Автор Тема: Ford Mondeo MK3 1.8 16V 2002  (Прочитано 12472 пати)

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1914
Ford Mondeo MK3 1.8 16V 2002
« на: 15 Ноември 2020, 23:10:53 pm »
Бидејќи Корсата заврши неславно, бев приморан да си купам некакво возило кое ќе ме вози од А до Б имајќи ограничен буџет од 2000EUR.

Изборот падна на Ford Mondeo MK3 произведено 2002 година 1.8 16V бензинец мотор со моќност од 92kW или 125 коњски сили со вграден плински уред Lovato. Го купив за сума помала од планираниот буџет, со останатот дел го сервисирав, купив по некој дел, го потсредив и си платив регистрација и осигурување.
Го купив пред 2 месеци со 253.500km, сега веќе има 257.000km. Возилото беше прилично забаталено, си бараше комплет детално чистење и љубов. Ентериерот е прилично сочуван со оглед на годините и километражата, нема скинат или оштетен текстил, но беше одвратно гнасен.

Од опрема има:
ABS
Airbag x 4
Електрични прозори (предни/задни)
Електрични ретровизори
Висинско и длабинско подесување на волан
Автоматска клима
Кровен модул со простор за наочари  8)
Далечинско централно отклучување/заклучување и отварање на багажник

Сликите се направени после недела дена детално чистење и ставени нови раткапни:







Слика од денот кога ја купив:


Еве отприлика која беше состојбата со ентериерот (од лево совозачко седиште пред чистење, десно возачко после чистење - возачкото беше значително погнасно)


Од купувањето на возилото направени следните работи на него:
 - Мал сервис на мотор (уље, филтри воздух, уље, полен) - 3200 денари
 - Сервис на плин (филтри, замена на црева) - 4200 денари
 - Променети јабучици - 2200 денари (1400 ден. делови и 800 ден. работна рака)
 - Променети комплет задни штопови - 2000 денари (левиот беше скршен)
 - Задни стабилизатори - 2000 денари (1700 ден. делови и 300 ден. работна рака)
 - Нови раткапни - поклон (чинат околу 1000 ден.)
 - Купен посочуван волан - 1000 денари со се airbag (јас го сменив)
 - Хемиско чистење - 0 ден. (со помош од другар, во домашни услови)
 - Поправен сензорот за притисок на уље - 0 ден. (јас го поправив)
 - Поправено копчето за багажник на клуч - 0 ден.
 - Сменети сите сијалички на шалтабла - 100 ден. (јас ги сменив)
 - Додадено реле да се гаси бензиската пумпа кога ќе смени на плин - 0 ден. (јас го правев)
 - Променето радиото со касети со радио со CD/MP3 и додаден модул за Bluetooth - радиото ми е поклон, модулот го имав од Корсата - 0 ден. (јас го вградив)
 - Ставени теписонски (оргинал Opel) и гумени патосници Gledring од старата Astra H која ја имавме, пасираат одлично ;D
 - Ставени кровни носачи од старата Astra H, привремено извадени за зимава. Кога ќе треба на пролет да се носат штафни за на викендица, ги враќам пак.

Планови за возилото:

 - Промена на регулатор за притисок на гориво во fuel rail (моча гориво, ја ремети смесата - се намали мочањето откако го додадов релето за гасење на бензиската пумпа) - околу 2000 денари од eBay
 - Мерење на амортизери, ако не ги бива ќе ги сменам нив и уште некој дел од заден трап (има некој звук од позади)
 - Промена на Дихтунг на капак за вентили (тече уље)
 - Фарбање на двата браници (утепани се, изгребани од сите страни)
 - Полирање на предните фарови
 - Уште едно хемиско на пролет за да излезат некои флеки кои ги пропуштив
 - Поправка на рачната кочница (можеби се сајлите, можеби е самата рачна и механизмот - не фаќа доволно)
 - Поправка на прекинувачот за отварање на багажникот (почна да зеза на ладново)
 - Проверка и поправка на системот за отклучување/заклучување (задната врата се заклучува само со dead lock - со притискање на копчето за заклучување два пати)
 - Можеби вградување на темпомат доколку ги најдам останатите делови за ефтини пари, airbag со команди имам вишок
 - На пролет купување нови летни гуми и бандажи
 - Центрирање
 - Промена на лента за конатктите од airbag-от во волан (при вртење до крај најчесто при паркирање знае да светне airbag сијаличка)
 - Промена на папучи на педали (од кумплунгот е отидена гумата)
 - Промена на шалтер за менувач и кожа (прилично истрошени)
 - Продажба на возилото за година/две кога ќе соберам пари за поново возило  ;D
 
Слика од воланот кој го сменив (пред промена)


Слика од променет волан и сијалички на километража:



Генерално сум задоволен од возилото, вожњата е комотна, кабината е прилично тивка, моторот е таман - работи мирно и тивко во лер, багажникот е просторен. Климата лади одлично, парното грее одлично. Нема крцкања од ентериерот. Сепак е стар Форд и си има викенд проектчиња на него.

Задоволен сум и од потрошувачката, градска се движи околу 10-11L, комбинирана 9L, додека отворено во зависност од релацијата и ногата 7-8L плин.
« Последно менување: 15 Ноември 2020, 23:17:26 pm DimitarMK »

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7062
  • хаУс мајстор
Одг: Ford Mondeo MK3 1.8 16V 2002
« Одговори #1 на: 15 Ноември 2020, 23:24:33 pm »
Секоја ти чест за трудот и посветеноста.
Што побрзо да си купиш поново!

