Би сакал Макс да ја освои титулата годинава, АМА за денешниот инцидент е 100% крив, се залета во шиканата без кочење, по цена и да се зачука во Хамилтон, што и го направи. Не им се Хамилтон, Мерцедес и ФИА криви на Ред Бул што Макс остана во бокс цели 11 и кусур секунди. Малку му е казната од 3 места. Карактерот на Макс му се виде кога излезе од болидот без да погледне дали Хамилтон е повреден, чисто онака колегијално да дојде до него. Пак ќе кажам, сакам ред Бул да направат нешто годинава ама ова не е начин, Мерцедес денеска беше без конкуренција во Монца, Ботас е жив доказ.