги испробав сите можни комбинации - нејќеше. Не се ни активираше моторчето, се сомневам на софтверски глич.