Автор Тема: Toyota Corolla X 1.4 D-4D  (Прочитано 10851 пати)

Отсутен Djokica

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 829
Toyota Corolla X 1.4 D-4D
« на: 22 Ноември 2021, 22:10:17 pm »
Тотално непланирано, излезе да се подновам со друго возило, за жал, пред некое време пак ми го удрија Мерцедесот, и веќе ми одмили колата, па моментално е на поправка, и после здравје ќе оди на продажба. Во меѓувреме, чичко ми, ми пушти муабет дека планира да ја продава Тојота, на која е прв сопственик, и си мислев дека е добра прилика, бидејќи го знам возилото, и има поминато 156 000 километри, па така не ни стигна до оглас колата, и во вторникот падна договор, па во петокот бев до Скопје да ја префрлиме на нотар, и ја земав кај мене. Си викам би требало да ме служи неколку години без проблем.

Се работи за Тојота Корола, десетта генерација, произведена 2008 година, прва регистрација во 2009 година. Има поминато 156 000 километри, поседува 1.4 турбо дизел мотор со четири цилиндри, 90 КС, 0 до 100 км/ч за 11,4 секунди, максимална брзина 175 км/час, потрошувачка 4,5 литри на отворено и 5,8 градска (каталошки податоци).

За возилото можам да кажам дека механички е во одлична состојба, сеуште е онака стегнато, ништо не крцка, не тропа итн, а воедно и чичко ми за тие работи е многу педантен, и знам дека се е на време менувано, проверувано итн. Лани во Август и се сменети 4 дискови и плочки, а сега на почетокот на месецот и е направен мал сервис. Моторчето си работи одлично, тивко, мирно, одлично како за дизел. Нема којзнае колку снага, ама тоа е што е, ќе се навикнам со тек на време. Вака на вожња е доста удобна, доста голем е и гепекот, некаде околу 450 литри, а самиот ентериер е солидно склопен, и пластиките се меки на допир. Ме бендисува и воланчето, трокрако и не многу големо. Не ме бендисува оној лимен звук што го имаат вратите при затварање, а и тоа што мерачите за гориво и температура се дигитални, ама веројатно на се се навикнува човек. :)

Од опрема поседува серво, АБС, ЕСП, 4 електрички стакла и ретровизори, борд компјутер, автоматска клима, 6 воздушни перничиња, магленки, затемнети стакла со А тест итн.. На неа има 4 летни Ханкок гуми, 2019 година, сега ми останува да си купам зимски.

Неколку слики во прилог.


















Моторот веројатно никогаш не е перен :D



Забелешки на колата:
Првата е, куглата на шалтерот почната е да се лупи, би сакал да ја заменам



Друго, задниот браник е малку оштетен, еднаш беше поправан, но беше пак чукнат, понатаму би го средил и тоа



И последно, и двата фара се за полирање, ама на десниот има и пукнатина, па влева и водна внатре, ако некој има идеја како да се среди не каже :D



Тоа е тоа засега. :D
« Последно менување: 22 Ноември 2021, 22:15:44 pm Djokica »

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5498
Одг: Toyota Corolla X 1.4 D-4D
« Одговори #1 на: 22 Ноември 2021, 22:52:13 pm »
E vaka se zima kolice od nekoj poznat ili rodnina i mu ja znaes istorijata. Odlicna boja motorceto kje si brka rabota prakticno neunistlivo auto so redovno odrzuvanje. Sozdravje vozenje i mnogu bezgrizni kilometri.
Nego meckata so pari ?

Отсутен Djokica

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 829
Одг: Toyota Corolla X 1.4 D-4D
« Одговори #2 на: 24 Ноември 2021, 00:39:45 am »
E vaka se zima kolice od nekoj poznat ili rodnina i mu ja znaes istorijata. Odlicna boja motorceto kje si brka rabota prakticno neunistlivo auto so redovno odrzuvanje. Sozdravje vozenje i mnogu bezgrizni kilometri.
Nego meckata so pari ?
Фала друже, па и ти да си купиш шо сакаш. 😁

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4974
  • The Spartan General
Одг: Toyota Corolla X 1.4 D-4D
« Одговори #3 на: 24 Ноември 2021, 06:35:38 am »
Со здравје да си го возиш мини-тракторчето. Имав таков мотор во Корола IX. Тивок, мек и трпи малтретирање.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Djokica

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 829
Одг: Toyota Corolla X 1.4 D-4D
« Одговори #4 на: 24 Ноември 2021, 09:32:11 am »
Со здравје да си го возиш мини-тракторчето. Имав таков мотор во Корола IX. Тивок, мек и трпи малтретирање.
Фала друже, да извозам уште волку км колку што има, и доволно е. :D
« Последно менување: 24 Ноември 2021, 11:46:37 am Djokica »

Отсутен devourer

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 337
  • Мерцедес е мерцедес се друго е кола!
Одг: Toyota Corolla X 1.4 D-4D
« Одговори #5 на: 24 Ноември 2021, 12:13:52 pm »
Со здравје да се вози новото аутце, после извено време можеш ли да направиш споредба со мерцедесот? Вожња, удобност, практичност итн?

