Автор Тема: Alfa Romeo Giulietta 1.4 Distinctive  (Прочитано 20390 пати)

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: Alfa Romeo Giulietta 1.4 Distinctive
« Одговори #60 на: 08 Јули 2021, 21:15:47 pm »
samo dali e obicna gumica za crevo za voda ili gumica sto trpi visoka temperatura, da ne ja peplosa


Витон е. За високи темп.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: Alfa Romeo Giulietta 1.4 Distinctive
« Одговори #61 на: 30 Август 2021, 09:12:12 am »
Мал апдејт.

Колата си се вози редовно. До сега поминато е со неа околу 2500км и се е супер.
Малку бев скептик за како ќе се понаша на пат, дали ќе биди доволно динамична итн... ама џабе сум се тревожел.
Колата одлично вози. Многу е постабилна и помалку боди рол има од 147.
Во дајнамик мод се претвора во поинаков ѕвер. Мислев дека нема да се осеќа многу, ама се осеќа и тоа многу.

Ајде сега малку за работи кои ми сметаат.

Нема многу место за оставање на работи при патување. Како на пр. телефон, новчаник, шише со вода итн... Незнам зошто нема дупка на средина позади менувачот. Место за шише или чаша под наслонот за раката, па ако има таму ставено нешто наслонот не е употреблив.
Палките за светла/жмигавци/брисачи се малку чудни. Лошо ми штракаат и груби се. Убаво е што има краток лифт за 5 пати да трепка жмигавецот, ама често на пуштање долги светла палам и жмигавец.
Командување со музиката од УСБ е малку комплицирана. Можи да се командува само преку воланот, не и од самото радио. Самото избирање на музика е компилицирано. Па мора да има id tag за изведувач, албум итн...

Уште си ги возам зимските гуми. Се уште чекам да стигнат летните тркала.... :(

Колата имаше некој зуцки по вратите уште како ја зедов. Една беше најголема на задната лева врата. Па еден чичко ми ги среди сите.
Еве слики од пред и после.







Да не се секирате Џули се брендираше со карклуб лепенка, благодарение на @zeroSignal. Сега е уште побрза и постегната.  8)


Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4758
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Одг: Alfa Romeo Giulietta 1.4 Distinctive
« Одговори #62 на: 30 Август 2021, 09:19:34 am »
Колата имаше некој зуцки по вратите уште како ја зедов. Една беше најголема на задната лева врата. Па еден чичко ми ги среди сите.
Дај бројче плс.


Присутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17502
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Alfa Romeo Giulietta 1.4 Distinctive
« Одговори #63 на: 30 Август 2021, 09:27:26 am »
За најбрза и најстегната, таблиците извади ги од рамки и директ на браници заштрафи ги ;D

Колата е одлична, мило ми е што и најде лек за вдлабнатините што ти сметаа. :)

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: Alfa Romeo Giulietta 1.4 Distinctive
« Одговори #64 на: 30 Август 2021, 09:39:20 am »
Колата имаше некој зуцки по вратите уште како ја зедов. Една беше најголема на задната лева врата. Па еден чичко ми ги среди сите.
Дај бројче плс.

https://www.facebook.com/PDRMacedonia/?hc_ref=ARTj19SzGtGZVBaI8wWPqSLgsvXzja19_aO2RVvgxKcKz9thRhmjHO6f6UglDOtkX8I&fref=nf&__tn__=kC-R

Овде го најдов. Во порта Козле е дечково.

