Автор Тема: Audi A5 Sportback 3.0 TDI Quattro / B9  (Прочитано 58404 пати)

Присутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2055
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Audi A5 Sportback 3.0 TDI Quattro / B9
« Одговори #450 на: 28 Ноември 2023, 17:33:14 pm »
Господинот Саше , да даде коментар https://www.reezocar.com/en/occasion/annonce-audi-a5-RZCMOBDE380193147.html

Мене лично не ми се допаѓа и не би ја погледнал. Апсолутно ништо нема од опрема и е со најслаб мотор, ама ако на некој му е доволно тоа, Ок возило е.

Саше капарасана е во Дојчланд но не знам дали со сигурност ке ја зема другарче , ако сеуште не си ја продал твојата стави линк да те исконтактира дечково ке проследам
Фала.

Присутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2055
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Audi A5 Sportback 3.0 TDI Quattro / B9
« Одговори #451 на: 28 Ноември 2023, 17:39:34 pm »
Од како ја продадов А4-ката сакав да си земам возило во кое што компромисите ќе бидат минимални или непостоечки. Заради искуствата со досегашните коли, а и желбата за нешто ново, решив дека преден погон и мануенелен мењач се минато.
Од како пред 2 години искусив возење по снежен планински пат со 320XD заклучив дека 4Х4 е тоа што ми треба, исто така сакав да бидат 6 цилиндри па веќе конкретно знаев и што ми треба. При барање на возилото имаше неколку одлучувачки критериуми што мораше да се задоволуваат и затоа потрагата треше малце подолго, плус па и со ситуацијава со Короната и неколку лоши збиднувања малце се одолговлечи целава работа.

Како и да е, по подолга потрага и логистичка голгота подпогомната од @Luki Junior кој беше да ја види во живо и го даде конечниот збор, си купив Audi A5 Sportback 3.0 TDI V6, 272hp, 600NM со ZF8 70HP менувач во Scuba Blue Metallic боја произведено во 2017 година. Го сакав конкретно овој мотор и менувач и ништо друго не идеше во предвид. Заради тоа што во верзијата со 286кс имаат воведено построги еко норми па има забележителен лаг на старт и е малце чудна за возење низ град, барем така викаат по нетов, а 218кс верзијата сметам дека е слаба и иде со S-Tronic менувач кој е доста по нежен(а и несакав да се воведам во позиција да се најдам до некоја А5-ка и да сум поспор :D ). Исто така под Маст хев ми беше и адаптивниот темпомат и адаптивната суспензија.

Возилото го купив со 75000км од Ауди салон во Германија преку програмата Audi GW Plus која што гарантира дека возилото не е удрено, направен е сервис пред превземање и проверка во 110 точки како и следувањето на 12 месечна гаранција. Истото предтоа имало 1 сопственик и го најдов на страната audi.de во користени возила. Колата секако дека ја проверив и во Порше Македонија и се си е на место и во најдобар ред.

Во колата има многу дополнителна опрема и системи за активна и пасивна безбедност, па можно е да имам скокнато нешто додека набројувам. За жал како Ауди традиција, нема електрични седишта ама тоа е, заборавиле да штиклираат некое квадратче при порачувањето. Всушност тоа е и единственото нешто што сметам дека и фали на колата :)

