Автор Тема: CARclub Тест: 2021 Ford Puma 1.0 EcoBoost 125 Titanium  (Прочитано 6341 пати)

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
CARclub Тест: 2021 Ford Puma 1.0 EcoBoost 125 Titanium
« на: 17 Март 2021, 19:52:12 pm »

Добро изгледа, освен од позади, таму ми е малку изгубенка. Во друга боја е друго. Одлично вози, ама па тоа и не е никакво изненадување - ем е Ford, ем е на платформата на Fiesta. Overall, многу, многу добро пакетче.

1-литарскиот EcoBoost и понатаму е прекрасен.

https://www.carclub.mk/2021/03/17/test-ford-puma-1-0-ecoboost-125-titanium-puma-na-modernoto-vreme/

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8961
Одг: CARclub Тест: 2021 Ford Puma 1.0 EcoBoost 125 Titanium
« Одговори #1 на: 17 Март 2021, 21:03:05 pm »
Ubavo e, mene licno volanot ic ne mi pravi merak kako izgleda.
Neznam zoshto ne probale neshto vnatre da smenat vo cockpit, nekako epten mi izgleda zastareno vaka.

I da sekako da mozese za ovaa cena da se dobiva 1.5 motorot :)

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: CARclub Тест: 2021 Ford Puma 1.0 EcoBoost 125 Titanium
« Одговори #2 на: 17 Март 2021, 21:34:15 pm »
@zeroSignal тестирана во 2020 или 2021?

On the topic: Мех...
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен Ordevski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1640
Одг: CARclub Тест: 2021 Ford Puma 1.0 EcoBoost 125 Titanium
« Одговори #3 на: 17 Март 2021, 21:39:29 pm »
Прв пат ја видов во Солун лани точно пред почетокот на пандемијата во оваа сивкаста боја, со ст лајн опрема. Фантастична е во живо, јас бев воодушевен, ја постирав уште тогаш некаде на форумот сликата. Штета што цената е малку висока.

D-r Ordevski

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: CARclub Тест: 2021 Ford Puma 1.0 EcoBoost 125 Titanium
« Одговори #4 на: 17 Март 2021, 21:48:07 pm »
Реално предницата е тоа што е дискутабилно. Не одговара, не е доволно лута.

Другото е супер.

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: 2021 Ford Puma 1.0 EcoBoost 125 Titanium
« Одговори #5 на: 17 Март 2021, 22:11:12 pm »
@zeroSignal тестирана во 2020 или 2021?

On the topic: Мех...
2021, ама пуста навика. :)

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8621
  • Малерозен дрводарец
Одг: CARclub Тест: 2021 Ford Puma 1.0 EcoBoost 125 Titanium
« Одговори #6 на: 18 Март 2021, 00:29:49 am »
I like how you said "Маааааалку постарите".

А, како извадија ваква литража на гепек на толку мала должина?
Тесно е на задни седишта или е ок за просечен човек?
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен brm brm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2648
Одг: CARclub Тест: 2021 Ford Puma 1.0 EcoBoost 125 Titanium
« Одговори #7 на: 18 Март 2021, 01:09:53 am »
Пума секогаш ќе ме потсеќа на патики...  ;D

Иначе, не е лоша, ама од форд за тие пари (па дури и поефтина да е) секогаш би одбрал фокус.

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8621
  • Малерозен дрводарец
Одг: CARclub Тест: 2021 Ford Puma 1.0 EcoBoost 125 Titanium
« Одговори #8 на: 18 Март 2021, 01:34:10 am »
2 x Puma = 1 x Jaguar.

Choose your own spirit animal.
I'd pick the latter.

Хехехе, утепав со енглескиов за цела година. :)))

Ама, во право си.
Точно заради цените на крај сите (ќе) купуваме [____се_знае____]
Или ич или брич.
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: CARclub Тест: 2021 Ford Puma 1.0 EcoBoost 125 Titanium
« Одговори #9 на: 18 Март 2021, 08:01:11 am »
I like how you said "Маааааалку постарите".