Отсутен Kikac

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2734
  • Шалабајзер
Одг: Alfa Romeo Giulietta 1.4 Distinctive
« Одговори #65 на: 30 Август 2021, 10:08:54 am »
За најбрза и најстегната, таблиците извади ги од рамки и директ на браници заштрафи ги ;D

Колата е одлична, мило ми е што и најде лек за вдлабнатините што ти сметаа. :)
Нема потреба да ги штрафи, дуплофан и решен е проблемот


Sent from my iPhone using Tapatalk
No turbo, no fun :)

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13915
Одг: Alfa Romeo Giulietta 1.4 Distinctive
« Одговори #66 на: 30 Август 2021, 10:52:01 am »
Колку пари е од зуцка? :)

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: Alfa Romeo Giulietta 1.4 Distinctive
« Одговори #67 на: 30 Август 2021, 11:01:30 am »
Таблиците нема да ги чачкам. Како што се така ќе си останат.

Колку пари е од зуцка? :)

Незнам. Нешто мереше, праеше и ми кажа цена. После тоа кога ја земав ми кажа дека нашол уште 2-3 ситни и ги средил и тие.

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4758
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Одг: Alfa Romeo Giulietta 1.4 Distinctive
« Одговори #68 на: 30 Август 2021, 11:10:36 am »
Колку пари е од зуцка? :)
Ќе кажам после, викендов едно Ауди Кватро ме почасти со зуцка. Не ми се мења по трет пат шофершајбна, мала е мислам дека може да се среди.


Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5546
Одг: Alfa Romeo Giulietta 1.4 Distinctive
« Одговори #69 на: 30 Август 2021, 11:16:26 am »
Нарачајте си во меѓувреме од алиекспрес китови за репарација, по два долари беа порано, јас сам си суредив две, со еден комплет можиш две ѕуцки да суредиш.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2211
Одг: Alfa Romeo Giulietta 1.4 Distinctive
« Одговори #70 на: 30 Август 2021, 11:26:05 am »
А цената на поправката е?

Не ми стана никогаш јасно зошто на форумов повеќе се преќутуваат/не се кажуваат цени отколку што се кажуваат. Може потпишувате NDA договор пред да одите на мајстор :)
Не бива ќе ве најде мајсторов за пишуваното на форумов и ќе ве утепа на спиење ако кажеме дека е скапо или не добро сработено.

Не зборам за сега, општ некој впечаток имам, да не се разбереме грешка.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: Alfa Romeo Giulietta 1.4 Distinctive
« Одговори #71 на: 30 Август 2021, 11:27:48 am »
Не е тајна. Тамам работа.
Не е нешто што се мери на кило па за сите ќе биди исто. Затоа мислам дека не е толку битно.

За моите 3-4 зуцки ми зеде 2500ден

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4758
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Одг: Alfa Romeo Giulietta 1.4 Distinctive
« Одговори #72 на: 30 Август 2021, 11:28:15 am »
Ги помешав брзините дека имам и шофершајбна за крпење....лол....чоеков бега у ЕУ можда ќе се врати некогаш, вика прати на ФБ страната ќе пишам. Прееска го добив конечно дечкото од Лисиче, попладне ќе видиме што ќе биде....ќе пишам на мојата тема секако со слики и CENNA.

Edit: Ако не сум ти ја пофалил Алфава до сега, ќе искористам прилика, убава е, што помалку да се гледате со Жаре! :P
« Последно менување: 30 Август 2021, 11:52:06 am Molec »


Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4995
Одг: Alfa Romeo Giulietta 1.4 Distinctive
« Одговори #73 на: 30 Август 2021, 11:32:06 am »
Нарачајте си во меѓувреме од алиекспрес китови за репарација, по два долари беа порано, јас сам си суредив две, со еден комплет можиш две ѕуцки да суредиш.
Daj link

Sent from my Redmi Note 9S using Tapatalk


Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5546
Одг: Alfa Romeo Giulietta 1.4 Distinctive
« Одговори #74 на: 30 Август 2021, 11:46:01 am »
@nikola_bb сеа побарав ама одамна беше не ми вади на апликација ништо од нарачки. Побарај windshield repair kit на али, еве го мојот кит брка работа. Дури мислам дека и повеќе пати можи да се искористи ако ти остани лепило, исти такви лепенки можиш од дуплофан некој да исечиш.


Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html