Ова е опремата:
- Magnetic Ride, адаптивна спортска суспензија со подесување на модот на работа на амортизерите (ова беше најважно да го има)
- S-Line Exterior Package
- S-Line Interior Package
- Titanium Black Optic Package
- Gloss Black Mirrors
- 360 Паркинг Камера(4 паркинг камери)
- Спортски седишта од кожа и алкантара со S-Line лого на нив
- Масажа на Седишта (Мислев дека е глупост ама е фина работа)
- 19 Инчни Audi Sport фелни со 255/35/19 гуми
- Матрикс LED светла со динамични жмигавци напред и назад (Ме воодушевуваат сеуште)
- Панорамски Покрив кој што се отвара (И ова мислев дека е глупост ама е ептен фина работа, штета што јаде од просторот за глава ама се исплаќа)
- Црн тапацир на кровот
- Keyless Go со проширени функции (багажот се отвора со ногата и некој такви тракатанци)
- Virtual Cockpit
- MMI Навигација Плус
- Амбиентално осветлување во 30 бои.
- Акустични предни стакла и затемнети задни стакла
- Електрична кука за влечење
- Ауди смартфон интерфејс (Apple Carplay и Android Auto)
- Греење на воланот
- Греење на седишта
- Трозонска клима
- Webasto
- Audi Connect & Vehicle Control - контролирање на возилото преку смартфон. Заклучување и одклучување, отворање на стакла и кров, контролирање на вебасто, ГПС Лоцирање
- Аларм
- Audi Phone Box (безжично полнење на телефонот)
- Предни наслони за глава со проширени можности за подесување
- Задни странични аирбези
- Audi Sound System (Бас во резервното тркало + 10 звучници и појачало)
- DAB радио и можност за прикажување на видеа
- Фрејмлес ретровизор со самозатемнување и самозатемнување на страничните ретровизори.
- LTE Support for Phone Box (ставив картичка со 4G интернет и има Google мапи, временски прогнози и сл)
- Storage and Luggage Compartment Package
- Задна клупа деллива 40/20/40
Тур Асистент Пакет кој ги содржи следните системи
  + ACC - Адаптивен крус контрол
  + ТЈА - Трафик џем асистент, систем за самостојно возење во градски гужви до 65км/ч со целосно тргање и застанување како и вртење на воланот за возилото да остане помеѓу лента
  + ALA - Audi Лејн асист. После 65 на саат се уклучува овој систем наместо TJA и истиот го одржува возилото помеѓу ленти и заедно во комбинација со ACC работат како некој прост автопилот. На секој 15 секунди мора да се допре воланот, неможе да се остави сомостојно скроз.
  + Асистент за вртење налево, со помош на ултрасонични сензори напред доколку се уклучувам на пат и треба да пресечам лента, а системот утврди дека од лева страна иде возило може да го застане самостојно возилото. Истиот работи од 2 до 10км/ч
  + Систем за помош при маневри за избегнување на препрека. Овој систем работи преку торк стир.
  + Audi Pre Sense Front, самостојно предупредување за препрека пред возилото и кочење доколку е потребно. Работи до 250км/ч
  + Препознавање на знаци за огранчување на брзина
  + Предиктивен темпомат (лош превод) али у глобала може сам да го кочи возилото за патарини, сам да чита знаци и преку нив да го контролира темпоматот, на долниште некако моторот у лер го става и слично. За жал ова не работи во Македонија
- Сити асистент пакет со пакет за паркирање кој ги вклучува следните работи
  + ASA - Audi Side Assist, на внатрешна страна од ретровизорите јавува преку ламбиче доколку имам возило во мртов агол.
  + Audi Pre Sense Rear, го следи сообраќајот зад возилото и доколку има опасност од судар ги стега појасите, го затвора кровот....
  + Audi Rear Cross Traffic Allert - Доколку испаѓам од паркинг во рикверц преку ултрасоничните радари ме известува дали од некоја страна иде возило и доколку е потребно го кочи возилото.
  + Самостојно паркирање и одпаркирање на возилото од паркинг место.

Еве многу слики :D

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Чудовиште од возило , тешко дека ке се пронајде вакво нешто те замолувам сподели контакт ако ја продаваш да те исконтактира другарче.
Фала.

Отсутен Vwlover

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 579
Одг: Audi A5 Sportback 3.0 TDI Quattro / B9
« Одговори #452 на: 28 Ноември 2023, 17:52:33 pm »
Ја продава

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3470
Одг: Audi A5 Sportback 3.0 TDI Quattro / B9
« Одговори #453 на: 28 Ноември 2023, 18:22:36 pm »
Еве го огласот, ја уште му се чудам како му се дава за тие пари...
https://m.reklama5.mk/AdDetails?ad=4813278

Отсутен miksi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1405
Одг: Audi A5 Sportback 3.0 TDI Quattro / B9
« Одговори #454 на: 28 Ноември 2023, 18:41:22 pm »
Ама нема електрични седишта. Ништо не праиме...

