Бидејќи Корсата заврши неславно, бев приморан да си купам некакво возило кое ќе ме вози од А до Б имајќи ограничен буџет од 2000EUR.
Изборот падна на Ford Mondeo MK3 произведено 2002 година 1.8 16V бензинец мотор со моќност од 92kW или 125 коњски сили со вграден плински уред Lovato. Го купив за сума помала од планираниот буџет, со останатот дел го сервисирав, купив по некој дел, го потсредив и си платив регистрација и осигурување.
Го купив пред 2 месеци со 253.500km, сега веќе има 257.000km. Возилото беше прилично забаталено, си бараше комплет детално чистење и љубов. Ентериерот е прилично сочуван со оглед на годините и километражата, нема скинат или оштетен текстил, но беше одвратно гнасен.
Од опрема има:
ABS
Airbag x 4
Електрични прозори (предни/задни)
Електрични ретровизори
Висинско и длабинско подесување на волан
Автоматска клима
Кровен модул со простор за наочари
Далечинско централно отклучување/заклучување и отварање на багажник
Сликите се направени после недела дена детално чистење и ставени нови раткапни:
Слика од денот кога ја купив:
Еве отприлика која беше состојбата со ентериерот (од лево совозачко седиште пред чистење, десно возачко после чистење - возачкото беше значително погнасно)
Од купувањето на возилото направени следните работи на него:
- Мал сервис на мотор (уље, филтри воздух, уље, полен) - 3200 денари
- Сервис на плин (филтри, замена на црева) - 4200 денари
- Променети јабучици - 2200 денари (1400 ден. делови и 800 ден. работна рака)
- Променети комплет задни штопови - 2000 денари (левиот беше скршен)
- Задни стабилизатори - 2000 денари (1700 ден. делови и 300 ден. работна рака)
- Нови раткапни - поклон (чинат околу 1000 ден.)
- Купен посочуван волан - 1000 денари со се airbag (јас го сменив)
- Хемиско чистење - 0 ден. (со помош од другар, во домашни услови)
- Поправен сензорот за притисок на уље - 0 ден. (јас го поправив)
- Поправено копчето за багажник на клуч - 0 ден.
- Сменети сите сијалички на шалтабла - 100 ден. (јас ги сменив)
- Додадено реле да се гаси бензиската пумпа кога ќе смени на плин - 0 ден. (јас го правев)
- Променето радиото со касети со радио со CD/MP3 и додаден модул за Bluetooth - радиото ми е поклон, модулот го имав од Корсата - 0 ден. (јас го вградив)
- Ставени теписонски (оргинал Opel) и гумени патосници Gledring од старата Astra H која ја имавме, пасираат одлично
- Ставени кровни носачи од старата Astra H, привремено извадени за зимава. Кога ќе треба на пролет да се носат штафни за на викендица, ги враќам пак.
Планови за возилото:
- Промена на регулатор за притисок на гориво во fuel rail (моча гориво, ја ремети смесата - се намали мочањето откако го додадов релето за гасење на бензиската пумпа) - околу 2000 денари од eBay
- Мерење на амортизери, ако не ги бива ќе ги сменам нив и уште некој дел од заден трап (има некој звук од позади)
- Промена на Дихтунг на капак за вентили (тече уље)
- Фарбање на двата браници (утепани се, изгребани од сите страни)
- Полирање на предните фарови
- Уште едно хемиско на пролет за да излезат некои флеки кои ги пропуштив
- Поправка на рачната кочница (можеби се сајлите, можеби е самата рачна и механизмот - не фаќа доволно)
- Поправка на прекинувачот за отварање на багажникот (почна да зеза на ладново)
- Проверка и поправка на системот за отклучување/заклучување (задната врата се заклучува само со dead lock - со притискање на копчето за заклучување два пати)
- Можеби вградување на темпомат доколку ги најдам останатите делови за ефтини пари, airbag со команди имам вишок
- На пролет купување нови летни гуми и бандажи
- Центрирање
- Промена на лента за конатктите од airbag-от во волан (при вртење до крај најчесто при паркирање знае да светне airbag сијаличка)
- Промена на папучи на педали (од кумплунгот е отидена гумата)
- Промена на шалтер за менувач и кожа (прилично истрошени)
- Продажба на возилото за година/две кога ќе соберам пари за поново возило
Слика од воланот кој го сменив (пред промена)
Слика од променет волан и сијалички на километража:
Генерално сум задоволен од возилото, вожњата е комотна, кабината е прилично тивка, моторот е таман - работи мирно и тивко во лер, багажникот е просторен. Климата лади одлично, парното грее одлично. Нема крцкања од ентериерот. Сепак е стар Форд и си има викенд проектчиња на него.
Задоволен сум и од потрошувачката, градска се движи околу 10-11L, комбинирана 9L, додека отворено во зависност од релацијата и ногата 7-8L плин.