Ок клабери, потврдено и исфлаширано за сите. Кај мене е ракијата. Ако имате некој пред 9ти Март, нека помине од Кавадарци да ја земе.
Ако не јас доаѓам на 9ти март во Скопје и ќе се договориме на едно место да си ја земете сите.
@Molec Ти беше од Велес ако не се лажам?
Потврди и остави ми број телефон во пп. Ќе ја добиеш ракијата во текот на следната недела во работен ден.
@savage Кажи ми од каде си?
Оставете сите телефонски броеви во пп, да си имам.
Денес дегустиран препекот направен пред неколку години, кој очекувам да биде готов некаде доцна летото. Според мене фантастичен!
Ја нема сеуште посакуваната боја и смиреност, но пошто јас го почитувам природните своиства на ракијата, за мене е фантастичен.
Кога ќе биде готов според вашите критериуми, ќе бидете благовремено известени.
Спремам нешто ново веќе некое време, нешто што ќе биде добро, со средна старост и средна цена. Ќе бидете информирани кога ќе дојде време.
Некоја слика како спакував за мене во 0.7л стакло. Многу ја личи. Ќе направам етикета во мал број. Јас за мене имам помалку од некој од вас што ќе добие, но мерак ми е да ја споделам со вас.
За жал тоа нема да го пијам, ќе се чува за Специјална пригода, некоја свадба, веридба каде шишето ќе се цепе од ѕид
Значи, за мене нема ни голтка повеќе од ова
На есен ќе се прави вино. Вино каде ќе се држам до што е можно по природна процедура. Неолеснето вино со полни ароми, не како што прават винариите база смедеревка па мешано со совињон бланк и да нудам совињон бланк. Или база кратошија-вранец па додавам Мерлот и нудам Мерлот
Планирани бели сорти се Ризлинг, Шардоне, Р'кацители.
Црни сорти, Мерлот, можеби и Кабернет совињон.
Поздрав клабери.