Отсутен Djokica

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 829
Одг: Toyota Corolla X 1.4 D-4D
« Одговори #6 на: 24 Ноември 2021, 16:27:21 pm »
Со здравје да се вози новото аутце, после извено време можеш ли да направиш споредба со мерцедесот? Вожња, удобност, практичност итн?
Фала друже. Па шо знам, дефинитивно мерцедесот е поудобен, и покомотен внатре, во него некако пониско се седи, па имаш многу повеќе простор за глава, е сега кај мерцесот бидејќи нели позади минува карданот имаш огромен средишен гребен па ако има трет патник позади треба да го опчекори со нозете, додека пак кај тојотата имаш рамен под. Моторите тивко работат и на двете, со тоа шо да го возиш мерцедесот на отворено е милина, го ставаш во шеста и уживаш, додека тојотата на поголеми брзини е бучна, бидејќи и фали шеста брзина, и дефинивно во мерцедесот си поизолиран од надворешниот свет. 😊 Сепак и тојотата како за две класи пониска кола има доста удобна вожња. Внатре во тојотата има многу повеќе простор за складирање ствари, има две фиоки, под потпирачот за рака исто има простор, две држачи за чаши, во вратите исто доста се широки преградите за складирање, едино ме нервира шо нема некој простор под радиото за телефон да ставиш, додека пак во мерцедесот тоа го имаше, ама немаше држачи за чаши. Друго шо знам, кај мерцедесот воодушевува масивноста, оној звук коа ги затвораш вратите, додека кај оваа не е баш така. Шо знам, ако го слушаш срцето сигурно ќе земеш мерцедес, ама малку ако ако размислиш можеби оваа ќе ја земиш. Здравје сеа чичко ми зема Е класа В212, од прв газда, па во иднина коа ќе ја продава, би ја купил. 😁
Се надевам ти одговорив на тоа шо го бараше. 😁

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54860
  • Махер
Одг: Toyota Corolla X 1.4 D-4D
« Одговори #7 на: 24 Ноември 2021, 16:34:34 pm »
Одлично возилце за средување. Јас би почнал од хемиско, комплетен дитејлинг, теписонски патосници, тргање на знакот под табличката кој личи како да е измет од пиле, фарови предни или барем еден за да се смени пукнатиот, санација на браникот локална, ново топче за менувач и многу ќе заличи колата на самата себе наместо како сега на поцинкуван олук. Основата е супер, и шасија и мотор и опрема.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10140
Одг: Toyota Corolla X 1.4 D-4D
« Одговори #8 на: 24 Ноември 2021, 17:20:49 pm »
Поцинкуван олук ;D ;D ;D

Отсутен vladimir_1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1017
Одг: Toyota Corolla X 1.4 D-4D
« Одговори #9 на: 24 Ноември 2021, 21:03:48 pm »
Уба среќа да има, другар мој има RAV4 катастрофа то лимчето тенко тенко на вратите :)

Отсутен Djokica

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 829
Одг: Toyota Corolla X 1.4 D-4D
« Одговори #10 на: 24 Ноември 2021, 21:38:39 pm »
Денес си доби кавадаречки таблици. :D


Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8825
Одг: Toyota Corolla X 1.4 D-4D
« Одговори #11 на: 24 Ноември 2021, 22:05:15 pm »
Уба среќа да има, другар мој има RAV4 катастрофа то лимчето тенко тенко на вратите :)

A da ne treba za oklopna borba da se sprema?

Отсутен vladimir_1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1017
Одг: Toyota Corolla X 1.4 D-4D
« Одговори #12 на: 24 Ноември 2021, 22:09:55 pm »
Уба среќа да има, другар мој има RAV4 катастрофа то лимчето тенко тенко на вратите :)

A da ne treba za oklopna borba da se sprema?
Abe ne drapaj, zatvori vrata na toyota rav4 i koja sakas druga kola ke vidis razlika. So prst dupka ke otvoris vo vratite

Sent from my SM-G770F using Tapatalk


Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8825
Одг: Toyota Corolla X 1.4 D-4D
« Одговори #13 на: 24 Ноември 2021, 22:19:22 pm »
Bash bi sakal da mozev da si dozvolam na eden Rav4 hybrid da mu zatvaram vrata kaj so se prai dupka so prst.

Отсутен vladimir_1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1017
Одг: Toyota Corolla X 1.4 D-4D
« Одговори #14 на: 24 Ноември 2021, 22:20:55 pm »
Bash bi sakal da mozev da si dozvolam na eden Rav4 hybrid da mu zatvaram vrata kaj so se prai dupka so prst.
Daj boze

Sent from my SM-G770F using Tapatalk