А, како извадија ваква литража на гепек на толку мала должина?
Тесно е на задни седишта или е ок за просечен човек?
Литражата ја вадат во висина.

Кога денес би купувал кола, по димензии Пумава би била повеќе од достојна замена за Меганот 2, освен меѓуоскиното растојание.
Гарант има повеќе место на задни седишта.

Фактички поради тие моменти се бев загреал за Каптур. Ме одврати цената (речиси колку Меган 4), тропкањето на задните појаси и цената на гумите во тоа време.

Отсутен JDM4LIFE

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 333
Одг: CARclub Тест: 2021 Ford Puma 1.0 EcoBoost 125 Titanium
« Одговори #10 на: 18 Март 2021, 08:50:42 am »
23К за 3 цилиндри, мало морген Форд.
А фала богу и сите забегаа со цените во МК на нови возила.
Кога ќе се вратам назад дека цело Скопје беше со билборди за Голф за 15к а сега е 25 со 3 цилиндри а и фокус за 13К некако неможам да ја оправдам цената.
Во ред е со сите нови давачки од државата, со сите задолжителни безбедносни системи и други с....
Ама за 23к не би го возел.
Уште многу фурни леб треба да испече Форд за да бара цени како VW, Audi  или другите премиум брендови.
Ова е во контекст на муабетот во Ми-Да, другар купи Тucson, откако не разочара кугата стара, менаџерката на Форд се изјасни дека биле малку поскапи од другите брендови оти Форд веќе преминал во премиум брендови--- ROFL :D :D :D
Drifted....

I'm so JDM i sleep on the right side of the bed.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: CARclub Тест: 2021 Ford Puma 1.0 EcoBoost 125 Titanium
« Одговори #11 на: 18 Март 2021, 09:00:16 am »
Абе што толку ви се увртел во глава зборот премиум?

Признавам само кога ќе имаш да тртнеш 30/40 бона за 4/5 години стар премиум (ако веќе немаш за нов), другите споредби се депласирани.

Па уште сметале и 3 цилиндри, џоа на трки ќе се оди и испод 6 цилиндри џабе фрлени пари.

Отсутен JDM4LIFE

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 333
Одг: CARclub Тест: 2021 Ford Puma 1.0 EcoBoost 125 Titanium
« Одговори #12 на: 18 Март 2021, 09:17:37 am »
Абе што толку ви се увртел во глава зборот премиум?

Признавам само кога ќе имаш да тртнеш 30/40 бона за 4/5 години стар премиум (ако веќе немаш за нов), другите споредби се депласирани.

Па уште сметале и 3 цилиндри, џоа на трки ќе се оди и испод 6 цилиндри џабе фрлени пари.
[/quot

Буквализам читам во твојот коментар.
Муабетот за премиум е од нив, од Форд.

Лично за мене малку се трите цилиндри оти сум ги пробал, со 4 лица и багаж на плетвар во новиот Фокус.
За мене,  400нм ми бркаат работа.
Плус на овој мотор нема акциза како порано што се плаќаше над 1.6л, може и сега ја има немам проверено,  во тој контекст напишав дека е превисока цената.

Drifted....

I'm so JDM i sleep on the right side of the bed.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: CARclub Тест: 2021 Ford Puma 1.0 EcoBoost 125 Titanium
« Одговори #13 на: 18 Март 2021, 09:25:31 am »
Цитат
Уште многу фурни леб треба да испече Форд за да бара цени како VW, Audi  или другите премиум брендови

@JDM4LIFE Ако си заборавил што си напишал :)

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8961
Одг: CARclub Тест: 2021 Ford Puma 1.0 EcoBoost 125 Titanium
« Одговори #14 на: 18 Март 2021, 09:36:13 am »
A koga imalo 400Nm za 15k € novo vozilo?