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5653
Одг: Ford Mondeo MK3 1.8 16V 2002
« Одговори #2 на: 15 Ноември 2020, 23:51:57 pm »
Vakov ford prijatelce dobi na poklon od sestramu od dojcland. Mu go dade dzabe u stilu eve ti kola frli toa ibizata od 93g.
Prijatelcevo slatko mu se iznavoze vika prekrasno auto dosta komotno i skoro so nikakvi gluposti za servisiranje dodeka go imase nekoj dobro 10god. Kade go dade pojma neam bidejki povtorno sestramu go iznenadi so drugo auto :)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Ford Mondeo MK3 1.8 16V 2002
« Одговори #3 на: 16 Ноември 2020, 01:37:31 am »
А шо и се деси на Ќорсата?

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1914
Одг: Ford Mondeo MK3 1.8 16V 2002
« Одговори #4 на: 16 Ноември 2020, 08:34:24 am »
Настрада во сообраќајка и ја продадовме.

Отсутен Dule_

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3015
Одг: Ford Mondeo MK3 1.8 16V 2002
« Одговори #5 на: 16 Ноември 2020, 09:04:22 am »
Со здравје да се вози Диме, многу безгрижни километри да поминеш.

Sent from my MI 6 using Tapatalk


Отсутен Auto

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 519
Одг: Ford Mondeo MK3 1.8 16V 2002
« Одговори #6 на: 16 Ноември 2020, 09:17:28 am »
Со здравје да се вози!

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54983
  • Махер
Одг: Ford Mondeo MK3 1.8 16V 2002
« Одговори #7 на: 16 Ноември 2020, 09:27:34 am »
Прекрасен избор, само не заборавај да ги промениш патосниците со теписонски овие цело време ќе прават колата да личи прљава внатре.

Присутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13915
Одг: Ford Mondeo MK3 1.8 16V 2002
« Одговори #8 на: 16 Ноември 2020, 15:16:46 pm »
Настрада во сообраќајка и ја продадовме.

Аман бе друже? O_O

Ајде...кола се менува.

Сеа оваа да ја направиш со електроники еј :D Кој ко тебе.

Бандафче сеа едно спуштање...си знаеш :))))

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1914
Одг: Ford Mondeo MK3 1.8 16V 2002
« Одговори #9 на: 16 Ноември 2020, 20:33:35 pm »
Настрада во сообраќајка и ја продадовме.

Аман бе друже? O_O

Ајде...кола се менува.

Сеа оваа да ја направиш со електроники еј :D Кој ко тебе.

Бандафче сеа едно спуштање...си знаеш :))))

Не беше многу страшно, но економски неисплатливо за поправка - искривени носачи, пукнати ербези, хладњак, црева, хауба, крила, фарови... Важно освен материјална штета, без никакви повреди на учесниците.

За ова возило ги пишав плановите, немам баш време за многу експерименти со електрониките, освен да поправам и се да функционира како што треба. Можда едино дигитална километража. ;D

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1914
Одг: Ford Mondeo MK3 1.8 16V 2002
« Одговори #10 на: 16 Ноември 2020, 20:35:58 pm »
Прекрасен избор, само не заборавај да ги промениш патосниците со теписонски овие цело време ќе прават колата да личи прљава внатре.

Имам под овие добри теписонски оргинал Опелови, но штознам навикат сум зимскиот период да имам гумени. Ќе пробам без нив ајде, можеби ќе променам навики..

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5854
Одг: Ford Mondeo MK3 1.8 16V 2002
« Одговори #11 на: 16 Ноември 2020, 20:48:14 pm »
Супер возило за малку пари,фордовите во кабина се квалитетно изработени.
Со здравје да ја возеш 😁

Sent from my VTR-L09 using Tapatalk


Отсутен miksi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1405
Одг: Ford Mondeo MK3 1.8 16V 2002
« Одговори #12 на: 17 Ноември 2020, 08:47:49 am »
Каде најде зелени сијалички за шалтабла?

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5653
Одг: Ford Mondeo MK3 1.8 16V 2002
« Одговори #13 на: 17 Ноември 2020, 13:19:55 pm »
Каде најде зелени сијалички за шалтабла?
Naracaj si od aliexpres jas za puntoto zemav zeleni diodi 10 komada nislam 2.20 eura deka bea i toa onie so 3 diodi canbus. Svetat kako reflektor vnatre.
€ 2,35  25%OFF | 10pcs T5 Super Bright 3030 Chip LED 3SMD W3W W1.2W 70 73 74 79 85 LED Wedge Dashboard Gauge Lamp Auto Indicator Wedge Light  12V
https://a.aliexpress.com/_mNFBacd

Отсутен packetloss99

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 71
Одг: Ford Mondeo MK3 1.8 16V 2002
« Одговори #14 на: 18 Ноември 2020, 13:04:38 pm »
So zdravje da si go vozis, ova e mojata prva ljubov(prva kola so si ja kupiv sam). Mondeoto ima odlicna voznja, jas bev prezadovole iako me ostavi 2 pati na cedilo.

Mojata bese 2001 ali dizel, 2.0 TDDi, ja kupiv so 250 000 ja prodadov so 350 000, ali mnogu pozacuvana ja prodadov. Imav problemi so klimata(presostat) za koj nieden majstor ne mi se nafati da go prai, go servisirav alnaserot, isto i so racnata kako so objasnuvas imav problem, najverojatno se shepite oslabeni i ke treba da se repariraat.

Ako mozes oddeli 60 evra plus, stavi si avtonavlaki po merka od Samad, koga gi staiv jas na moeto kako nova kola bese :)

Neka te sluzi i mnogu srekni kilometri