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6841
  • French diamond
Одг: Audi A5 Sportback 3.0 TDI Quattro / B9
« Одговори #455 на: 28 Ноември 2023, 19:39:31 pm »
40 бона, кафе пари  ;D И да увезиш толку ќе фати, таман си е цената.

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3838
Одг: Audi A5 Sportback 3.0 TDI Quattro / B9
« Одговори #456 на: 29 Ноември 2023, 18:16:37 pm »
Еве го огласот, ја уште му се чудам како му се дава за тие пари...
https://m.reklama5.mk/AdDetails?ad=4813278

Како се заостри работава за продавање повеќе внимание посветив на процедурите за увоз на ново возило и висината давачки за истото и се повеќе и повеќе шокиран сум и не ми се продава, изгледа се повисока е бројкава на вработени во администрација секој месец :D
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7274
Одг: Audi A5 Sportback 3.0 TDI Quattro / B9
« Одговори #457 на: 09 Декември 2023, 00:31:03 am »
Еве го огласот, ја уште му се чудам како му се дава за тие пари...
https://m.reklama5.mk/AdDetails?ad=4813278

Нашиов народ на ваквите возила гледа со помислата, аха, 6 години старо возило, а 40.000Е, за тие пари, нова ке си купам. Кога ја продавав А4-ката, заради еден куп опрема и само 70,000км, бев поскап со скоро 4-5000Е од сите други огласи со А4-ки од таа година. Да не ти кажам колку луѓе ми се јавија да ми кажат, како тоа ти продаваш 7 години стара кола за 25,000Е, па за тие пари, нова ке си купам. Мислам, во ред, купи, што да ти кажам. На крај се најде лик кој ја разбра колата, и направивме договор. Така ке биде и со Саше, некој што знае што купува, ке си ја искешира. Само ова знае некогаш да потрае, баш заради ваквата перцепција на огласи.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2212
Одг: Audi A5 Sportback 3.0 TDI Quattro / B9
« Одговори #458 на: 09 Декември 2023, 01:33:52 am »
Штета што јас не можам да си ја дозволам, уште утре со Саше ќе гнетевме од Баже пити после нотар...

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3838
Одг: Audi A5 Sportback 3.0 TDI Quattro / B9
« Одговори #459 на: 09 Декември 2023, 08:34:34 am »
Не се брзам, секако возилото што сакав да го донесам нема да го донесам заради висината на царината кај нас, а секундарниот избор на возило не можам да го најдам во одговарачка боја и опрема на мобиле.де :D

Шала настрана, се јавуваат луѓе често но ми нудат само возила за замена кој потоа јас нема да можам да ги продадам за брзо и по Ок цена.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3838
Одг: Audi A5 Sportback 3.0 TDI Quattro / B9
« Одговори #460 на: 11 Декември 2023, 21:15:49 pm »
Возилото е продадено, може да се заклучи темава. Ептен ептен ептен ми се погоди комбинацијата на големина и мотор. Поминав скоро 70 000км со него и променети беа само филтри, масло, предни плочки и задни плочки и дискови, тоа е тоа.

Еве едно видео од 0 до 100 како за крај на темата :)

https://imgur.com/lQyxmn5
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54983
  • Махер
Одг: Audi A5 Sportback 3.0 TDI Quattro / B9
« Одговори #461 на: 11 Декември 2023, 21:25:26 pm »
Утре само класична музика да пуштате сите.

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3838
Одг: Audi A5 Sportback 3.0 TDI Quattro / B9
« Одговори #462 на: 11 Декември 2023, 22:17:54 pm »
Нема потреба, мал тб и возило со погон на една осовина не се зима во никој случај 😁
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Присутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1833
Одг: Audi A5 Sportback 3.0 TDI Quattro / B9
« Одговори #463 на: 11 Декември 2023, 22:22:41 pm »
Нека е за убаво за арно, во живо беше појава ипол во кој град ке се тркала сега

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Audi A5 Sportback 3.0 TDI Quattro / B9
« Одговори #464 на: 11 Декември 2023, 22:44:37 pm »
Нема потреба, мал тб и возило со погон на една осовина не се зима во никој случај 😁

Лада нива или Сканија?
 ;D
Никогаш не вели никогаш.