Тотално непланирано, излезе да се подновам со друго возило, за жал, пред некое време пак ми го удрија Мерцедесот, и веќе ми одмили колата, па моментално е на поправка, и после здравје ќе оди на продажба. Во меѓувреме, чичко ми, ми пушти муабет дека планира да ја продава Тојота, на која е прв сопственик, и си мислев дека е добра прилика, бидејќи го знам возилото, и има поминато 156 000 километри, па така не ни стигна до оглас колата, и во вторникот падна договор, па во петокот бев до Скопје да ја префрлиме на нотар, и ја земав кај мене. Си викам би требало да ме служи неколку години без проблем.
Се работи за Тојота Корола, десетта генерација, произведена 2008 година, прва регистрација во 2009 година. Има поминато 156 000 километри, поседува 1.4 турбо дизел мотор со четири цилиндри, 90 КС, 0 до 100 км/ч за 11,4 секунди, максимална брзина 175 км/час, потрошувачка 4,5 литри на отворено и 5,8 градска (каталошки податоци).
За возилото можам да кажам дека механички е во одлична состојба, сеуште е онака стегнато, ништо не крцка, не тропа итн, а воедно и чичко ми за тие работи е многу педантен, и знам дека се е на време менувано, проверувано итн. Лани во Август и се сменети 4 дискови и плочки, а сега на почетокот на месецот и е направен мал сервис. Моторчето си работи одлично, тивко, мирно, одлично како за дизел. Нема којзнае колку снага, ама тоа е што е, ќе се навикнам со тек на време. Вака на вожња е доста удобна, доста голем е и гепекот, некаде околу 450 литри, а самиот ентериер е солидно склопен, и пластиките се меки на допир. Ме бендисува и воланчето, трокрако и не многу големо. Не ме бендисува оној лимен звук што го имаат вратите при затварање, а и тоа што мерачите за гориво и температура се дигитални, ама веројатно на се се навикнува човек.
Од опрема поседува серво, АБС, ЕСП, 4 електрички стакла и ретровизори, борд компјутер, автоматска клима, 6 воздушни перничиња, магленки, затемнети стакла со А тест итн.. На неа има 4 летни Ханкок гуми, 2019 година, сега ми останува да си купам зимски.
Неколку слики во прилог.
Моторот веројатно никогаш не е перен
Забелешки на колата:
Првата е, куглата на шалтерот почната е да се лупи, би сакал да ја заменам
Друго, задниот браник е малку оштетен, еднаш беше поправан, но беше пак чукнат, понатаму би го средил и тоа
И последно, и двата фара се за полирање, ама на десниот има и пукнатина, па влева и водна внатре, ако некој има идеја како да се среди не каже
Тоа е тоа засега.