Јас па мислам дека барем на ладен мотор секогаш одработуваат греачите, сепак не сум експерт.
Со i30kata на ладен мотор некаде Мај/Јуни ми се случи да не запали.
Влегов во кола, дадов контакт и пред да запалам ми заѕвони телефонот, краток разговор, заверглав и затаи, свртев клучот, дадов повторно контакт, завергла кратко и без проблем запали.
Меганот на сестра ми што подолго верглаше, секогаш на ладен мотор, на загреан си палеше ок.
Си замина за Белград пред школска година, и кога заладило се продлабочил проблемот, смениле некој грејач или комплет, не се сеќавам, пред Ковидот беше.